И после Охриѓаните не чинеле:)

  • Креатор на темата Креатор на темата KIFFLA
  • Време на започнување Време на започнување
Мене тато и мама не ми го даваат светов на дланка,за да викам се е ефтино тука.
Не е ефтино,ни за вас не е ефтино,ни за мене..па еве ме пак жива сум со сите органи во мене.
Јас кај и да одам,ако нема ценовник културно ќе си прашам колку е кафето или тостот или незнам ти шо.
Ако не ми одговара,не ме врзале со синџири да морам да седам и да нарачам.

Ако зборуваш за пицеријана "Коза Ностра"..колку шо знам хамбургери таму нема..
ЕМКА??

Не знам за која се работи али за пицерија не ми изгледаше таа.

Епа добро и да не прашаш колку пари е, на крај бараш фискална така? Побаравме, рече нема. Ни го донесе менито, на него цените не беа напишани, односно избришани беа значи за време на сезона. И на крај ни напиша на парагонче колку треба да си платиме.
 
Охрид имат езеро. Историски знаменитости.
Скопје имат трговски центри големи, саеми, опери, театри.
Шо имат во помалите градови? м?

А си прошетала да ги видиш убавините на другите градови или си заглавила во Охрид???
 
Охрид имат езеро. Историски знаменитости.
Скопје имат трговски центри големи, саеми, опери, театри.
Шо имат во помалите градови? м?

Офф па баш поради тоа зашо да се дигаат цените, зошто секој граѓанин во држава да не може да си допушти еден одмор до Охрид или вие мора да ги цедите туристите кој дошле да заборават на секојдневните проблеми што ги имаат а се претежно финансиски и оп наидуваат на бариери поради недоволни парични средства...:toe:
 
А си прошетала да ги видиш убавините на другите градови или си заглавила во Охрид???

Сум заглавила. Посебно налето ко ке е +40 и ко ке морам на плажа да одам.
 
Добро е што не ви фрлиле некоја кашикара место јајца. Па да ме малтретира некој цело лето, така има да му се осветам па што сака нека биде:smir:

Со јајца? Ќе фрлаш по куќи? На 20 години? Ти се дивеам на паметот еј!
 
Офф па баш поради тоа зашо да се дигаат цените, зошто секој граѓанин во држава да не може да си допушти еден одмор до Охрид или вие мора да ги цедите туристите кој дошле да заборават на секојдневните проблеми што ги имаат а се претежно финансиски и оп наидуваат на бариери поради недоволни парични средства...:toe:

А мојте секојдневни проблеми? Или за да ти олеснам да те пуштам да спијаш со мене в кревет да спијаш зошо немаш финансиски средства? За да заборајш на твојте секојдневни проблеми. Мене кој ме шишат.
 
Сум заглавила. Посебно налето ко ке е +40 и ко ке морам на плажа да одам.
Епа земи малце прошетај по други градови види ги и другите убавини на Македонија.
 
Епа земи малце прошетај по други градови види ги и другите убавини на Македонија.

Сум ги прошетала и тие во и тие надвор од Македонија. Срамота ќе е да речам дека Лескоец, село до Охрид, имат поголемо осветлување од Ресен, без навреда до Ресенчани.
 
А мојте секојдневни проблеми? Или за да ти олеснам да те пуштам да спијаш со мене в кревет да спијаш зошо немаш финансиски средства? За да заборајш на твојте секојдневни проблеми. Мене кој ме шишат.

Можи јас(+ не сум скопјанец + знам охридски) ?
 
Абе Охрид е најубав град во Македонија,а ако го средат малце може и на балканот еден од најубавите да биде.Ама градот си има една мана,ко што ќе рече мајка ми(која е охриѓанка BTW) Охрид без охриѓани рај на земја или вујко ми ко што ќе рече Господ дал убавина на погрешни луѓе кога збори за Охрид.
Јест да има сељачишта што доаѓаат во Охрид и прават глупости,но и ориѓани претеруваат.Се што е од Скопје не им чини.Не се само скопјани проблемот,него кој и да дојде не им чини,не сум видел турист да им се погоди,по мерка да им биде.Најдобро би им било оставете ги парите,а не ни мора да доаѓате.
Епа драги охриѓани,сакате туризам-трпете малце(нормално не клошарите да ги трпите,ама не и да истурате бес кон секој што дошол да ви го види градот и да остави некој денар кај вас).
 
Како може во помалите градови луѓето што имаат отворено кафичи и живеат само од тоа да имаат господски живот, а вие не можете оти имате големи давачки...или сакате да живеете у луксуз???
Епа у држава во која 90% од луѓето се обидуваат да опстојат ден за ден нема мн луксуз...не сте вие ништо повеке од сите останати...треба се да се прилагоди според стандардите...
плус разговарам со деца што се од Охрид и они сами викаат дека цените им се високи...значи чим они се бунат шо да речеме ние дојденците...колку и да сакаш да се опуштиш не можеш со 200 евра можеш да минеш убаво за десет дена ама нема секој толку...
 
Сум ги прошетала и тие во и тие надвор од Македонија. Срамота ќе е да речам дека Лескоец, село до Охрид, имат поголемо осветлување од Ресен, без навреда до Ресенчани.

Очигедно е дека немаш прошетано. Што подразбираш ти под осветлување?

Темава чупо не е за Лескоец.
 
Сум ги прошетала и тие во и тие надвор од Македонија. Срамота ќе е да речам дека Лескоец, село до Охрид, имат поголемо осветлување од Ресен, без навреда до Ресенчани.

Зборам за други туристички места само Охрид не е туристичко место и не зборам за инфраструктура зборам за поголема забава и подобар одмор мене искрајно ме боли стојко колку улични светилки има Охрид колку има Ресен. Не се сеќавам ама беше пред многу години со моите бевме во Охрид и да посетиме црква не ми текнува како се вика и на врата стои еден и вика за возрасни 50 ден за деца бесплатно а бе и за во црква да се наплаќа тоа е стварно крајност :nenene:
 
Очигедно е дека немаш прошетано. Што подразбираш ти под осветлување?

Темава чупо не е за Лескоец.

Дечко, си поминал од Лескоец ко ке идаш накај Охрид? Ал не си дојден навака последно време? Ресен бев неделата, помалце осветлен беше од Лескоец.

Зборам за други туристички места само Охрид не е туристичко место и не зборам за инфраструктура зборам за поголема забава и подобар одмор мене искрајно ме боли стојко колку улични светилки има Охрид колку има Ресен. Не се сеќавам ама беше пред многу години со моите бевме во Охрид и да посетиме црква не ми текнува како се вика и на врата стои еден и вика за возрасни 50 ден за деца бесплатно а бе и за во црква да се наплаќа тоа е стварно крајност :nenene:

Зошо? Во Аја Софија се наплаќат влез. 20 евра.
Кај нас се наплаќет само Св.Софија и Канео чат пат.
А за светилките....ве болеше до пред 2 години и за то. Го средивме то, сеа за друго ве болит. Чаре?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom