Симболичка Библија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Кој се за тебе најголемите верници?


... Многу “неверници“ веруваат многу повеќе, од што самите знаат
Многу “верници“ многу помалку, од самите што се праат!
 
Кој се за тебе најголемите верници?

па свештеници, попови, луѓе кои ја читаат библијата и редовно одат во црква и веруваат во секој божји збор.
 
БОЖЈИОТ ЗБОР е ЕДЕН и ЕДИНСТВЕН!
ТОЈ е МИЛОСТ, ПРАВДИНА, СЛОБОДА, СВЕТЛИНА, ...!
Што поблиску до Него, во Него, со Него, тоа поголем верник е човекот!

Собирањето на верските собиралишта и читањето на Библијата без вистинска вера во БОЖЈИОТ ЗБОР (ХРИСТОС), не значи автоматски дека човекот е вистински верник. Нели?
 
Имаш право! 2000 години сёмоќниот БОГ стрпливо чека да поверуваме на ЕВАНГЕЛИЕТО, а ние покрај чудата што секојдневно ни ги дава, сёуште се противиме!

Една од моите баби почина а неможеше да поверува дека за човекот е можно да се шета по месечината, а пред некој месец пак имав прилика да слушам еден филозов кој што возвишувањето ХРИСТОВО над облаците, го сваќа само симболично!

Кога веќе еднаш ќе поверуваме?

Лека ноќ!

п.с. Знаеш ли денес колку луѓе што се родени слепи, прогледуваат?!

Спирос, јас мислам дека она Христовото - блажени се оние кои не виделе, а поверувале, се мисли на оние кои го прифатиле Евангелието со срце, а не на оние што само се колнат дека Евангелието е буквална вистина а ја немаат вистинската вера. И тие луѓе што го виделе Исус со свои очи секако поверувале во него, т.е. во самото негово постоење но колку имале вера во него...

Би рекол, вера не е само - не знам дали e вистина но верувам дека е така. Вера е би рекол и - знам дека не е вистина, но толку е моќно и убаво, та за мене стана вистина. :)
 
БОЖЈИОТ ЗБОР е ЕДЕН и ЕДИНСТВЕН!
ТОЈ е МИЛОСТ, ПРАВДИНА, СЛОБОДА, СВЕТЛИНА, ...!
Што поблиску до Него, во Него, со Него, тоа поголем верник е човекот!

Собирањето на верските собиралишта и читањето на Библијата без вистинска вера во БОЖЈИОТ ЗБОР (ХРИСТОС), не значи автоматски дека човекот е вистински верник. Нели?

Мора да признаам многу подобро го дефинираше од мене. Но земено како такво може да се види кои се верниците, а кои не се. Зошто толку од врвните научници се баш атеисти или пак луѓе кои не веруваат во многу од концептите на бога (на пр: адам и ева). Зошто овие големи верници не ги водат поголемиот дел од откритијата туку тоа го прават овие другите.

Дали е можеби технологијата дадена од ѓаволот? (за сите оние кои велеа дека атеистите уствари ја величат сатаната).
 
Дали е можеби технологијата дадена од ѓаволот? (за сите оние кои велеа дека атеистите уствари ја величат сатаната).

технологијата е мртва природа и нема врска со никакви ѓаољи врагој и драпешници

а библијата како сатанисти ги дефинира

религиите
капитаистите
вастољупците

Демек ете сите си веруваат во ист бог . И угнетувачите и угнетените .
е ама библијата не вика така !


Книга Јов 37 – ред 23 ... Да, не можеме да Го достигнеме Сèдржителот, неизмерлив е во Својата сила и во судот, и во совршенството на правдата, Тој не УГНЕТУВА – ИСКОРИСТУВА – ЕКСПЛОАТИРА НИКОГО .

Евангелие по Матеј 20 - ред 25 ...А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги УГНЕТУВААТ -ИСКОРИСТУВААТ ЕКСПЛОАТИРААТ............(ете што мисли Исус за капиталистите и властољупците)

Посланието на Јаков 2 – ред 6 ....А вие го презревте сиромавиот! Не се ли богатите тие, кои ве УГНЕТУВААТ – ЗЛОУПОТРЕБУВААТ - ЕКСПЛОАТИРААТ и ве влечат по судовите? ..........( ете што кажува апостолот јаков за капиталистите )

Книга на пророкот Исаија14 – ред 12 ... Како падна од небото Деницо ( Бивш Светлоносецу = Сатано ), сине Зорин? Како ли си симнат- соборен на земјата ти, УГНЕТУВАЧУ – ИСКОРИСТУВАЧУ - ЕКСПЛОАТАТОРУ на народите?


ЕТЕ БИБЛИЈА ЗА САТАНИСТИ ГИ КАЖУВА ЕКСПЛОАТАТОРИТЕ – УГНЕТУВАЧИТЕ НА ЛУЃЕТО .
А експлоататори се Религиите Капиталистите и Властољупците . Нив библијата ги посочува како вистински Сатанисти џабе овие напаѓаат други за да свртат внимание од себе .
 
...Зошто толку од врвните научници се баш атеисти или пак луѓе кои не веруваат во многу од концептите на бога (на пр: адам и ева). Зошто овие големи верници не ги водат поголемиот дел од откритијата туку тоа го прават овие другите.

Како прво: Ветерот дува каде што сака ...! (Јован.3:8)

Како второ: На вистинскиот верник на прво место му е Љубовта БОЖЈА а не сознанието на себе, бидејќи без неа (Љубовта) , сё друго е ветер и магла и дури многу поопасно, многу поштетно од ветер и магла!

Како трето: Имало, има и ќе има Чеда БОЖЈИ кои имаат сознанија и техники за кои светот сёуште не е способен да ги носи. Некои од ними ќе беше и подобро да не се открија и станаа достапни за широките неверни маси .




Дали е можеби технологијата дадена од ѓаволот?

Ако се употребува против ЦАРСТВОТО БОЖЈЕ, тогаш со право би можело така да се рече.

За што (ќе) ја употребуваме ние двајца Игоре?

поздрав

п.с. Те молам не ми замерај што те наречувам Игор! :smir:

Спирос, јас мислам дека она Христовото - блажени се оние кои не виделе, а поверувале, се мисли на оние кои го прифатиле Евангелието со срце, а не на оние што само се колнат дека Евангелието е буквална вистина а ја немаат вистинската вера. И тие луѓе што го виделе Исус со свои очи секако поверувале во него, т.е. во самото негово постоење но колку имале вера во него...

Потполна согласност!

Би рекол, вера не е само - не знам дали e вистина но верувам дека е така. Вера е би рекол и - знам дека не е вистина, но толку е моќно и убаво, та за мене стана вистина. :)

Непотполна согласност!
 
Добро ти БОГ дал!

Игорче , секој здив е еден прекрасен дар!
Одсрце секому посакувам, ослободување од противењето кон Небесниот ЦАР!



Зошто барале верувајќи дека ќе откријат!
Зошто
Милоста БОЖЈА е несватливо поголема од сите човечки мисли!

Кога би ти кажал сега некој (повикувајќи се на ЕВАНГЕЛИЕТО) дека не само патувања низ просторот туку и низ времето се можни и ќе дојде ден кога ќе патуваме.
Што би помислил ти: Можно ќе е или не е можно туку само е симболички мислено?


Поздрав

п.с. Многу “неверници“ веруваат многу повеќе, од што самите знаат
Многу “верници“ многу помалку, од самите што се праат!

Толку е голема, а сепак ако не веруваш во него ќе гориш во пеколот, контрадикторно нели? :)
 
Толку е голема, а сепак ако не веруваш во него ќе гориш во пеколот, контрадикторно нели? :)

Милоста БОЖЈА (ХРИСТОС), воопшто не е контрадикторна!

Кој и врти грб и ја отфрла, самиот се фрла во пекол!

Ти посакувам да бидеш во рај!
 
Милоста БОЖЈА (ХРИСТОС), воопшто не е контрадикторна!

Кој и врти грб и ја отфрла, самиот се фрла во пекол!

Ти посакувам да бидеш во рај!

Фала, исто и јас на тебе доколку постои :) Само ти ставив во болд нешто што беше контрадикторно, види пак :)
 
Фала, исто и јас на тебе доколку постои :) Само ти ставив во болд нешто што беше контрадикторно, види пак :)

Контрадикторноста е во твоите мисли!

Рајот постои!:)
 
Spiros сез:
Зошто барале верувајќи дека ќе откријат!
Зошто
Милоста БОЖЈА е несватливо поголема од сите човечки мисли!

Xak сез:

Толку е голема, а сепак ако не веруваш во него ќе гориш во пеколот, контрадикторно нели?

На ова мислев :)
Како и да е, за разлика од другите верски фанатици на форумов, доста позитивен си ми и ми изгледа ко да практикуваш доста од тоа што ти го говори религијата, а не идеш инквизиторски :)

И не сум го видел рајот ни познавам некој што го видел и се вратил да каже така да, сеуште немам доказ дека постои : ))
 
...
И не сум го видел рајот ни познавам некој што го видел и се вратил да каже така да, сеуште немам доказ дека постои : ))

Јас го видов мојот син на 4 годишна возраст, како игра со мене во дворот, се затрчува, ме гушнува и извикува на немакедонски јазик: тато!

Кога и го кажав ова на мојата жена - која беше бремена со него а докторите (меѓу најдобрите во европа) велеа според налазите дека кога ќе се роди бебето или ќе умре веднаш, или после најтешки можни операции ќе живее како инвалид до крајот на својот живот - таа ми врисна, ми кажа дека не сум нормален и дека припаѓам во болница ...!

Искрено да ти кажам, ми ја разниша верата и безнадежен си отидов да легнам. Кога го отворив јорганот - како би легнал да спијам - живите слики од мојот син, повторно ми излегоја! Со истата боја на коса, очи, тен, ... како што и го опишав на женами претходно!

После (отприлика) 4 години баш тие слики се исполнија. Мојот син беше баш така како што и го опишав на женами , наспроти сите негативни лекарски прогнози. Кога тој се стрча во дворот и рипна во мене - извикувајќи го баш тој збор - си помислев “ ех каде е женами да го види ова„! Кога се завртев, таа беше зад мене без зборови, со солзи во очите само ја климаше главата.

ИСУС е ЖИВ! АЛАХ УЕГБЕР!

п.с. Мојот син денес е носител на повеќе школски медалји во атлетика:pehar:

Ќе гориш у пеколот.:nenene:

СЕ зафркавам.:pos2::pos2:

Волјата БОЖЈА е сите да ја прифатат Милоста БОЖЈА (ХРИСТОС) и со тоа да бидат спасени!

Ова е потполно сериозно!
:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom