Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
M

marsovka

Гостин
Ајт нека му е честито на Хорхе. Мислам дека ке биде еден од најуспешните претседатели досега. Убедлива победа со разлика од 200000 гласа и очигледно подобро ке им биде на СДС повеке и да не учествуваат на изборите, зошто веке и не се најголема опозициска партија.
корекција на никола груевски треба даму честитаме
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
корекција на никола груевски треба даму честитаме
Верувам дека ќе бидеш прва која ќе му честита.

Нека ни е честит новиот претседател и се надевам дека во неговиот мандат сите ќе имаме среќа.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
6.676
Ај нека му е честито на новиот шеф......се надевам дека ке мрдеме малце со него.(си се надевам ја така на секој избори али ништо) Оптимизам само тоа преостанува:helou:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Штета што не можеше да се изберат обата кандидати за председатели на државава како што заокружив јас колку да не не дават со други избори.Барем ќе се надополнуваа еден со друг онака како што се “половични“.:toe:
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Штета што не можеше да се изберат обата кандидати за председатели на државава како што заокружив јас колку да не не дават со други избори.Барем ќе се надополнуваа еден со друг онака како што се “половични“.:toe:
:pos2::pos2::pos2:

Едниов ќе му носеше бурек на сабајле,а другиов пак ќе му ги вртеше празните листови :pos2::pos2:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Како да ќутам бе,кога имам председател кој го поддржуваат само 25% од граѓаните со право на глас во државава?:toe:
Ќути арно ти вели.Бранче го подржуваа 5% па беше државник незапамтен во поновата историја на МК.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
153
Поени од реакции
2
Ѓорѓе Иванов АЛАЛ да му е! Ги сќофта комуњариштана! Овој Фрчко не му го научи ни името да му го изговара запнал Џорџе па Џорџе... дур му го погоди името, Ѓорѓе го расканта со 2:1 Фрчко незнае кај му е мозокот од шо го здрви! И пак нема да му го погоди името...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ќути арно ти вели.Бранче го подржуваа 5% па беше државник незапамтен во поновата историја на МК.
Абе и за Брначе важи истото,иако тој имаше 30% “согласност“ видовме сите до каде ја дотера работава.Сега овој со 25% ќе не дотолчи.:toe:
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
нека му е со среќа на иванов,а и на нас со него нека ни е со среќа:smir:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
нека му е со среќа на иванов,а и на нас со него нека ни е со среќа:smir:
Или Господ нека ни е напомош,како што вели Фрчко-мрчко.:pos2:
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Ѓорѓе Иванов АЛАЛ да му е! Ги сќофта комуњариштана! Овој Фрчко не му го научи ни името да му го изговара запнал Џорџе па Џорџе... дур му го погоди името, Ѓорѓе го расканта со 2:1 Фрчко незнае кај му е мозокот од шо го здрви! И пак нема да му го погоди името...
Ако Фрчко не го погодил барем ти погоди го. Ѓорге.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Честито честити царе

Семејството Шознамјаское му го честита реизборот за градоначалник на Јегуновце на Тони Коцески со песната Ја излези Ѓурѓо. Вака утринава ме поздрави еден милозвучен женски глас од некоја радиостаница што третира народна музика на автопатот Тетово - Скопје додека лудиот шофер на автобусот полека не доближуваше до метрополата, алијас Цело Скопје вмровски град.

Јас пак би сакал да ја искористам оваа прилика и на Никола Груевски да му ги честитам сите фотелји. Епа Никола, ај честито градоначалник, премиер, претседател ... или да поедноставам - честито честити царе.

Конечно неговата желба се исполни и сега тој е апсолутен владетел во државава. Би упатил честитки и до оние кои наместо него ќе излегуваат во јавноста и ќе ги претставуваат функциите.
Јас со жалење морам да констатирам дека моите заложби за пропаѓање на претседателските избори не се остварија и со едвај достигнат цензус сега Македонија има претседател. 42,61 проценти од запишаните гласачи гласале за претседател, вели ДИК. Уште 2, 53 проценти си цртале ил чкртале по ливчето и така го претвориле во неважечко, веројатно поголемиот дел од нив мислејќи дека така го бојкотираат, а всушност го помагале изборот на претседател во вториот круг. Ако и овие 45.513 граѓани воопшто не земеле ливче тогаш на вчерашните избори ќе имавме 40.08 проценти излезеност и навистина ептен тесно но сепак повторно ќе изберевме претседател.

Но да ги немаше притисоците од владеачката партија посебно во попладневните часови кога нокти се грицкаа додека се прашуваа дали ќе се постигне цензусот сигурно изборите ќе пропаднеа. На крај Иванов треба најмногу да им заблагодари на телефонските повици кои одеа отприлика вака - „Излези и гласај, не е важно за кого, само гласај“.

Јас не гласав. Но не бидејќи ме мрзеше да отидам до избирачкото место, баш напротив, отидов и побарав ливче само за градоначалник, на чудење на избирачкиот одбор од каде ми кажаа дека јас сум бил вториот што гласал така. Со оглед на тоа што гласав во 18:54 веројатно тоа беше и конечната бројка во моето избирачко место. А баш напротив, отприлика по двајца-тројца гласаа за претседател во селата во западна Македонија каде мнозинството е албанско население кое покажа дека знае да размислува и без Али.

За мојата одлука би го цитирал Тачи:

- Мое демократско право е да не гласам за претседател. Не ми се допаѓа ниту еден кандидат.

Сепак, како-така, Македонија избра претседател и притоа никој не загина, а тоа очигледно претставува исклучителен успех за нас.

Во целата еуфорија синоќа единствено ми недостигаше Емилијан да ме израдува едно три-четириес пати по ред објаснувајќи ми како опозицијата и скршила нога на власта со тоа што ги освоила Охрид и Карпош, значи Охрид и Карпош, односно Карпош и Охрид, поточно Охрид и Карпош, нормално, бидејќи нивните кандидати ги победиле против-кандидатите во Карпош и Охрид со што дефинитивно и апсолутно ја однеле победата во Охрид и Карпош.

Пред уште еднаш да ве потсетам за ненормално опасниот успех на опозицијата само да потцртам нешто - 65 проценти од македонските гласачи не го избраа Ѓорге Иванов за претседател на државава. Или ако сакате повеќе 25 проценти од македонските гласачи го избраа Ѓорге Иванов за претседател на државава. Или ако сакате највеќе - мнозинството од малцинството го избра Ѓорге Иванов за претседател на државава. Колку за појаснување малцинството се 40-те проценти излезени гласачи а мнозинството се 60-те од нив кои гласале за победникот.

Сепак сеуште веруваме во мускетарското Еден за сите, нели.

Од другите вести - Опозицијата постигна неверојатен успех во вториот
круг локални избори со освоени апсолутно феноменални 2 општини - Охрид и Карпош или по азбучен редослед Карпош и Охрид, или по големина Охрид и Карпош.

За крај два цитати:

- Сега, кога владејачката партија еуфорично ја слави добиената апсолутна власт во државата, кога од секој агол не' гледаат насмеаните лица на Иванов и Груевски на огромните заеднички постери и билборди, чувствуваме потреба да го потсетиме Иванов на еден стар афоризам што вели дека не е добро сите во еден чамец да седат на иста страна, зашто така тој ќе се преврти.

  • Љубомир Фрчкоски, кандидат за претседател на Македонија од СДСМ и НСДП на синоќешната прес конференција на Бихаќка:
- Му честитам на владиниот кандидат Џорџе Иванов и Господ нека и е на помош на Македонија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Ѓорѓе Иванов АЛАЛ да му е! Ги сќофта комуњариштана! Овој Фрчко не му го научи ни името да му го изговара запнал Џорџе па Џорџе... дур му го погоди името, Ѓорѓе го расканта со 2:1 Фрчко незнае кај му е мозокот од шо го здрви! И пак нема да му го погоди името...
Да, да, две реченици не знае да сврзе идниов претседател, ама го расканта!

Абе ни името не му го знаат,ама важно се гласа за него.
Не е битно како се вика, битно гледаат сите таму ВМРО-ДПМНЕ и заокружувај братче, што ти чуе курот кој е кандидатот!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom