Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Пред да зборите за спорот со Грција, треба некој убаво да ви ја објасни целата ситуација па потоа да дискутирате, затоа што вака лупате у празно, зборите без врска.
А тоа дека некој ќе го реши спорот без да даде жртва и тоа голема мало сутра. Затоа џабе муабет, и Иванов и Фрчко ќе мораат да изиграат исто ако сакаат ЕУ, во спротивно ќе можете да се препуцавате колку сакате.
И јас мислев на истово! Грција сакала да ни смени идентитет,сакала јазик да ни смени,да не нема...Никој не знаеме што точно сака Грција.Ние тука слушаме што ќе ни пласираат медиумите,а тоа е извртено до немај - каде.
А поготово на тоа додаваат уште и владата (го палат народов уште повеќе),а нормално тука е и Сител со својата екипа и заедно лепат етикети кој е предавник а кој патриот...
Македонија ќе дојде до прашањето:Интеграции или надвор од НАТО И ЕУ?
и нормално дека доколку се остане надвор од НАТО ќе може да дојде до федерализација на Македонија.Мислам дека се сфаќаме што сакам да кажам.
Епа сеа видете кој е поголем патриот,а кој е најголем предавник?
 
G

grande-juve

Гостин
Која попаметна работа, да цитираш демагогии дека Иванов бил советник на Трајковски ?:smir:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Трајковски "ги унапреди" своите неформални советници во секретари[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Целта на Трајковски е да ги официјализира луѓето кои работат околу него и го советуваат, но бидејќи му недостигаше форма, сега со секретаријатот оформува шема како сето тоа да функционира. Не е прецизирано на каква основа ќе бидат ангажирани секрета[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Секретаријатот што сака да го формира претседателот Трајковски се заснова на лична основа и во него ќе членуваат неговите неформални советници, дознаваме од извори блиски на кабинетот на Трајковски. Целта на Трајковски, како што дознаваме, е да ги официјализира луѓето кои работат околу него и го советуваат, но бидејќи му недостигаше форма, сега со секретаријатот оформува шема како сето тоа да функционира.
Претседателот веќе имаше една средба со Sвонко Јанкуловски, Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски, со Панде Лазаревски, беше поканет и професорот Љубомир Фрчкоски кој, сепак, не се појавил на средбата. Се говори дека во тимот на Трајковски, како експерти ангажирани се и Гордана Силјановска и Ѓорѓе Иванов од Правниот факултет.
Сите политички одлуки ќе се даваат на анализа во секретаријатот, каде експерти ќе ги анализираат сите предлози, а, ако има потреба, ќе се ангажираат и други стручњаци од Универзитетот. Идејата околу секретаријатот е тој да ги прима сите документи кои се однесуваат на политичкиот дијалог, истите да ги разгледува и да ги прифаќа или отфрла.
[/FONT]


http://74.125.77.132/search?q=cache:GMmZ7NCfpYIJ:www.vest.com.mk/default.asp?id=4446&idg=1&idb=231&rubrika=Makedonija+иванов+трајковски+секретаријат&cd=1&hl=mk&ct=clnk

не само што бил, туку лично е повикан од Трајковски
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Ау ме скина сеа...! Значи Фрчкоски БИЛ во тимот која го составувал/копирал/пастирал Уставот. За тоа биле потребни стручњаци.Не ги зеле првите што ги нашле на улица.Учествувал и во создавање на друг акт многу битен за иднината на Македонија! И за тоа биле потребни стручњаци! Човекот бил мисистер во 2 влади на Македонија.Значи? Има искуство,познавање,сопствен став во однос на прашањата од национален карактер(не мислам само во однос на спорот со Грција,има уште многу слични отворени прашања..). И пак викам: ЗА ИВАНОВ Е ПОИМ! Во конкретнава ситуација се одбира меѓу нив двајца!


Бил министер, бил. Дали бил успешен министер-не катастрофа бил и е (ја не знам со што се занимавал само на работата не мислел, море обид за атентат му се случи на претседател чии починители до денес не се откриени, се занимавал да пикне пари во џебот за да го смени името во тој период и уште без усул се фали со своето министерување .Што направил, ништо добро за Македонија. Ако учествувал во изработката на Уставот, за кој по негов обичај да го смени мислењето како што ги менева чорапите, подоцна мисли дека е фалшлив со самото прифаќање на изработката на Рамковниот договор, наместо да ќути и да се извини за грешките, тој тоа добро го наплаќа од македонскиот народ, кој ако не си свесен во 2001 го бранеше токму Уставот и Уставниот поредок. А да не зборим за Рамковниот договор - ремек дело на глупоста- толку е широк и непрецизен што секој денес го толкува на начин на кој му одговари и истиот е и ќе биде двигател на нестабилност во државава наместо да е обратно.:toe: Во досега направеното признавам тој е поим за Иванов во кичерај и фалшливи работи кој како и неговите ставови се со краен рок на траење, за кои пател подоцна целиот народ.
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
И јас мислев на истово! Грција сакала да ни смени идентитет,сакала јазик да ни смени,да не нема...Никој не знаеме што точно сака Грција.Ние тука слушаме што ќе ни пласираат медиумите,а тоа е извртено до немај - каде.
А поготово на тоа додаваат уште и владата (го палат народов уште повеќе),а нормално тука е и Сител со својата екипа и заедно лепат етикети кој е предавник а кој патриот...
Македонија ќе дојде до прашањето:Интеграции или решавање на спорот со Грција?
и нормално дека доколку се остане надвор од НАТО ќе може да дојде до федерализација на Македонија.Мислам дека се сфаќаме што сакам да кажам.
Епа сеа видете кој е поголем патриот,а кој е најголем предавник?

Најтажно е тоа што се делиме партиски и што ако не си за извесни тогаш си предавник.

Бил министер, бил. Дали бил успешен министер-не катастрофа бил и е (ја не знам со што се занимавал само на работата не мислел, море обид за атентат му се случи на претседател чии починители до денес не се откриени, се занимавал да пикне пари во џебот за да го смени името во тој период и уште без усул се фали со своето министерување .Што направил, ништо добро за Македонија. Ако учествувал во изработката на Уставот, за кој по негов обичај да го смени мислењето како што ги менева чорапите, подоцна мисли дека е фалшлив со самото прифаќање на изработката на Рамковниот договор, наместо да ќути и да се извини за грешките, тој тоа добро го наплаќа од македонскиот народ, кој ако не си свесен во 2001 го бранеше токму Уставот и Уставниот поредок. А да не зборим за Рамковниот договор - ремек дело на глупоста- толку е широк и непрецизен што секој денес го толкува на начин на кој му одговари и истиот е и ќе биде двигател на нестабилност во државава наместо да е обратно.:toe: Во досега направеното признавам тој е поим за Иванов во кичерај и фалшливи работи кој како и неговите ставови се со краен рок на траење, за кои пател подоцна целиот народ.
Извини дечко, а дали ти си ги прочитал рамковниот договор?
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
тоа е таа разлика ...
мислиш ама само мислиш дека Груевски ќе подлегне под грчки притисок .. но тоа е тоа шо ти го мислиш. Но го подржувам тој „инат“ како што велиш, верувајќи дека ќе успее да ги изигра грците.
затоа одбираш опција која ќе подлегне веднаш на притисокот, патем која јас верувам дека веќе е платена да го изигра тоа. - да работи во грчки интерес.
Нема никаква филозофија бе @exlexmk. Толку е сложено а многу едноставно.

Моето мислење е дека Груевски неговиот рејтинг го негува со барањето државни непријатели, а и самиот тој го чека вистинскот момент да направи компромис за името.

Нормално вистинскиот момент не беше веднаш по доаѓањето на власт.
Вистинскиот момент не беше ниту пред предвремените парламентарни.
Вистинскиот момент доаѓа после завршувањето на претседателските и локалните.
Тогаш во погон ќе ја пушти неговата машинерија за омекнување.
Останатото го има во мојот потпис.

И најчудно ми е што на таа дилема (или прогноза) наведена во постот од кој има линк во потписот, само од тебе и уште од еден член на форумов добив некаква реплика.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.991
Извини дечко, а дали ти си ги прочитал рамковниот договор?

Пишува ли таму дека ако сме надвор од ЕУ и НАТО ќе мора да се дели државата.
Ако не пишува така, дали на Фрче неспособниот ова ќе му биде уште еден од серијата професионални неуспеси како составувач на истиот...
Кажи ми пошто не знам во какви услови ја гарантира унитарноста тој договор, најозбилно ме интересира??
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Се говори дека во тимот на Трајковски, како експерти ангажирани се и Гордана Силјановска и Ѓорѓе Иванов од Правниот факултет.[/FONT]
Абе шо аргумент ми даде.....ме отепа.

Се говори дека......:tv: :smir:

Ај продолжи да гуглаш...
Можеби и ќе најдеш нешто.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Најтажно е тоа што се делиме партиски и што ако не си за извесни тогаш си предавник.



Извини дечко, а дали ти си ги прочитал рамковниот договор?
ДА, сум го прочитал, а ти.
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Пишува ли таму дека ако сме надвор од ЕУ и НАТО ќе мора да се дели државата.
Ако не пишува така, дали на Фрче неспособниот ова ќе му биде уште еден од серијата професионални неуспеси како составувач на истиот...
Кажи ми пошто не знам во какви услови ја гарантира унитарноста тој договор, најозбилно ме интересира??
Ќе идеш на www.pravo.org ќе го прочиташ и тогаш бујрум на дебата. Ќе се изненадиш што се пишува таму и за тоа колку глупости лупаме само заради тоа што го немаме прошитано.
А кога ќе го знаеш целиот договор, тогаш многу лесно можеш да им ја затвориш устата на оние Албанци кои бараат преку леб погача, затоа што и оне се дел од потписот на истиот.

ДА, сум го прочитал, а ти.
Па нема да го спомнам ако не сум го прочитал.
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Ќе идеш на www.pravo.org ќе го прочиташ и тогаш бујрум на дебата. Ќе се изненадиш што се пишува таму и за тоа колку глупости лупаме само заради тоа што го немаме прошитано.
А кога ќе го знаеш целиот договор, тогаш многу лесно можеш да им ја затвориш устата на оние Албанци кои бараат преку леб погача, затоа што и оне се дел од потписот на истиот.



Па нема да го спомнам ако не сум го прочитал.
Aj ti otvori go linkot sto go imas napisano i citaj da vidis ima.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.991
Ќе идеш на www.pravo.org ќе го прочиташ и тогаш бујрум на дебата. Ќе се изненадиш што се пишува таму и за тоа колку глупости лупаме само заради тоа што го немаме прошитано.
А кога ќе го знаеш целиот договор, тогаш многу лесно можеш да им ја затвориш устата на оние Албанци кои бараат преку леб погача, затоа што и оне се дел од потписот на истиот.



Па нема да го спомнам ако не сум го прочитал.
сеа не ми обесувај гачки, чим знаеш кажи ми мене конретно ова ме интересира.
Фрчко како еден од творците на тој договор на кои услови ја гарантира унитарноста на државава.
Дали оставил доле некоја “клаузула’’(ко за Горкуф таа :)) или не знам што на која пишува ““ова се не важи ако Македонија не се интегрира’’
пс. линкот не ти работи.
 
G

grande-juve

Гостин
Абе шо аргумент ми даде.....ме отепа.

Се говори дека......:tv: :smir:

Ај продолжи да гуглаш...
Можеби и ќе најдеш нешто.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА СОВЕТОДАВНОТО ТЕЛО НА ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Секретаријатот на Трајковски ќе го плаќа Европската унија[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Македонскиот претседател е "главата" на Секретаријатот, кој веќе почна да "советува" што да се прави со закажаниот попис. Советниците Трајковски лично ги избирал од редовите на своите неформални советници, откако за нив добил согласност од Американц[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Членовите на Секретаријатот на претседателот Борис Трајковски за својот ангажман ќе добијат пари од Европската унија. С&ицирц; уште не се знае колку ќе изнесува хонорарот на експертите за нивната советничка работа.
На списокот на неформални советници на македонскиот претседател, кои минатата недела беа официјализирани како "секретари", се наоѓаат професорите од Правниот факултет: Гордана Силјановска, Ѓорѓи Иванов и Владо Поповски, директорот на Институтот за социолошки и правни истражувања, Панде Лазаревски, директорот на двонеделниот магазин "Форум" Ѓунер Исмаил, професорот Звонко Јанкуловски, Елизабета Георгиевска од Министерството за надворешни работи задолжена за секторот за Обединети нации и човекови права, како и директорот на "Евро Балкан" Јован Донев. Одговорен за работата на Секретаријатот е лично македонскиот претседател.
Имињата на неформалните советници на Трајковски, како што дознаваме од диломатски извори, биле ставени на списокот на членови на Секеретаријатот по лична желба на македонскиот шеф на државата, но, по дадената сугестија на претставници на Соединетите Американски Држави. Листата на членови, шефот на државата ја предал на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија Хавиер Солана. Европскиот "медијатор", Солана, имал задача само да го однесе листот со списокот на "советници" во Брисел, каде што имињата биле одобрени од Европската комисија. Европските претставници, на почетокот на идејата за отпочнување на преговорите, дале свој предлог-список на екперти, во кој стоело името на Теута Арифи и некои други албански интелектуалци. Списокот, сепак, не бил прифатен од македонска страна.
Трајковски пред да го оформи Секретаријатот имаше една средба со своите советници, во чиј список се наоѓало и името на професор Љубомир Фрчкоски, кој не се појавил на состанокот. На таа прва неофицијална средба присуствувал и Сашо Ордановски, кој, сепак, не се најде во Секретаријатот.
"Советодавното тело" на претседателот, официјално започна да функционира минатата недела, кога е одржана првата средба на која се расправало за можноста да се одложи закажаниот попис. Барањето за одложување на пописот беше поставено во платформите на партиите на македонските Албанци кои имаат свои претставници во Парламентот. Тоа барање Албанците го ставаат како приоритетен проблем пред сите странски делегации кои доаѓаат во земјава. За таканаречениот проблем со пописот беше запознат и американскиот државен секретар Колин Пауел. Секретаријатот одлучил да се побара стручно мислење од директорката на Заводот за статистика Светлана Антоновска, дали е можно одложување на пописот. Одложување на пописот бара и ОБСЕ и други европски експерти.
Секретаријатот на Трајковски има само советодавен карактер, ќе работи во подгрупи, во кои ќе бидат ангажирани и европски експерти. Сите политички одлуки ќе се даваат на анализа во Секретаријатот, каде што сите предлози ќе бидат анализирани од експерти, а по потреба ќе се ангажираат и други стручњаци од Универзитетот. Идејата околу Секретаријатот е тој да ги прима сите документи кои се однесуваат на партискиот политички дијалог.
[/FONT]
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=4701&idg=1&idb=235&rubrika=Makedonija

не сакам никој да отепам, само со факти да докажам кој колку е недоветен
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Каква клаузула бараш дечко, во него се пишува за обезбедување на демократијата во земјата, а не за клаузули за поделба на Македонија и за влез у нато и еу. Многу погрешно сте ги разбрале работите.
Муабетот ми е, читај само да видиш колку у ствари Албанците ништо не добиле со потпишувањето на тој договор.
Они сеа што си бараат некои нереални нешта е друга работа.
А за вие да го споменувате договоров против некого, а ни самите не знаете што има во него него што ви рекле е смешно.

И прави те муабет за кандидатите а не за Рамковниот и за спорот со Грција, мешате баби и жаби цело време.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.991
И прави те муабет за кандидатите а не за Рамковниот и за спорот со Грција, мешате баби и жаби цело време.
Рамковниот сине е еден од дострелите на кариерата и стручноста на Фрче со кои он се фали и гордее, сакам да знам како ќе се подели Македонија која функционира според пемпеле кое тој лично го составувал и каде што пишува дека ќе е унитарна без притоа да бидат споманти околности и услови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom