Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Дино Буцати - „Продавница на тајни“

По читањето на Татарска пустина, познат ми е стилот на Буцати. Извонредна збирка раскази.
 
Злосторство и казна од творецот на психолошкиот роман Фјодор М. Достоевски. Малку е напорна книгава, милијарда описи има ама се надевам ќе истерам до крај...
 
Злосторство и казна од творецот на психолошкиот роман Фјодор М. Достоевски. Малку е напорна книгава, милијарда описи има ама се надевам ќе истерам до крај...

Дочитај ја, нема да зажалиш ;)
 
Во еден викенд прочитав две книги, сега се префрлив на трета. Не знам што ми стана, ама најверојатно беше до книгите, толку интересни, буквално ги голтав страниците..:pipi:
Првата е псоледниот дел од трилогијата за принцезата Султана, т.е. "Прстенот на принцезата Султана". Совршено раскажена вистинска животна приказна, како црешка на шлагот односно крајот на трилогијата. Значи ја обожавам Џин Сасон, навистина преубаво напишани книги:pipi:

Втората е "Моќта на соблекувањето" од Стефани Леман. Интересна книга, ама навистина не би сакала да имам живот ко таа девојка(не, не е курва, туку мајка и е стриптизерка:)) Сепак, многу интересна книга

Сега ја читам "Црно семе" од Горан Стефановски. Мрзам да читам за мачење на македонците, иако тоа е вистина, ама за матура ми е така да немам избор..:nesum:
 
Сега ја почнувам Пиреј:).За впечатоци, ќе напишам кога ќе ја завршам:).
 
чичко горио од О.Балзак и Злосторство и Казна од Достоески, паралелно ги читам, ама супер се
 
Бригадата - Александар Белов

Книгава раскажува за моќната руска мафија, не се знае кој точно ја има напишано книгава, иако писателот се води под псевдонимот Александар Белов. Се смета дека писателот бил можеби директен учесник во настаните, ама не се знае.

Многу интересна книга, првите 100 страни ги прочитав. Ја препорачувам на секој што сака да прочита нешто видено од очите на еден мафијаш.
 
:pos2:Да не пукниш ме изнасмеа, писателов асоцира на овој од Операција Триумф.
 
Сега само што почнав да ја читам Куќата на мртвите мириси од Вида Огњеновиќ
Деновиве немам некоја паметна работа, па се надевам ќе прочитам неколку добри книги.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom