Владата ја убива економијата

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Абе шо ќе ни е нас економија видете убаво што им е во индија им праќаат храна, вода од цел свет така да и ние нема потреба да се замараме и да ни пропадне економијата секогаш можеме да живееме како што живеат таму.
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
929
Поени од реакции
21
Абе шо ќе ни е нас економија видете убаво што им е во индија им праќаат храна, вода од цел свет така да и ние нема потреба да се замараме и да ни пропадне економијата секогаш можеме да живееме како што живеат таму.
И ти сеа се правеш како албанските политичари. Прелдолжуваат прoeкти:Ке ја внесеме Македонија во Нато и Еу,а за економијата ги нема се кријат како зајци.Па економијата е срцето на една држава!
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
И ти сеа се правеш како албанските политичари. Прелдолжуваат прoeкти:Ке ја внесеме Македонија во Нато и Еу,а за економијата ги нема се кријат како зајци.Па економијата е срцето на една држава!
Реченицата ти е сарказам, не реално мислење.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе кога кажувам јас најтешка работа на свет е да знаеш како треба да се трошат, и тука никој не ми верува. Во сонова најјаките држави се тие кои знаат како да ги трошат своите пари.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ne mozam da si podignam sopstveni sredstva od banka? :vozbud::nesvest:
Definiraj pogolema suma te molam

Не кревам паника, само кажав лично искуство во Стопанска Банка.
Поголема сума е индивидуално, значи да подигнеш лични средства над 5000 евра почнуваат тортурите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Колку гарантираше нашава држава ако пропадни некоја банка за штедни влогови до 10000 евра, а колку над?
Тоа за девизните штедни влогови гарантирала државата Југославија, тие што беа попаметни си ги извадоа парите, а тие што веруваа дека нема да се распадни како држава гадно се заебаа.
Така да додека постои оваа држава има каква таква гаранција за штедните влогови.
Постои гаранција за штедни влогови.Само не ме фаќај за збор,до 10 000 евра беа 100%,над беа 80% такви некои проценти беа.Важно со сигурност постои гаранција.
Кој спомна пропаѓање на банки?Кај нас работат традиционално,ни влада не ги бие.Кај нас се сигурни сега за сега,ако финансиеров не им ги врати парите од записите,малку ќе поиграат твист,но ништо страшно.Инаку колку што слушнав и утре ќе има објавување на едномесечни записи од страна на Славески,да ја видиме каматната стапка што ќе ја прогура,па ќе го лафиме:)Ако извади поголема од 9%,хипотекарната криза во Македонија ќе чукне на врата.Јас да сум како него 20% камата ќе им дадам,барем да го убрзам процесот кон дното,да не се мачиме,не за друго:smir:

Инаку околу дебатата за подигање на штедни влогови,сума над 1000 евра се најавува еден ден порано во експозитурата.А поголеми суми се вадат од главна филијала со претходна најава,така било одсекогаш.Не се плашете,нема криза во банкарски систем,имаат пари.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мене само ми е нејасно како некои луѓе уште тврдат дека нема економска криза кај нас. Порано кај мене во населба имаше 5 дуќанчиња и 2 бурекчилници. Сега има 2 дуќанчиња и една бурекчилница.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Постои гаранција за штедни влогови.Само не ме фаќај за збор,до 10 000 евра беа 100%,над беа 80% такви некои проценти беа.Важно со сигурност постои гаранција.
До 10 000 се 100%. До 20 000 90%. Парите над 20 000 не ти се осигурани( може да ги добиеш од ликвидациона маса, а може и да не ги добиеш:vozbud:)

Кој спомна пропаѓање на банки?Кај нас работат традиционално,ни влада не ги бие.Кај нас се сигурни сега за сега,ако финансиеров не им ги врати парите од записите,малку ќе поиграат твист,но ништо страшно.
Точно банките кај нас не пропаѓаат. Минатава 2008 имаа најголем профит досега.

Инаку колку што слушнав и утре ќе има објавување на едномесечни записи од страна на Славески,да ја видиме каматната стапка што ќе ја прогура,па ќе го лафиме:)Ако извади поголема од 9%,хипотекарната криза во Македонија ќе чукне на врата.Јас да сум како него 20% камата ќе им дадам,барем да го убрзам процесот кон дното,да не се мачиме,не за друго:smir:
Што толку сте се запалиле за некакво си пропаѓање? На државава и требаат пари да троши и таа издава државни записи. Тоа е редовна пракса од 2003. Тоа не значи дека ке банкротираме(далеку е од тоа). Лошо е тоа што нивната потреба од пари за финансирање на државни проекти ги зголемува каматните стапки за стопанството. Владата веројатно смета дека мора да троши повеке за да го одржи стопанството и производството. Ке видиме што ке направат, ама тезиве дека ``леле ке пропаднеме`` или `` незнаат што прават`` се лоши. Лоши се затоа што тие што ги туркаат( главно луге блиски на опозицијата) ако се во право ке речат ``нели ви рековме`` ,а ако не се тогаш ке се прават како ништо да не се случило. Тоа сме го виделе и порано. Опозицијата пред 1 година ја критикуваше Владата за преголемата инфлација која наводно ке ја уништела економијата. Ама како што се покажа инфлацијата спадна и ние доживеавне раст од повеке од 5% во 2008. И нормално квази-експертите се замолчија некое време. Сега се разбудија со оваа нова теза.:toe:
 
M

marsovka

Гостин
Финишираат преговорите со водечките банки во Лондон, владиниот двоец Ставревски - Славевски се враќа со повеќе опции како да се обезбедат пари од надворешни извори.
Неофицијално, според информации на А1, една од можните варијанти би била и евро-обврзницата, модел на надворешно задолжување што ќе обезбеди пари за буџетскиот дефицит.
Овој начин веќе беше применет во 2005-та, кога со Министерството раководеше Никола Поповски. Тогашната Влада издаде евро-обврзница во вредност од 150 милиони евра, пари што беа искористени за враќање на долговите кон лондонскиот клуб на доверители.
Евро-обврзницата беше со рок на доставување од 10 години. Според неофицијални информации, доколку Владата на Груевски се одлучи на овој модел на задолжување, можно е тоа да се случи преку една од банките со кои земјава веќе соработуваше.
Сумата на парите што државата сака да собере засега не е позната. Во меѓувреме, утре следува уште една аукција на државни записи, како начин за финансирање од домашни извори. Вредноста на записите изнесува 42 милиони евра.
Владата неодамна најави дека ќе забави со овој начин на финансирање на дефицитот во државната каса. Во очекување на одлуките по престојот на владиниот тим во Лондон - седиштето на најмоќните финансиери, според информации на А1, веќе оваа недела може да биде објавени детали за мајскиот ребаланс на буџетот

дали може некој убаво да објасни како ова ќе влијае колку ќе не чини?

Линк

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107440
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Финишираат преговорите со водечките банки во Лондон, владиниот двоец Ставревски - Славевски се враќа со повеќе опции како да се обезбедат пари од надворешни извори.
Неофицијално, според информации на А1, една од можните варијанти би била и евро-обврзницата, ...................

дали може некој убаво да објасни како ова ќе влијае колку ќе не чини?

Линк

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107440
МНОГУ!!!, ама гледано од перспективата на смртен граѓанин ...ништо...тоа ќе ги чини неговите внуци, ако ги има..., а покрај тоа не е опитно на нероден Петко капа да му кроиш, кој ти го знае чив внук ќе биде...:)
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Арно си знаат ај ти! Земи кредит ич да не ти чуе за камата, друг ќе ја плаќа! Ако се излажат да земат од ММФ ќе треба да прикажат кај ќе се трошат парите,а овака којазне уште колку статуетки ќе никнат по Скопје!:pos2:
Него муабетов ми беше зар имаме економија за да ја убие некој!?:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
дали може некој убаво да објасни како ова ќе влијае колку ќе не чини?
Имам многу работа деновиве,но од четврток натаму ќе се обидам да ти го објаснам овој вид на позајмување,сега ми паќаат очиве:smir:
Само на кратко,десет години ќе плаќаме каматна стапка од 14% (пример,може и повеќе да е)на 4,5 милиони што ќе земат (пресметај колку е 14% од оваа сума).Секоја година по толку ќе им даваме на странските банки.На десетата година ќе им дадеме 4,5 милиони(онолку колку што сме зеле).
Дечкото што ме цитирал погоре,го молам да не ме поврзува со политичка партија,или во најмала рака нека ги прочита сите мои постови на темите.Одам да спијам,а сакам да одговорам,но тешко ми иде.А за теоријана што ја изнел,веќе секој ден ја слушам на тв,иде вака некако:што знаете бе вие,ние сме најпаметни.Ма каки експерти се ти е тоа од сдсм.Ма каки надворешни експерти се ти е тоа платеници.Ма какво пропаѓање,ова комуњариве само лажат.Ма каква домашна криза,ова е светска.Слушајте јас што ќе ви кажам и мижете.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
А јас спротивно од нив ги сакам ММФ поради обврските,а не поради парите.И така ММФ не дава најголеми кредити (со најголеми суми) можат да земат од било каде.
Се знае кој зема од ММФ,неспособна влада со неспособни министри кои незнаат што со парите.Епа братче кога ќе ги потрошиш парите на непродуктивни проекти,епа братче казанот.Абе има тешкото да го играат со ММФ,а не да се прават тврдоглави фраери на мои и ваши пари.
Заслепено си во право, и јас бев едно време, но реалноста е нешто сосема друго. Прочитај ја оваа студија, за да работите станат појасни. Кога хронолошки ќе ги разгледам постапките на Грујо, јасно ми е од кои побуди не потпишува (сега и кога беше министер) договори со ММФ... на човекот не му се потребни, едноставно користи други методи за креирање и очувување на моќ, политички гледано... секоја чест, БЦ и суријата околу него може само вода да му носи!

За студијата:

Vreeland, James Raymond. 2003. Why do governments and the IMF enter into agreements? Statistically selected case studies. International Political Science Review 24 (3): 321-343.

Abstract: Why do governments and the International Monetary Fund (IMF) enter into agreements? Conventional wisdom holds that governments turn to the Fund for a straightforward reason: they need an IMF loan. An alternative argument is that governments want IMF conditions to be imposed to help push through unpopular economic reforms. To illustrate how the desire for IMF conditions can play a role in the decision to enter into an agreement, this article considers two analytically significant cases. Drawing upon a data set of 7,011 country-year observations of 199 countries from 1952 (or year of independence) to 2000, two outliers are selected: the country observed with the least need for an IMF loan participating in an IMF program (Uruguay in 1990) and the country with the strongest need for an IMF loan not participating in an IMF program (Tanzania in 1983).
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Дечкото што ме цитирал погоре,го молам да не ме поврзува со политичка партија, или во најмала рака нека ги прочита сите мои постови на темите.
Кој те поврза тебе со политичка партија?:pipi: Се разбира тоа тебе не ти пречи мене да ме обоиш политички.

или во најмала рака нека ги прочита сите мои постови на темите
Нели ти го кажа ова?

Ако извади поголема од 9%,хипотекарната криза во Македонија ќе чукне на врата.Јас да сум како него 20% камата ќе им дадам,барем да го убрзам процесот кон дното,да не се мачиме,не за друго:smir:
Е за вакви ставови зборував во мојот пост.


А за теоријана што ја изнел,веќе секој ден ја слушам на тв,иде вака некако:што знаете бе вие,ние сме најпаметни.Ма каки експерти се ти е тоа од сдсм.Ма каки надворешни експерти се ти е тоа платеници.Ма какво пропаѓање,ова комуњариве само лажат.Ма каква домашна криза,ова е светска.Слушајте јас што ќе ви кажам и мижете.
Чудно ама ја многу повеке ја слушам теоријата ,, готово пропаднавме луѓе`` `` овие поим немаат од економија`` ,, ние ЕКСПЕРТИТЕ да ви кажеме`` итн.
И еве владата престана да се финансира повеке со државни обврзници. И пропаднавме ли? Или бевме само на чекор од тоа!!:tapp: Смешки невидени. Ама така е цекогаш кога од глушец се пробува да се направи слон.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кој те поврза тебе со политичка партија?:pipi: Се разбира тоа тебе не ти пречи мене да ме обоиш политички.
Нели ти го кажа ова?
Е за вакви ставови зборував во мојот пост.
Чудно ама ја многу повеке ја слушам теоријата ,, готово пропаднавме луѓе`` `` овие поим немаат од економија`` ,, ние ЕКСПЕРТИТЕ да ви кажеме`` итн.
И еве владата престана да се финансира повеке со државни обврзници. И пропаднавме ли? Или бевме само на чекор од тоа!!:tapp: Смешки невидени. Ама така е цекогаш кога од глушец се пробува да се направи слон.
A навистина владава престана да се финасира со државни обврзници или банките па и поединци престанаа да и веруваат на владава дека ќе им ги врати парите со толкава камата назад.Јас мислам дека со последниве делумно “успешни“ емисии на државни обврзници се гледа реалноста на сцена,онака сурово без “влакна на јазикот“,на ВЛАДАВА никој повеќе не и верува.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom