Хм, имам на разни форуми објаснувано прилично големи постови на темава, сега ќе се обидам да бидам краток, можеби и неасен, таа да ако им прашање прашајте ќе се обидам да објаснам.
Значи ние сега патуваме во време, само линеарно во една насока со иста стапка.
Јас мислам дека тоа патување низ време претставено по филмовите може да се изведе само низ одење во други димензии.
Овде малку ќе се објаснам:
Се почнува од точка, т.е. ништо, таа е беспросторна бзвременска итн.
1 димензија е една линија, каде во таа линија има бесконечно точки(како што сме учеле по математика:helou

а тие точки рековме се прва димензија, што значи во 1 димезнија има бесконечно точки.
За 2 димензија е ист принципот зошто до 1 димензија имало само должина , а сега додаваме ширина, и автоматски ако до тогаш сте немале ништо, па сега додадете нешто, тоа нешто е бесконечно пати поголемо од претходното, само да не заборавам дека си ја задржува својата должина и ја додава ширината.
3 димензија е исто, имаме ширина, должина, и додаваме нешто ново, дебелина, каде нормално има бесконечно ширини и должини.
ДОбар пример за 3 димензија е ако сте биле во месара, таму шумка или кашкавал ви сечат. До тогаш кашкавалот е коцка има 3 димензии, и сега вработениот почнува да го сече и испаѓа на крај 20 парчиња, каде тие 20 парчиња си ја имаат ширината и должината само е поделена дебелината.
Е сега замислете таа дебелина може теоретски да се подели на бесконечно парчиња.
И како што заклучивте до сега, секоја димензија има исти карактеристики, што мора да ги има.
Тоа е дека секоја наредна димезнија ја содржи претходната димезнија бесконечно многу пати.
Значи ако тоа стана јасно да продолжиме понатаму.
Првите 3 димнзии ги знаете се просторни, 4 ја знаете дека време, наредните димензии се бесконечни вариации од претходните т.е. 5 димезнија би била паралелна диензија.
Таа 5 димезнија има бесконечни варијации од 4 димензија(која е нели времето) и слободно може да се претпостави дека 5 димезнија е уствари целото време и простор од почеток до крај, и ако би се движел во таа димензија би се движел и низ времето.
За наредните димезнии другпат:baeh: