A
anaveno
Гостин
Георги Радулов-Радуле: Вистината за македонската историја
Во 548 година Словените ја опустошиле Илирија, а во 549 година стасале до долината на Места и го презеле градот Топер, блиску до Егејско Море. Градот бил опустошен.
За Ромеите Словените се див и жесток народ. Еве што за нив пишува современикот на тие настани Прокопиј: „Уште кога Словените се нафрлија во земјата на Ромеите, тие ги заклаа сите што им паднаа во раце, без разлика на старо и младо. Цела Илирија и Тракија беа послани со трупови, повеќето оставени непогребени...“
Словените и другите варварски племиња разурнале многу градови во Македонија. Некои од нив долго не биле обновени, а некои исчезнале засекогаш. Таков е случајот со античкиот Александропулос (денешен Сандански). Во 559 година Словените одново дошле до Македонија. Сериозно словенско разурнување се случило во 578 година за време на императорот Тибериј. Бидејќи тој бил во војна со Персија, го повикал на помош против Словените аварскиот хан Бајан. Аварите разурнале неколку словенски села. Набргу потоа тие нападнале и византиски крепости. Влошувањето на аварско-византиските односи било искористено од Словените. Голема словенска маса ги опустошила Тракија и Елада (а веројатно и Македонија). Современикот на тие настани Јоан Ефески, кој живеел кон крајот на 6 век, напишал: „Тие ја опустошуваат, ја палат и ја ограбуваат државата... Тие станаа богати, имаат злато и сребро, ергели коњи и многу оружје“.
Постепено, Словените се населиле на територијата на Македонија и на други балкански држави. Од словенските племиња што се населиле во Македонија се знае за Березитите (Брсјаците), кои се населиле по долината на реката Црна, Стримонците што се населиле по долината на реката Струма, Драговитите што се населиле покрај реката Бистрица, Ринхините што се населиле на полуостровот Халкидики, Смолјаните што се населиле меѓу Струма и Места и др. За време на првите децении на 7 век на целата територија на Македонија и Грција се појавиле словенски населби. Словенскиот елемент во Македонија, Тракија и Грција се зголемува при населувањето на Турко-Бугарите (681 година).
Населувајќи се во христијанска држава, словенските колонисти лека-полека требало да ја примат религијата на своите соседи христијани, покрај кои живееле, а од друга страна и поради строгите заповеди на Јустинијан против неверниците и еретиците и немањето милост за која било друга вера освен христијанството. Христијанството многу помогнало за хомогенизација на македонскиот народ. Примањето на единствена вера ги надминува религиозните пречки при склучувањето бракови меѓу млади од различни етнички групи.
Доселените словенски племиња во Македонија, заедно со староседелците, создале своја држава, позната во литературата како Славунија (Склавинија). Тие прават големи напори да ја зајакнат државата и да излезат на море. Во 597 година тие го опседнале Солун и отпочнале борби за да го преземат. Опсадата завршила безуспешно. Според други историски наоди, првиот напад на Словените на Солун бил во 584 година. По две години тие повторно се обиделе да го преземат градот. Во периодот од 614 до 616 година тие и трет пат го нападнале. Во 618 година одново се обидуваат да го преземат големиот град во сојуз со Аварите. Словенскиот кнез Хацон успева да се провлече низ една од вратите на градот, но бил фатен и убиен. По неуспешниот напад Аварите се повлекле, а Словените склучиле примирје што траело до 674 година. Таа година Словените одново го нападнале Солун. Како повод за тој напад било искористено заробувањето на водачот на Ринхините, кнезот Пребонд. При оваа опсада Словените не биле единствени. Војувале Ринхините, Сагудатите и Драговитите. Струмјаните не зеле учество во опсадата, а Велегезитите не ги прекинале добрите односи со Солун и продолжиле да ги снабдуваат солунчаните со храна.
Во 658 година византискиот император Констанс Втори и објавил војна на Склавинија. Во војната не можел да победи, но успеал да натера дел од македонските Словени да ја признаат царската власт.
Георги Радулов-Радуле: Вистината за македонската историја
Словенскиот елемент во Македонија, Тракија и Грција се зголемува при населувањето на Турко-Бугарите (681 година). ..KAKO TOA?
Населувајќи се во христијанска држава, словенските колонисти лека-полека требало да ја примат религијата на своите соседи христијани, покрај кои живееле, а од друга страна и поради строгите заповеди на Јустинијан против неверниците и еретиците и немањето милост за која било друга вера освен христијанството.

Прокопиј: „Уште кога Словените се нафрлија во земјата на Ромеите, тие ги заклаа сите што им паднаа во раце, без разлика на старо и младо. Цела Илирија и Тракија беа послани со трупови, повеќето оставени непогребени...“

Јоан Ефески, кој живеел кон крајот на 6 век, напишал: „Тие ја опустошуваат, ја палат и ја ограбуваат државата... Тие станаа богати, имаат злато и сребро, ергели коњи и многу оружје“.

kade otidoa sosedite.ednash zaklani,drugpat :back: so slave.....
znaeme za voskresnuvanje vo hristijanstvoto,ama sto cudo ke da bese ova...
i t.n...