СДСМ славеа некоков пад на рејтингот на ДПМНЕ. Наводно имало 150000 гласови помалку за Ѓорѓе отколку што имало за ДПМНЕ на предвремените избори.
Лузерите не кажаа дали Фрче има повеќе гласови од тоа што го освои СДСМ во јуни 2008. Се замараат со туѓи математики, знаете како е, давеникот се фаќа и за сламка.
Инаку мала напомена за вкупниот број на гласови за ДПМНЕ. Не може тоа да се споредува според гласовите за претседател. Имаше и независни кандитати. Јас не гласав за Ѓорѓе ама гласав за советничка листа на ДПМНЕ. Ако се соберат гласовите што ги добија ДПМНЕ за советнички листи во сите 84 општини се добива бројка нешто поголема од 425000 гласови. Тоа не е никво намалување на гласовите. Би сакал некој тоа јавно да го истакне на ТВ, за да не биде јавноста изманипулирана од анемичниот несуден робијаш З.З
не само тоа, се фалат дека сите останати кандидати заедно со фрле имале повеќе од Иванов и тоа било јасна порака??????
а реално изгубија секаде освен во 4 општини и во уште неколку се изедначени со вмро.
и уште нешто, сдс се фатиле за изјава на некој од вмро дека сдс нема да освоеле ниту една општина, а забораваат дека заев даде изјава дека очекува сдс да освои 20-30 општини, а реално ќе освојат 7-8.
до кога сдс ќе се занимава со се, освен со себе, според гласовите за општинските листи сдс има двојно помалку од вмро и пак прогласуваат победа, добри се