Дали луѓето се менуваат?

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ме интересира, што мислите, кога ќе кажете за некој човек дека се сменил, дали тој човек навистина се сменил или само го покажал своето вистинско лице?

Не мора да биде само менување за лошо, може и за менување кон добро...

Прашањето е колку луѓето навистина може да се сменат?

Велат: Волкот го менува влакното, но наравот не.

Дали се согласувате со тоа или сепак не?

Дали мислите дека е можно човек да се смени на подобро или полошо?
Или сепак, луѓето не се менуваат, туку едноставно им паѓаат маските. Маски кои некого го прават заштитен од повредување и маските кои служат за манипулација.

Може ли да се случи човек да го поттиснува својот карактер и чувства во себе и одеднаш да изплива се на површина, а околината да мисли дека тој човек се променил?
Да, постојат маски, но постои и вистинска промена. Искуството, животните ситуации, со текот на времето можат да не однесат на пат за кој не сме ни сонувале. И можат да го променат човек за 360 степени. Зошто е тоа така? Секогаш има различни причини. НО, како минуваат времињата се менуваат размислувањата, ставовите, искуствата, погледите кон животот добиваат различна смисла, и сето тоа зависи од менталниот развој, односно на кој пат тој се развил, за што пак пресудно влијание има околината. Различните животни ситуации можат некогаш и несвесно да влијаат на човека, со што таа промена може да е на почетокот минимална, но со текот на времето да прерасне во драстична. Убаво е кога човек ќе се промени на подобро, и можно е, само ако се има силна волја и трпение, но лошо е кога некој ќе се промени негативно, ќе се повлече во себе и сл.
Да, верувам дека во суштина длабоко во себе не се менуваме, односно секогаш го имаме сочувано коренот, односно има барем минимални остатоци од она што некогаш сме биле. Но, во колкава застапеност тие ќе постојат зависи од нас, и од степенот на промена. Но, ова не значи дека човек ако се променил на подобро длабоко во себе сеуште ги носи поранешните негативни особини, туку ова повеќе се однесува на одредените животни ситуации кон кои сеуште длабоко во себеси не остануваме рамнодушни, макар колку и нашата промена да го навестува тоа. Е сега, што е однесува до вистинското лице, не мора да значи дека тоа било отсекогаш такво. Кога на некој му немаш згрешено, нема причина и затоа не покажува такво лице. Но, кога со нешто некој ќе го заслужи тоа, тоа не значи дека личноста отсекогаш била таква, туку еднставно била испровоцирана да се однесува така, односно да го покаже и своето друго лице. Но, тоа не е вистинското лице, туку едноставно однесувањето се прилагодува на промените кои настанале во односот со другата личност. И не, никој не може да го потиснува својот карактер, и одеднаш како што велиш тој да исплива на површина. Туку, како што веќе кажав можно е само одредена ситуација да ја испровоцира личноста да се однесува поинаку, и како што можеби не е типично за неа, што не значи дека кон сите луѓе и секогаш ќе биде таква. На крајот на краиштата, сите ние понекогаш си имаме такви мигови, што го сметам за сосем нормално, но секако од самата личност зависи како ќе го манифестира тоа, и во зависност од тоа ќе остави различни впечатоци.:smir:
 
G

GoddessOfRock

Гостин
’’Волкот го менува крзното, но ќутот НИКОГАШ“ - Убава поговорка е тоа. На секој човек карактерот, егото му се создав уште го се наоѓа во стокмакот на мајката. Таму се создава карактерот на луѓето и тој никогаш не се менува. МОжеби човекот ке се научи да молчиповеке- ама никогаш и да не се противи или буни против се. Можеби ке научи повеке-но и никогаш нема да престане да се кара за нешто неточно. Човекот може да стане посвесен за тоа што се случува околку него-но неговите реакции и размислувања ке останат исти. Никогаш тој не се менува- а ако помислите на тоа огаш знајте дека тоа е само МАСКА
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
’’Волкот го менува крзното, но ќутот НИКОГАШ“ - Убава поговорка е тоа. На секој човек карактерот, егото му се создав уште го се наоѓа во стокмакот на мајката. Таму се создава карактерот на луѓето и тој никогаш не се менува.
Извини вака што ќе те цитирам, ти веруваш во судбина?
И дали искрено мислиш дека криминалецот е криминалец и готово, тоа му е предодредено уште во стомакот на мајката и што да направи овај нема промена.
Искрено јас мислам дека НЕ Е ТАКА.
 
Не верувам во судбина! Туку во тој дел мислев на стварањето на карактерот и на гените, всушност тоа и ги контролира човекчите постапки. Криминалецот е криминалец се додека силно реши и со голема верба во себе дека треба да престане со прекршување на законот. Сепак тоа е дел од карактерот да веруваш во себе. Тој таа карактеристика ја имал и додека прекршувал законот.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не верувам во судбина! Туку во тој дел мислев на стварањето на карактерот и на гените, всушност тоа и ги контролира човекчите постапки. Криминалецот е криминалец се додека силно реши и со голема верба во себе дека треба да престане со прекршување на законот. Сепак тоа е дел од карактерот да веруваш во себе. Тој таа карактеристика ја имал и додека прекршувал законот.
Карактерот не е предодреден во гените туку тој се учи, менува со тек на време, додека пак гените си се гени предодредено нешто (големина, боја на очи, пол итн)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Само мртвите не се менуваат.

Дали мислите дека е можно човек да се смени на подобро или полошо?
Или сепак, луѓето не се менуваат, туку едноставно им паѓаат маските. Маски кои некого го прават заштитен од повредување и маските кои служат за манипулација.

Може ли да се случи човек да го поттиснува својот карактер и чувства во себе и одеднаш да изплива се на површина, а околината да мисли дека тој човек се променил?
А што ако всушност станува збор за промена на човекот, која понекогаш се врши толку често што на луѓето им станува необјаснива па ја поедноставуваат со маски. Можеби едноставно маските не постојат туку постојат само лицемерните луѓе и луѓето кои се менуваат и го менуваат своето однесување во зависност од околните фактори.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....
Биолошкиот развиток на човекот ни најмалку не придонесува за тоа каков тој ќе биде во односите со другите луѓе.
Но сакам да одговорам и на едно друго прашање. Оние маски кои се спомнуваат во воведот на темата се всушност она кое ние сакаме другите да го гледаат. Но во суштина, секој за секого знае, какво лице се крие позади таа маска, па колку и да е таа совршена.
Залудно е да живееме во свет во кој ќе мислиме дека секој околу нас може да се промени.
Некаде по форумов некој спомена дека човекот се менува исто како и природата. Имам одговор и за тоа. Природата, да се менува. Овие милиони милијарди години развиток ја направиле многу поразлична од порано. Сепак, таа во сушитна е се уште природа, и колку и да се менува површно, јадрото останува исто. Потполно е исто и со луѓето... Во животот се менуваат милиони маски, лицемерието преовладува кај многу луѓе. Но сепак, она што е во срцето и она што е во душата не може да биде сменето од ниту еден фактор...
Во природа е на луѓето да бидат доследни до крај на она што го зацртале. Па токму затоа кога некој ќе се замисли како една личност, и кога тоа ќе почне да го применува на дело, останува доследен на тоа без разлика на надворешните влијанија и фактори кои ќе се обидат да дејствуваат на него.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Во момент на затекнување, да се менуваат. Кога ќе треба да си ветат себе си или да ветат пред некој, моментот го обликува тоа менување. Но суштински мислам дека она што го носиме во нас не можеме да го промениме, дали станува збор за моментална маска или за моментално дејствување не ветува ништо долготрајно.
Мислам дека има многу работи кои се провлекуваат низ животот каде што мора да се потиснат или да се изменат ставовите и начинот на однесување пред јавноста и пред луѓето кои секојдневно не слушаат, но пред себе или длабоко во себе остануваме вистинските ние какви што се знаеме од почетокот.

Да не ја тупам со примери, сепак "еднаш алкохоличар - секогаш алкохоличар" не е така но само пред другите и само под притисок на другите никогаш по сопствена волја, а тоа е токму она што ме тера да мислам дека вистинското лице пред себе е само едно.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
И те како човек се менува. Најчесто станува лош. И да, има и многу што се тешки хипокрити, и изгледаат јагниња, а биле и се крволочни волци. Е, има и такви кои биле јагниња, и сеуште изгледаат така, но станале волци, желни за крв, желни за одмазда, ладнокрвни и бескруполозни....
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Не луѓето не се менуваат. Тој што е ѓубре ке си остане ѓубре цел живот. Навики може да смени, карактер и начин на размислување не може.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сите сме исти, само носиме различни костими. Базата е таа, она што си го преживеал, го носиш изгравирано на душата. Потребна е многу потресна случка за да ти го смени принципот на перцепција. А таа се случува не повеќе од 2 пати во животот. Затоа, гласам дека не се менуваме. Во прашање се нијанси и маски. Глума, прилагодување, но само видливо. Она што е емпириско, не значи дека е вистинско. Под кожата секој си носи различни отпечатоци. Тие не се менуваат за разлика од шминката и фризурата.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Дали ти имаш ист поглед кон работите како што си имала пред 5 години?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Дали ти имаш ист поглед кон работите како што си имала пред 5 години?
Пишав јас во мојот пост на оваа тема дека луѓето го менуваат мислењето 3а нешто, но тоа јас не го сметам 3а некаква промена кај човекот, туку само гледа сега другачије на некои работи.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Дали ти имаш ист поглед кон работите како што си имала пред 5 години?
Пред 5 години јас не сум била оформена личност, за разлика од сега кога сум. И понатамошното мое надоградување, ќе биде со оваа основа која ја имам на моите години. Не може да очекуваш драстична промена и менување од корен, кога се работи за веќе оформен карактер, човек, перцепција и делување.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Пред 5 години јас не сум била оформена личност, за разлика од сега кога сум. И понатамошното мое надоградување, ќе биде со оваа основа која ја имам на моите години. Не може да очекуваш драстична промена и менување од корен, кога се работи за веќе оформен карактер, човек, перцепција и делување.
Дали сметаш дека за 5/10 години, коа ќе имаш работа, деца, ново друштво, ќе гледаш исто на работите?

Пишав јас во мојот пост на оваа тема дека луѓето го менуваат мислењето 3а нешто, но тоа јас не го сметам 3а некаква промена кај човекот, туку само гледа сега другачије на некои работи.
Епа тоа сакав да го постигнам со постот.
Сакам да кажам дека променливоста е дискутабилна, зошто ти менувањето на ставот не го сметаш како промена. Јас незнам што да сметам како промена кај човекот.
Факт е дека она што ти е во ДНК нема никогаш да го смениш, може да го прикриеш, али да го смениш, никогаш. Некој што е кодиран да биде разбојник, што и да направи, нема да се смени, цел живот во затвор ќе го помине, и додека е во затвор ќе размислува како да напраи некоја беља. Еве, размисли малце за браќава, нивната историја како разбојничко племе и нивниот карактер моментално, скоро сите се исти, нормално, мали вариации, небитни..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom