Владата ја убива економијата

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Бруто домашниот производ на Македонија годинава ќе падне за 0,3 насто, а догодина ќе забележи растеж од 1,5 проценти.

Ова се наведува во пролетната економска прогноза на Европската комисија, објавена денеска во Брисел.

Европската комисија изразува загриженост во врска со високата стапка на невработеност која годинава ќе се искачи на 35 насто, а во 2010 ќе се зголеми за процент. Особено се истакнува дека стапката на невработеност кај младите изнесува 54 проценти.

Според прогнозите извозот годинава ќе падне за 14 насто, а увозот за 9,1 проценти, но во 2010 и извозот и увозот ќе забележат растеж и тоа за 2,5, односно 5,6 насто.

Стапката на инфлација годинава ќе биде 0,8 насто, а догодина ќе се искачи на 1,7 проценти, додека дефицитот на тековната сметка во 2009 ќе изнесува 23,2 насто од БДП, а во 2010 25,4 проценти од БДП.

Европската комисија смета дека приходите во буџетот ќе бидат намалени за 15 насто годинава, а буџетскиот дефицит ќе се искачи на 3,5 насто годинава.

ЕК во пролетната економска прогноза оценува дека од клучно значење е одржување на здрава фискална политика и добро владеење.

Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
ako onie precenti procenti se pomnozat edno 2,5-3 pati bi bile mnogu porealni...:)
 
M

marsovka

Гостин
Намален кредитниот рејтинг
Намалувањето на рејтингот на земјата нема да влијае врз намерите на инвеститорите бидејќи тој се однесува на способноста на земјата да си ги сервисира долговите. Оваа година Македонија треба да исплати 96 милиони евра по таа основа, што е мала сума. Ова е оценката на министерот за финансии Трајко Славески откако агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на земјава и изрази загриженост од влошување на надворешната ликвидност, што би можело да доведе до напуштање на фиксниот курс.Според него, „Стандард и пурс“ ги намалува оценките за сите земји, што е логично во услови на криза.

Аналитичарот на „Стандард и Пурс“, Каи Штукенброк, посочува дека големиот дефицит на тековната сметка и намалувањето на надворешно финансирање се заканува значително да ги намали државните резерви на земјава.

- Фиксниот курс на денарот кон еврото би можел да биде поткопан, а присиленото обезвреднување на домашната валута лошо ќе се одрази врз економијата - вели тој.Министерот Славески тврди дека нема да се намали вредноста на денарот.

- Високите каматни стапки, политиката што ја води НБРМ, нема да дозволат девалвација на денарот. Ниту Владата ниту централната банка не сметаат дека девалвацијата е нужна - вели Славески.

Штукенброк не ја исклучи можноста „Стандард и Пурс“ дополнително да го намали кредитниот рејтинг на Македонија, ако индикаторите за надворешна ликвидност и девизните резерви се влошат.„Стандард и Пурс“ го намали „долгорочниот рејтинг во странска валута“ од ББ+ на ББ, додека „долгорочниот рејтинг во домашна валута“ е намален на ББ+ од БББ- со негативен изглед. Агенцијата исто така го ревидира и рејтингот за наплата на побарувањата на македонскиот надворешен долг на 3 од 2.




http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C21E0CB0AD38414DAEAB72C3592D1494

Најнови вести
Ни го намалуваат кредитниот рејтинг леандра те молам кажи ми со прости зборови што значи ова у уште колку ова ќе не догура до гомна
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најнови вести
Ни го намалуваат кредитниот рејтинг леандра те молам кажи ми со прости зборови што значи ова у уште колку ова ќе не догура до гомна
На 9тата страна напишав анализа што значи намалувањето на рејтингот на Македонија.Прочитај ја и ако сакаш ќе дообјаснам нешто ако има прашање плус:back:

Во врска со изјавата на министерот во врска со намалувањето на рејтингот,немам коментар,едноставно сум запрепастена колку ладнокрво се збори она што сака да го слушне народот:jaj:
Утрово го слушнав она од Игор,дефицит од 23,2 ми остана во глава,уште ми зујат ушите:)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Намален кредитниот рејтинг
Намалувањето на рејтингот на земјата нема да влијае врз намерите на инвеститорите бидејќи тој се однесува на способноста на земјата да си ги сервисира долговите. Оваа година Македонија треба да исплати 96 милиони евра по таа основа, што е мала сума. Ова е оценката на министерот за финансии Трајко Славески откако агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на земјава и изрази загриженост од влошување на надворешната ликвидност, што би можело да доведе до напуштање на фиксниот курс.Според него, „Стандард и пурс“ ги намалува оценките за сите земји, што е логично во услови на криза.

Аналитичарот на „Стандард и Пурс“, Каи Штукенброк, посочува дека големиот дефицит на тековната сметка и намалувањето на надворешно финансирање се заканува значително да ги намали државните резерви на земјава.

- Фиксниот курс на денарот кон еврото би можел да биде поткопан, а присиленото обезвреднување на домашната валута лошо ќе се одрази врз економијата - вели тој.Министерот Славески тврди дека нема да се намали вредноста на денарот.

- Високите каматни стапки, политиката што ја води НБРМ, нема да дозволат девалвација на денарот. Ниту Владата ниту централната банка не сметаат дека девалвацијата е нужна - вели Славески.

Штукенброк не ја исклучи можноста „Стандард и Пурс“ дополнително да го намали кредитниот рејтинг на Македонија, ако индикаторите за надворешна ликвидност и девизните резерви се влошат.„Стандард и Пурс“ го намали „долгорочниот рејтинг во странска валута“ од ББ+ на ББ, додека „долгорочниот рејтинг во домашна валута“ е намален на ББ+ од БББ- со негативен изглед. Агенцијата исто така го ревидира и рејтингот за наплата на побарувањата на македонскиот надворешен долг на 3 од 2.




http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C21E0CB0AD38414DAEAB72C3592D1494

Најнови вести
Ни го намалуваат кредитниот рејтинг леандра те молам кажи ми со прости зборови што значи ова у уште колку ова ќе не догура до гомна
ич...веќе сме догурани и закопани....сега ко добри стари словени...дишеме на цевче.....коа ќе почне тоа да се полни...е тогаш ќе цицаме од тоа.........опкружувањето..:)

генерално ништо бе.... некој само си ја заработува платата...и пишува писанија во „Стандард и Пурс“ .....да знаеја навистина што се случува ........кај ли ќе беше светот.....
но тоа воопшто не не вади од геризот...., а секој гериз...своја длабочина.....и секој сам се вади..или се дави...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Видете ја оваа изјава,видете како во загрозена ситуација се станува жртва пред народот,читајте и плачете:

04.05.2009 16:42
Славевски: Владата и натаму ќе ја штити макроекономската стабилност
Владата ќе склучи аранжман со Меѓународниот монетарен фонд доколку економијата се соочи со опасност од девалвација на денарот.
Ова денеска го изјави министерот за финансии Славевски, посочувајќи „Владата и натаму ќе ја штити макроекономската стабилност, доколку ситуацијата се влоши ќе преминеме и на други мерки, како што е и поддршка од ММФ.“
Според Славевски, ситуацијата во земјава е стабилна. Девалвацијата сепак останува како последен потег на фискалната власт, но во моментов, причина за такво нешто нема, велат од Министерството за финансии. Девизните резерви се во добра кондиција и можат да го бранат курсот на денарот.
Министерството не очекува дека влошениот кредитен рејтинг на Македонија ќе ја наруши преговарачката позиција за задолжување од странство. Евро обврзницата останува главниот модел.
По Народната банка, денеска и Европската комисија прогнозираше дека негативен економски раст за Македонија, Владата проектираше раст од 1% - корекција на овие владини бројки засега не се најавува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Најверојатно имаат нешто со ММФ, штом се тука кај нас (за некој ден-оваа недела). Можи само глумат дека немаат. Или пак ММФ сака да опипа ситуација од поблиску. Важно соработка во пониските ешалони си има како и порано.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
lendra nikola popovski za minister na finansii spas a aaa aaa
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Што незгодна болест била катарактата...ептен го замаглува погледот
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Што незгодна болест била катарактата...ептен го замаглува погледот
не ќе да е до катаракта.....како слушам, се работи за масовна појава на МАЗНА МОЗОЧНА КОРА... :) интересна некоја генетска мутација на овие простори....последниве 20-25 години...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тодоре качи се еден спрат погоре:)

Што ќе се случи ако издадат еврообврзница со над 10% каматна стапка,ги потрошат парите и почнат да плачат кај ММФ?Што одговор ќе дадат тогаш,верувам нема да биде,сдсм се криви:pos2:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Тодоре качи се еден спрат погоре:)

Што ќе се случи ако издадат еврообврзница со над 10% каматна стапка,ги потрошат парите и почнат да плачат кај ММФ?Што одговор ќе дадат тогаш,верувам нема да биде,сдсм се криви:pos2:
Последните бројки што ги дадоа они се дека е можно задолжување и од 200 милиони.
Значи над 20 милиони долари годишно камата. А ако оди преку ММФ може и пола од тоа.

Така да 10 милиони и не се многу плус да се дадат.

Фала богу да ја средат администрацијата целиот долг може да го исплатат за една година ама тешко тоа да го видиме.
 
M

marsovka

Гостин
Тодоре качи се еден спрат погоре:)

Што ќе се случи ако издадат еврообврзница со над 10% каматна стапка,ги потрошат парите и почнат да плачат кај ММФ?Што одговор ќе дадат тогаш,верувам нема да биде,сдсм се криви:pos2:
сус ма не збори така против владата после ќе ти лепнат етикета сдсм ,па ќе те спалат на плоштад:pos2:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
сус ма не збори така против владата после ќе ти лепнат етикета сдсм ,па ќе те спалат на плоштад:pos2:
Веќе ме напишаа во црниот список:icon_lol:Замисли да ја отворам статистиката од времето на сдсм,па по продавниците палома ќе снема од што ќе плачеме сите :pos2: Приватизации,инфлации со неколку нули,грабежи,санации,долгови и слично.
Јас сум вечна опозиција,кој сака нека дојде на власт:smir:
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
mozam samo da kazam
tikvi so rasol
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
mozam samo da kazam
tikvi so rasol
кој тоа??? , вечните опозиционери, политиката на владата, глупите овци....вмровски, сдсмовцки и останати...внатрешните или надворешните непријатели...:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom