- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 596
- Поени од реакции
- 99
Да, постојат маски, но постои и вистинска промена. Искуството, животните ситуации, со текот на времето можат да не однесат на пат за кој не сме ни сонувале. И можат да го променат човек за 360 степени. Зошто е тоа така? Секогаш има различни причини. НО, како минуваат времињата се менуваат размислувањата, ставовите, искуствата, погледите кон животот добиваат различна смисла, и сето тоа зависи од менталниот развој, односно на кој пат тој се развил, за што пак пресудно влијание има околината. Различните животни ситуации можат некогаш и несвесно да влијаат на човека, со што таа промена може да е на почетокот минимална, но со текот на времето да прерасне во драстична. Убаво е кога човек ќе се промени на подобро, и можно е, само ако се има силна волја и трпение, но лошо е кога некој ќе се промени негативно, ќе се повлече во себе и сл.Ме интересира, што мислите, кога ќе кажете за некој човек дека се сменил, дали тој човек навистина се сменил или само го покажал своето вистинско лице?
Не мора да биде само менување за лошо, може и за менување кон добро...
Прашањето е колку луѓето навистина може да се сменат?
Велат: Волкот го менува влакното, но наравот не.
Дали се согласувате со тоа или сепак не?
Дали мислите дека е можно човек да се смени на подобро или полошо?
Или сепак, луѓето не се менуваат, туку едноставно им паѓаат маските. Маски кои некого го прават заштитен од повредување и маските кои служат за манипулација.
Може ли да се случи човек да го поттиснува својот карактер и чувства во себе и одеднаш да изплива се на површина, а околината да мисли дека тој човек се променил?
Да, верувам дека во суштина длабоко во себе не се менуваме, односно секогаш го имаме сочувано коренот, односно има барем минимални остатоци од она што некогаш сме биле. Но, во колкава застапеност тие ќе постојат зависи од нас, и од степенот на промена. Но, ова не значи дека човек ако се променил на подобро длабоко во себе сеуште ги носи поранешните негативни особини, туку ова повеќе се однесува на одредените животни ситуации кон кои сеуште длабоко во себеси не остануваме рамнодушни, макар колку и нашата промена да го навестува тоа. Е сега, што е однесува до вистинското лице, не мора да значи дека тоа било отсекогаш такво. Кога на некој му немаш згрешено, нема причина и затоа не покажува такво лице. Но, кога со нешто некој ќе го заслужи тоа, тоа не значи дека личноста отсекогаш била таква, туку еднставно била испровоцирана да се однесува така, односно да го покаже и своето друго лице. Но, тоа не е вистинското лице, туку едноставно однесувањето се прилагодува на промените кои настанале во односот со другата личност. И не, никој не може да го потиснува својот карактер, и одеднаш како што велиш тој да исплива на површина. Туку, како што веќе кажав можно е само одредена ситуација да ја испровоцира личноста да се однесува поинаку, и како што можеби не е типично за неа, што не значи дека кон сите луѓе и секогаш ќе биде таква. На крајот на краиштата, сите ние понекогаш си имаме такви мигови, што го сметам за сосем нормално, но секако од самата личност зависи како ќе го манифестира тоа, и во зависност од тоа ќе остави различни впечатоци.:smir: