Од толку реченици,толку глупости немам исчитано досега
Ајде ќе почнам да цртам сега,бидејќи ми продаваш демагогии:
Да, оди надолу се додека не сватат дека приходите не се онака како што планирале. И тогаш се прави РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ . Ако не знаеш секоја година од нашето осамостојување досега се правел ребаланс на буџетот. Со ребаланс на буџетот Владата решава што ке прави( намали расходи, зголеми приходи преку даноци, задолжување итн). Во конкретниов случај Владата реши да ги намали расходите.
Она што ти е болдирано„ребаланс на буџет“ го разгледа за оваа година?Има таму мерка замрзнување на плати и стоп за вработувања.Има раст од 1% на економијата,НБРМ излезе со предвидувања од - 0,4%.Не ми е муабетот дали да се прави или не ребаланс,туку како ќе го направиш.И овој ќе треба да го ребалансираат
Ги знам дефинициите,те молам не ми бладај на секое,после срч гугл.
Monti Pajton напиша:
Што сакаш да кажеш? Дека ние како држава со овие ``луксузи`` драстично се задолжуваме и потоа некои други генерации ке треба да го плакаат тоа што денес ние го трошиме?
Те советувам да го посетиш сајтот на министерството за финансии за да видиш како се движат долговите што ги има државава.
ДА.
Те советувам да го избегнуваш сајтот на министерство за финансии,лошо делува.
Monti Pajton напиша:
Смешки. Од каде таа идеа дека ги користеле државните записи за хронични проблеми? Хронични проблеми во Македонија се високата невработеност, дефицитот на тековната сметка, малиот број на инвестиции итн. Со 10 милиони евра колку што зема владата од издавање на записите не можат ни да влијаат на тие проблеми, а камо ли да се решат.
Треба да сватиш дека 10-15 милиони се ништо кога се работи за држава. Буџетот на РМ е 2 800 000 000 евра. Платите на администрацијата се 400 000 000 евра. Така да со 10 000 000 евра што ке ги приберат од записите не можат ни К-15 да им дадат на вработените.
А знаеш ли дека се тоа спаѓа во макроекономија или не?Знаеш ли што е дефицит на тековна сметка?Треба да сфатиш дека немаме од каде да ги покриеме тие записи,дека немаме средства,пари,како сакаш да ти објаснам.Дека немаме нафта,злато,курви по улица.Појасна ли сум?
Земи ја твојата плата како пример.Давај цело време бончиња,а за тоа плаќај камата.До кога ќе издржиш?Нема да влезеш во минус некоја плата?Што ќе добиеш?
Monti Pajton напиша:
Високи каматни стапки?
Спореди ги овие каматни стапки сега( се движат од 8 до 9%) и оние во 2004 и 2005( се движеа од 10 до 11%) и потоа почни да судиш. Плус земи си во предвид дека денес имаме економска криза во која што ретко кој се откажува од ликвидни средства.
Човече кои каматни стапки си ги гледал?Еве сам спореди си ги,господе боже:
• 15.90% годишно Стопанска Банка (потрошувачки кредит)
- 14% Комерцијална Банка
- 18,9% годишна камата Тутунска
Кај помалите се поголеми!
Еве ти извештај за 2005 од НБРМ,дали знаеш воопшто како беше економијта тогаш или напамет зборуваш?Читај добро!:
Во првото полугодие од 2005 година монетарната политика на НБРМ се спроведуваше во амбиент на зголемена економска активност, дисциплинирана буџетска потрошувачка и поволни движења во екстерниот сектор. Остварен е реален пораст на БДП од 3,7% и намалување на дефицитот на тековната сметка од платниот биланс за 58,8% во однос на истиот период од претходната година. Народна банка на Република Македонија ја одржа ценовната стабилност, бидејќи при поволни движења на девизниот пазар и стабилен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото остварена е просечна стапка на инфлација од 0,2%. Во првата половина од 2005 година регистриран е пораст на вкупниот депозитен потенцијал на банките од 29,4% на годишна основа, што претставува индикатор за натамошно јакнење на довербата во банкарскиот систем. Воедно, регистриран е и висок годишен пораст на вкупните пласмани на банките од 23,2%, што упатува на натамошно јакнење на финансиската интермедијација на банкарскиот сектор.
Бруто девизните резерви на крајот на јуни 2005 година изнесуваа 778 милиони евра и во однос на 31.12.2004 година се повисоки за 61 милион евра, главно како резултат на високиот нето откуп на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ, при едновремено навремено извршување на обврските на Република Македонија кон странство. Девизните резерви се пласирани во финансиски институции со висок кредитен рејтинг, странски централни банки и меѓународни финансиски организации, во соодветни финансиски инструменти. При ракувањето со девизните резерви Народна банка се раководи од принципите на сигурност, ликвидност и рентабилност.
Monti Pajton напиша:
Ај те молам објасни го процесот на крахирање на банкарскиот систем на среден рок!!:smir:
Ај да се повторам од друга тема.Со невработеност од 30% и низок стандард и камати кои одат нагоре,знаеш кој ќе ги врати кредитите?Денес еден нема да врати,утре друг,каматите нагоре,банките надоле.така се создава должничка криза.Банките ќе ги активираат хипотеките,граѓаните на улица.Тие хипотеки кој ќе им ги купи?И се така ланчано се нарекува должничко-хипотекарна криза.
Monti Pajton напиша:
Каков шеф бе?? Она што ги интересира банките е каматната стапка. Да носеа државните записи повисока каматна стапка тогаш тамо ке вложеа. Они вложија во благајничите записи затоа што НБРМ ги зголеми каматите. Толку едноставно.
Знаеш ли што зборуваш или онака пишуваш во економија?
Monti Pajton напиша:
Си го погледнала ли буџетот за 2009? Знаеш ли колку од расходите ке одат за капитални инвестиции, а колку за споменици?Еве ти го буџетот, па провери си.Можеш и да видиш кои проекти ке се финансираат од буџетот, а кои ке се финансираат преку заеми.
http://www.finance.gov.mk/files/Rebalans_za_sobranie_0.pdf
Сум го погледнала и анализирала.Оди прочитај ја анализата низ темиве во економија.Или бујрум ти направи анализа
Monti Pajton напиша:
Буџет на Општина и буџет на Влада се два различни буџети и за нивно донесување одговараат два различни ентитети( Општината и Владата).
:pos2:
Сакаш да пребараш што значи терминот консолидиран буџет или?
Monti Pajton напиша:
И што ке направиш околу? Баш ме интересира?
Ќе се трудам да објаснувам вака по цел ден,може некој ќе ме сфати