El 'Borracho
Riot Maker
Ако сега дојди моето идно јас, само тогаш јас во иднина ќе можам да се вратам назад во овој период. Тоа е заебано значи. Имаш период кој се повторува а не се знае кога почнал
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еј а дали сте размислиле дека моментално патуваме во времето? Сепак одиме во иднина. Мислам дека прашање е дали може да се патува во минато во иднина самите сме сведоци дека може. Е сега прашањето е со која брзина?
Море дај не треси, ти нема везе муабетот.Пример:
Се конструира машина за патување низ времето и на пр. таа би работела така што би го забрзувала времето нанапред или наназад.
Тие што ја контролираат ќе си имаат мерач со колкава брзина оди нанапред или наназад и тоа ќе се прикажува на бројач и така би одредиле во кое време сакаат да појдат.![]()
Е баш така дуле. Ние ако патуваме низ времето, ќе патуваме низ 5-тата димензија оти всушност она го содржи целото време, само прво треба да успееме да ги *пробиеме* четвртата и петта димензија, а како би го сториле тоа е под знак прашалник.Хм, имам на разни форуми објаснувано прилично големи постови на темава, сега ќе се обидам да бидам краток, можеби и неасен, таа да ако им прашање прашајте ќе се обидам да објаснам.
Значи ние сега патуваме во време, само линеарно во една насока со иста стапка.
Јас мислам дека тоа патување низ време претставено по филмовите може да се изведе само низ одење во други димензии.
Овде малку ќе се објаснам:
Се почнува од точка, т.е. ништо, таа е беспросторна бзвременска итн.
1 димензија е една линија, каде во таа линија има бесконечно точки(како што сме учеле по математика:helouа тие точки рековме се прва димензија, што значи во 1 димезнија има бесконечно точки.
За 2 димензија е ист принципот зошто до 1 димензија имало само должина , а сега додаваме ширина, и автоматски ако до тогаш сте немале ништо, па сега додадете нешто, тоа нешто е бесконечно пати поголемо од претходното, само да не заборавам дека си ја задржува својата должина и ја додава ширината.
3 димензија е исто, имаме ширина, должина, и додаваме нешто ново, дебелина, каде нормално има бесконечно ширини и должини.
ДОбар пример за 3 димензија е ако сте биле во месара, таму шумка или кашкавал ви сечат. До тогаш кашкавалот е коцка има 3 димензии, и сега вработениот почнува да го сече и испаѓа на крај 20 парчиња, каде тие 20 парчиња си ја имаат ширината и должината само е поделена дебелината.
Е сега замислете таа дебелина може теоретски да се подели на бесконечно парчиња.
И како што заклучивте до сега, секоја димензија има исти карактеристики, што мора да ги има.
Тоа е дека секоја наредна димезнија ја содржи претходната димезнија бесконечно многу пати.
Значи ако тоа стана јасно да продолжиме понатаму.
Првите 3 димнзии ги знаете се просторни, 4 ја знаете дека време, наредните димензии се бесконечни вариации од претходните т.е. 5 димезнија би била паралелна диензија.
Таа 5 димезнија има бесконечни варијации од 4 димензија(која е нели времето) и слободно може да се претпостави дека 5 димезнија е уствари целото време и простор од почеток до крај, и ако би се движел во таа димензија би се движел и низ времето.
За наредните димезнии другпат:baeh:
види колку интересно е срањево наречено време. да речиме дека е 4та димензија. ако е димензија не можи да се враќаме наназад. имаш 3 димензии: ширина, висина, должина и секоја од овие димензии има позитивна вредност така? значи можи да си висок 180цм, широк 60цм и така натаму ама никогаш неможи да бидиш -100цм висок или -60цм широк или било колку во минус. ако е 0 значи не постои во просторот и ние нема да го видиме. ок. дотука мислам дека е јасно. е глеј сеа. времето се дели на сегашност, иднина и минато. Сегашност ти е дел од стотинката, еден момент и тој момент претставува нулата.... се зад него е значи минус т.е. минато. А еве погоре наведив дека нема димензии во минус, т.е. не ги гледаме, не постојат разбираш? и сеа ако времето е димензија значи дека нема минус и испаѓа нема минато. Ама ние знајме дека има минато, сведоци сме на ( барем јас на 17 години минато односно -17 години ако земеме времето да е димензија), и значи времево не е и баш димензија. Второ. Ниедна друга димензија не ја променува почетната точка односно нултата точка, а времето постојано ја менува и ја менува и нема да престани поместувајќи ја нулата накај позитивата.
@ IksonamzuK
Во антиматеријата важат класичните закони на физиката за маса, тежа и сл.?
Има појави во природата кои не можат да се опишат и објаснат како шо досега се мислело.
Истото е и за црните дупки. Значи штом има тела со негативна маса, сигурно има и тела со негативни димензии а со тоа и можеме да патуваме низ времето.
Дури и се што гледаме во моментов се слики од минатото, зависно од тоа колку време е потребно за дразбата стигне до окото и до се преработи во мозокот.
Па антиматеријата има негативна енергија, а според ајнштајновата E=m*c^2 излегува дека има негативна маса, нормално не може светлината да има негативна вредност.не разбирам. кои се тела со негативна маса?
Е баш така дуле. Ние ако патуваме низ времето, ќе патуваме низ 5-тата димензија оти всушност она го содржи целото време, само прво треба да успееме да ги *пробиеме* четвртата и петта димензија, а како би го сториле тоа е под знак прашалник.
Никогаш нема да има напредок дури димензијата време се зема иста како димензијата простор. Двете се потполно различни. Некои веруваат и дека не постои димензија време.... имав еден пост чекај....
Па антиматеријата има негативна енергија, а според ајнштајновата E=m*c^2 излегува дека има негативна маса, нормално не може светлината да има негативна вредност.
Просто 3 димензионално размислуваме, и не сваќаме, види клипот и ти има и за ова дел.
Теориите се дека капка антиматерија ќе ја изеде секоја материја што ќе ја допре.
Тоа е ланчана реакција, до сега не се знае ако се покрене дали воопшто може а се допре и како.
Ја и ти иаме зборено оддамна на друг форум, само дали беше истиот дуле и на форумот каде зборевме се согласивме до 6-тата димензија.Па ние сме 3 димензионални суштества или ентитети каде патуваме низ тие димензии и можеме во целост да ги разбереме.
Најголем проблем е што размислуваме како такви, и тоа уште од почетокот на човештвото па и порано, а прогрес некој поголем во иднина барем јас негледам, може зошто физички сме ограничени на толку се додека сме во овие тела.
Дури и животните верувам колку и да размислуваат размислуваат 3 димензионално(како доказ се движат во просторот т.е. 3 димензии).
Е сега исто така сме во пресрет на 4 димензија време, ама не можеме да ја контролираме како што ги контролираме другите димензии.
Имаме некоја претстава за неа, ама дури постојат многу луѓе што не веруваат дека е димензија, па сега видите колку за разбираме.
5 димезнија пак реков дека го состои целото време од почеток до крај во нашиот паралелен свет.
Значи има повеќе паралелни светови кој како што сте гледале по филмови се случува скрос нешто друго во исто време, пример диносаурусите никогаш не изумреле и сега 2010 они се на свето.
Или во помал размер, хитлер го освоил светот итн.. мисламме сваќате.
Е тоа луѓе е 6 димензија, ги содржи сите 5 димензии т.е. цел простор цело време па и сите можни варијанти од почеток до сега.
Значи јас сомоето размислување пред 2-3 години стигнав до овде, 6 димензија.
После тоа се заинтересирав да видам дали сум бил во право, па дури на момент помислив дека можеби сум измислил нешто, ама на жалост или на среќа видов дека тоа постоело, и не само до 6 димензија, туку до 11 отишле научнициве:helou:.
Интересе е фактот што моитемислења се софпаѓаат со тие на научниците барем до 6 до каде стигнав јас, што значи ако ништо друго има тука нешто вистине, неможе на различну луѓе да им текне исто нешто во различен период и место а да не држи вода.
Еве за што зборам, само имам јас еден комфликт измеѓу 4,5,6 димензија.
Еве за поредба видете клипов и разгледајте пишуваново.
Просто 3 димензионално размислуваме, и не сваќаме, види клипот и ти има и за ова дел.
Вака, иаме лист хартија (аман ова е објаснувано веќе милион пати),
со должина и ширина од по 20 цм. Најкраткото растојание меѓу почетокот и крајот на листот при нормални услови е 20 цм. Е сеа, ако некоја будала го свитка листот растојанието ќе биде нула меѓу почетокот и крајот. Шо заклучува сеа?
Дека ако и нашиот универзум го свиткаме така ќе можеме да патуваме од една во друга точка во универзумот без временски да бидеме зависни (за 0 време ќе стигнеме каде и да посакаме). Ја најдовме поврзаноста меѓу времето и просторот? - Ја најдовме.
Е сеа, бидејќи ќе го разгледуваме универзумот како 4д, а не како 3д, значи од почетокот до крајот на времето е нашиот универзум, а не само во еден одреден момент, ќе можеме да патуваме и низ времето (рековме времето и просторот се поврзани) само шо треба да го свиткаме листот, односно универзумот. Ни треба врска шо ќе не однесе од еден до друг крај на универзумот. Црна дупки = влез, бела дупка = излез. Држи место? xD
Ваљда мислиме исто со професорот.за се си во право, ова го кажуваше еден Кинез професор во еден американски факултет таму незнамама за едно нешто грешиш. Тоа најкратко растојание кое го кажуваш е црвја дупка, а не црна дупка.... има разлика меѓу нив