Bratot
Стоик и Машкртник!
Стефан Запоја, Полска
Анализирајќи ја литературата посветена на хералдиката и на полската "шлахта" (средна класа), воедно обидувајќи се да го потенцирам нејзиното припаѓање на словенскиот народ, на почетокот се решив да илустрирам краток опис од историјата на Словените.
Материјали за подготовка на ова научно дело земав од германоскојазичните и чешкојазичните експерти по Хералдика, како и од делата на полскиот историчар и хералдичар, кој твореше во завршницата на ренесансата, Бартоломеј Папроцки.
Токму тој Бартош, како што луѓето го нарекуваат, на емиграција ги подготвуваше хералдичките книги за шлонската, моравската и чешката шлахта. Овие книги започнуваат со опширен вовед за потеклото на словенскиот народ.
Пишувајќи за потеклото на словенскиот народ, односно за неговата историја на терените на западното словенство, авторот цитира најмалку 50 историчари кои истражувале пред него, на чело со грчкиот Херодот. Не би сакал да се распишувам, бидејќи тие работи ќе бидат објавени во подготвуваната од моја страна книга, но би сакал да презентирам неколку заклучоци кои произлегуваат од делата на Бартош.
Именот, тој тврди дека во Стариот век Словените живееле на Балканот, а попрецизно на терените на поранешна Југославија и оттаму се прошируваат брановите на нивните староседелства во Европа, при што тие се населиле на терените на кои денес живеат Западните Словени.Во денешно време, базата на тогашните Словени се лоцира на терените околу Каспиското Море. Оттаму при крајот на Стариот век тие преминале на терените на денешна Средна Европа, а меѓу V и VI век од новата ера се населиле на Балканот.
Сепак, тука бев принуден да заземам ист став како Бартоломеј, бидејќи ако не го поддржев, тогаш би ги анулирал неколкувековните достигнувања на чешката и полската историографија.
Сигурен сум дека Папроцки не би можел да греши, повикувајќи се на наведените еминентни претходници. И така, на пример, тој го цитира Длугош, кој директно тврди дека Словените заедно со Илирите дошле во Европа, со Еолите, Јоните и Хелените, односно Грците, во периодот меѓу ХХ и ХХV век пред нашата ера, населувајќи се во Далмација (Словените) и во Албанија (Илирите). Длугош исто така тврди дека Словените, кои во тоа време биле нарекувани Вандали, и Илирите мошне добро се разбирале, кога живееле едни покрај други, со што се докажуваат нивните заеднички корени. Затоа современото мислење, дефинитивно во епохите на Ренесансата и Позитивизмот не може да се прифати, бидејќи тоа мислење е резултат на едно фалсификувано германско размислување кое ги негира неколкувековните достигнувања на западнословенската историографија.
Имено, имајќи предвид дека Илиро-Вандалите живеат најмалку 4.000 години на Балканот, тогаш најголемиот војсководач во Стариот Век истовремено најмоќниот крал, Александар Велики, нарекуван Македонски, од родот на Аргеадите, син на Филип Втори, кралот на Македонија (поразител на нашите братучеди, Грците, во битката под Херонеја во 338 г. п.н.е.) не бил никаков друг Македонец, туку наш Македонец Словен со илирски домошки.
Од ова произлегува дека денешните Македонци се наследници на античките Македонци, кои ја создадоа најмоќната античка империја на европската цивилизација. Денеска се тврди дека Александар владеел само 13 години, а Првата книга на Махабеј со наслов: "Александар Велики и неговите наследници" докажува дека Александар умрел по 20 годишно владеење, по што неговите војсководачи ја преземале власта од него и владееле секој во својот регион. Папроцки исто така тврди дека споменатите историчари се многу залужни за словенскиот народ, тврдејќи дека токму од Александар Велики, Словените во 311 година пред раѓањето на Исус Христос добиле писмо напишано на грчки и латински јазик, во кое Александар за нивните услуги им ги подарил Панонија и Бохемија.
Значи Александар владеел од 331 до 311 година, а не во годините 336 - 323 пред н.е. како што по грешка денес се тврди.
Во истата книга исто така се тврди дека тој тргнал да се бори против кралот на Персите и Медите Дериуш, од државата Китти, која денес се дефинира како Грција. Сепак, станува збор за грешка, бидејќи не станува збор за Грција, туку за Скитија, бидејќи Семитите, а попрецизно Евреите во Стариот век се нарекувале Скити.
Во овој контекст исто така треба да се потенцира дека Македонците ја донеле светлината на Евангелијата кај Западните Словени, преку светите браќа Кирил и Методиј, луѓе со огромно знаење и уште поголема вера.
Продолжувајќи по истата трага, Латините, односно Римјаните се всушност грчко-словенска мешавина, затоа што Италиковите, се всушност Итаките, односно Грци од островот Итака.
Исто така Сабиновите се всушност Сарбинови, односно Срби, а Ертусковите се Илрсукови, односно Илири, исто така нарекувани Албани, односно Албанци. Во суштина не постоеле такви германски племиња како Вандали, Маркомони, Свебови, Квадови, Бојови и Гоци, бидејќи тоа всушност се видоизменети имиња на словенски народи. И така Германите се всушност Теутони. Тие не го предизвикале распадот на Западно-Римското Царство, со своите напади, туку го посетувале Рим, во својство на робови...