Ок но сепак - Тоа не е на плоштад туку на другата страна на Камени.
И според финалниот концепт за кој што јас знам не изгледа воопшто како примерите што ги стави ти на сликите.. Или како нешто извадено од Америчката "историја"..
А ко што знам и не е ништо сменето и неговата надворешност пред се ја одсликува неговата уметничка функција. Не личи ко америчка влада или каква и да е влада воопшто. Од тоа јас што имам видено личи многу на архитектонскиот музеј во турска чаршија само со многу попрефинет изглед. А тоа па и не е така лошо. А местолокацијата воопшто не е е на плоштад и не го нагрдува градот па макар и ко белата куќа да е.
Абе нема врска.. Али нема потреба од протести и нешто ко првиот пост што наведува зошто и така ништо нема да се постигне. А со дискутирање ништо нема ни да се смени така да.. Тоа е што е. Ќе добиеме уште еден објект во Центарот на градот и тоа е.
Ќе ти реплицирам повторно, иако не ги исполни условите и не ми даде критичко осврнување и причино зошто ти се допаѓа објектот. Но, гледам дека не ти се сосема јасни некои работи, а се чувствувам обврзам како млад архитект да ги предочам... ако не за нешто друго, утре кога ќе стане некој инвеститор, да не биде залажувам од некој (како дотичниот на проектов) архитект...
Прво, околу...МЕСТОЛОКАЦИЈАТА

Градски плоштад, по дефиниција претставува неизграден градски блок, отворена површина која се граничи и е дефинирана од изградените блокови или самостоечки објекти кои истиот го опкружуваат. Негова главна функција, покрај можноста за собирање на поголеми групи на луѓе и организирање на јавни манифестации, е пружање на најрепрезентативните видици на градот. Следствено, околу плоштадите секогаш се наоѓаат врвни, репрезентативни и неповторливи архитектонски дела - колку истите се пооригинални и единствени, толку и самиот град го прават поатрактивен и баран за посета. Според тоа, кога ќе се рече за некој објект дека се наоѓа НА градски плоштад, се смета на објект кој својата главна фасада ја истакнува кон плоштадот, со цел да го дефинира. Овој објект се наоѓа на уште постратешка позиција - ем го дефинира плоштадот, ем градежната линија на КЕЈОТ НА РЕКАТА, која пак, сама по себе е белег на Скопје.
Финалниот концепт за којшто ти знаеш, го гледаме и знаеме сите од поставениот 3D приказ во мојот пост. И за тоа дали изгледа така или не, ќе пресудат сите, кои имаат очи - за тоа веќе не е потребна критика. Само нормална човечка перцепција...
Која уметничка функција ја има еден Уставен суд? Сакам да ми одговориш, за да можам и јас да ја видам поврзаноста на оваа „функционална зграда“ со нејзиниот изглед. И кој е тој архитектонски музеј во Стара чаршија? Срам ме било, после цели студии на архитектура, не сум знаел за ваков музеј, нит сум го посетил ...
Крајно: Има потреба од протести. Има потреба од кажување на сопственото мислење и има потреба од дебата. Затоа што ова не е мое мислење, нити на уште неколку други - ова е мислење на секој здраворазумен архитект, за ова се даваат коментари од објективната европска архитектонска критика, а не само од нас. За нас архитектите, ова не е „само уште еден објект во центарот на градот“. За нас, објектите се наши деца, и деца на нашите пријатели архитекти. И не сакаме, кога гледаме како некој наш пријател, се изживува врз своето дете - затоа што го гледаме и сакаме како наше. Градот е светиња по дефиниција, место каде започнала и за цело време се развива цивилизацијата, нејзината култура, менталниот склоп... Градот е дефиниран од архитектурата. А неа, ја браниме ние, кои малку подобро ја познаваме. И сите, кои искрено го сакаат градот во кој живеат.