concrete
alte Esel
Бруто домашниот производ на Македонија годинава ќе падне за 0,3 насто, а догодина ќе забележи растеж од 1,5 проценти.
Ова се наведува во пролетната економска прогноза на Европската комисија, објавена денеска во Брисел.
Европската комисија изразува загриженост во врска со високата стапка на невработеност која годинава ќе се искачи на 35 насто, а во 2010 ќе се зголеми за процент. Особено се истакнува дека стапката на невработеност кај младите изнесува 54 проценти.
Според прогнозите извозот годинава ќе падне за 14 насто, а увозот за 9,1 проценти, но во 2010 и извозот и увозот ќе забележат растеж и тоа за 2,5, односно 5,6 насто.
Стапката на инфлација годинава ќе биде 0,8 насто, а догодина ќе се искачи на 1,7 проценти, додека дефицитот на тековната сметка во 2009 ќе изнесува 23,2 насто од БДП, а во 2010 25,4 проценти од БДП.
Европската комисија смета дека приходите во буџетот ќе бидат намалени за 15 насто годинава, а буџетскиот дефицит ќе се искачи на 3,5 насто годинава.
ЕК во пролетната економска прогноза оценува дека од клучно значење е одржување на здрава фискална политика и добро владеење.
Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
ako onie precenti procenti se pomnozat edno 2,5-3 pati bi bile mnogu porealni...
