Парчосување на Македонското јадро - процес кој трае веќе два века

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Една исправка - парчосувањето на Македонското јадро, со строга кампања пропаганда започнува веднаш по укинувањето на Охридската архиепископија.

Што значи се работи за повеќе од два века, додека во последниов век соседиве само го собраа плодот од тоа што го сработија претходниот.
 
Сакам да знам, зошто сите толку сакаат да ја имаат Македонија? Зошто сите сакаат да ја окупираат? Што богатство има во земјава, што е поголемо од богатството на соседите? И зошто никој навистина не ни помага освен Бог?
 
Русскиј вестник, № 8. 1902

Обраштајась к этнографическому составу города Скопьи, ја должен указать, что точно определить его чрезвычајно затруднительно. Турецкаја статистика говорит, что в Скопье 4,474 куч или домов, из коих 2,336 турецких. Остальное турецкое деление длја нас не интересно, ибо турки не делјат македонцев по национальности, а лишь по вероисповеданију, которое с точки зренија мусульманској гораздо важнее и суштественнее.

Последствием такого отношенија турецкого правительства к славјанскому элементу в Македонии јавилось то, что македонцы в массе не имејут и по сију пору национального и политического самосознанија.

В этом отношении турки оказались чрезвычајно предусмотрительными, так как в самом корне у славјан посејали ту смуту и тот политическиј разврат, которыј совершенно обезличил македонца, сделав его тупым орудием человеческих страстеј и денег, а с другој стороны [216] породил смертельнују вражду между болгарами и сербами, доведја их до состојанија умоисступленија, иезуитства и полној нечистоплотности средств и дејствиј.


Поэтому доверјать этнографическому деленију болгарина Кынчева или серба Спиридона Гопчевича нет никаких основаниј; мы, русские, должны собрать при посредстве своих сил самостојательные данные, но длја путешественника, которого заносит сјуда судьба на несколько днеј, — это непосильнаја работа; тут суштественны работы консулов, как постојанных агентов, и в данном случае лишь энергија гг. Машкова в коссовском вилајете и Ростковского в битольском может хоть несколько распутать этот гордиев узел и дать нам приблизительное понјатие, если не об этнографическом составе, то хоть о числе македонцев.
 
Да, ама сите овие глупаци од соседството кои ги мразиме и презираме, имаат своја политика и цел, имаа националност и се борат за неа по секоја цена, а ние се бориме само за лични интереси, не интересираат парите и како ден да помине поинтересно. Сакаме држава, сакаме живот, ама не сме кадарни да се бориме за ништо!!! АЈДЕ читајте и учете од сето ова напишано овде и кажете ми во што е разликата , што подобро сме направиле од сите продадени души македонски и подли соседи кои постоеле 100 или 200 години порано ? НИШТО!

Имаме гнасни политичари, сеуште подлите и алчни соседи помагани од големите сили и ние Македонскиот народ, секогаш глуп, лежерен и секогаш угнетуван!

Пак ќе бараме некој да не спасува, да им докаже на другите дека ние навистина постоиме ? А ние пак ќе си гледаме од страна и ќе уживкаме по дебела сенка!

Покажете им на непријателите дека имате заби, дека имате лавовско срце. Ајде размислете малку како треба понатаму! Зар не треба да научиме и ние нешто од нашата историја? :eek:

Како што гледате оваа мала Македонија која ни остана денес е добиена само со борба. Хиените ќе бидат секогаш наоколу, треба само вистинска борба со нив, треба жртви, само така се чува Татковинатa!
 
В 1939г. В.А.Мошин был снова приглашен на кафедру византоведенија в г.Скопье.

Там его застала немецкаја оккупација. Из его воспоминаниј:

"6 апрелја рано утром, около 6 часов... мы услышали торжественно-истерическују
речь Гитлера, в которој об'јавлјалась војна југославии... Воцарилось томительное
ожидание наступајуштеј катастрофы. Немецкое наступление с болгарској стороны
было стремительно. Сразу установилась немецкаја комендатура, в разных пунктах
города были поставлены часовые... Немецкие патрули по дороге подбирали всех
прохожих и длинној колонној гнали их за проволочнују ограду. В эту колонну
неожиданно попал и ја. Мое счастье было, что колонна проходила мимо зданија
университета, в которое мне удалось ускользнуть... В мертво опустевшем здании
ја пробралсја в свој византологическиј факультет, захватил 3-4 редкие книги...
и своју коллекцију фотографиј сербско-греческих грамот... И с ними подмышкој
добралсја до дому... ".

После перехода Македонии под власть Болгарии профессорскиј состав был причислен к философскому факультету Белградского университета. Болгарские коллеги-историки в это времја предложили Мошину перејти на службу в Болгарију
и возглавить музеј в оккупированном греческом городе Кавалле. Мошин этого предложенија не принјал. В Скопье шла ускореннаја "болгаризација" - "начинаја от школы и церкви".

Большинство русских преподавателеј остались на своих местах, но длја них это было
большим испытанием.

В.А.Мошин с семьеј в товарном вагоне с небольшими остатками обстановки, книгами,
картинами и носильными вештами переехал в Белград.
 
Со поделбата на Македонија по Балканските војни, еден значаен дел од македонскиот народ остана во рамките на Кралството Грција и тоа главно во континенталниот дел на Егејска Македонија. За бројот на Македонците разни извори даваат разни податоци. Но, врз база и споредување на различни статистики, се доаѓа до заклучок дека на територијата на Егејска Македонија до 1912 година живееле околу 330.000 Македонци, потоа 315.000 Турци, 237.000 Грци, 68.000 Евреи, 44.000 Власи и 50.000 припадници на други народности.

Во текот на десетте години што следуваа по Балканските војни, поради теророт и денационализаторската политика на грчките власти, неколку десетици илјади Македонци беа принудени да ја напуштат Егејска Македонија и да бараат свој дом во соседните словенски држави. Бранот на бегалците беше ориентиран, главно, кон Бугарија, во која до крајот на Првата светска војна емигрираа околу 62.000 Македонци. Уште неколку десетина илјади Македонци беа преселени од Егејска Македонија во Бугарија врз основа на Грчко-бугарската конвенција за размена на населението, која претставуваше дополнување на членот 56 од Нејскиот договор за мир (потпишан на 27 ноември 1919 година во Неј на Сена) и конвенцијата Кафандарис - Молов од 9 јануари 1938 година.

Сепак, на територијата на Егејска Македонија остана едно компактно македонско население, кое имајќи ги предвид сите иселувања и природниот пораст - 1930 броеше околу 250-300 илјади. Според податоците што ги дава Димитар Јаранов, професор на Софискиот универзитет, на територијата на Егејска Македонија (без Солун, Халкидики и Кожанската област) во 1941/42 година имало 251.753 Македонци, кои наспроти масовното населување на грчките доселеници од Мала Азија (633.255 во периодот меѓу август 1922 и крајот на 1926) се' уште претставува значаен дел од населението на Егејска Македонија, односно 27,6 отсто на територијата без Солун, Халкидики и Кожанската област.

Ова население, меѓутоа, било подложено на еден процес на асимилација кој не избирал средства за остварување на целта. Под закрила на грчките власти, на територијата на Егејска Македонија беа организирани и дејствуваа разни националистички организации, како што беше „Еленомакедоники пигми“ („Грчко-македонска тупаница“), кои спроведуваа стравотен терор врз македонското население. Теророт врз македонското население достигна своја кулминација во времето на диктатурата на Метаксас, во периодот меѓу 1926 и 1940 година.

Обесправеноста на македонското население во границите на грчката држава било предмет на повеќе протести. Карактеристичен во тој поглед е уводникот на белградска „Политика“ од 24 јуни 1925 година, под наслов „Грчка нелојалност“ во кој пишува:

Грчката влада не може да ни забележи што и' обрнуваме внимание на фактот дека словенските населби во Западна Македонија - 250 до 300 илјади луѓе - се најнесреќното национално јазично малцинство на светот, затоа што покрај имотната безбедност, што е сведена на нула, покрај личната безбедност што исто така е загрозена, оваа компактна маса денес нема ни една црква и ниту едно училиште на свој мајчин јазик, што го имало и под Турците...“

Поради критиките и притисоците за решавање на статусот на македонското малцинство, кое дојде до израз и во дебатите во Друштвото на народите, грчката влада преземаше некои чекори што оставаа впечаток дека е во тек спроведувањето на обврските што во поглед на малцинствата ги презеде со Севрскиот договор од 1920 година. Во таа смисла при крајот на 1925 година беше објавено формирањето на посебна комисија при Министерството за надворешни работи, со задача да се грижи за малцинствата. Речиси во исто време во Атина беше отпечатен и првиот буквар за употреба во проектираните училишта за Македонците, наречен „Абецедар“, печатен на латиница. Јазикот на овој буквар беше македонски, онаков каков што и денес е во употреба во подрачјето на Лерин и Воден, и претставуваше значајна индикација за расположбата во Грција во тоа време.

Букварот, меѓутоа, никогаш не беше употребуван. Тој на Грција и' послужи како средство за извесно амортизирање на притисоците однадвор, во што грчката политика покажа доста умешност, жртвувајќи ги често и своите влади за да добие во време.

Грчко-југословенските преговори во 1925 година доведоа до заклучување на низа договори, познати како Атински конвенции, а во нивниот состав се наоѓаше и посебна изјава за националностите, со која грчката влада ги призна Македонците како српско малцинство и се обврза да им обезбеди некои културно-просветни права. Но, десет дена по нивното потпишување, на 26 август 1926 година, владата на генерал Пангалос беше соборена - со главен мотив дека премногу и' попуштила на Југославија - а грчкиот парламент потоа одби да ги ратификува спомнатите спогодби.

Најголемиот дел на македонското население од Егејска Македонија ја зачува свеста за својата национална припадност и во текот на Втората светска војна, а уште повеќе во текот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949), на недвосмислен начин ги изрази своите чувства. Во овој период Македонците од Егејска Македонија масовно беа вклучени во вооружена борба, во која националноослободителниот елемент (покрај класно-социјалниот) беше доминантен во определувањето. Затоа, иако во вкупното население во Грција, македонското малцинство претставуваше десетти дел, секој трет припадник на Демократската армија на Грција (ДАГ) беше Македонец.

По поразот на ДАГ, во 1949 година, Македонците станаа предмет на прогони во Грција. Неколку десетици илјади Македонци, меѓу нив голем број деца, беа принудени да избегаат во соседните земји, а потоа беа распрснати речиси по сите источноевропски социјалистички земји. Оние што останаа на територијата на Егејска Македонија беа подложени на нови мерки на притисок - одземање државјанство и конфискување на имотот, постојани сослушувања и закани, економска политика што ги тераше кон емигрирање и друго - и врз сето тоа една интензивна активност на психолошки план, која имаше за цел кај Македонците да создаде чувство на несигурност.

Денес Грците го негираат постоењето на македонското национално малцинство во Егејска Македонија, дозволувајќи како можност да постојат само Грци кои говорат словенски јазик („славофони“). Неофицијално се наведува дека во оваа категорија спаѓаат близу 40 до 60 илјади луѓе, но - иако зборуваат словенски јазик - ним им се припишува грчка национална свест.

За разлика од овие грчки тврдења, годишниот „Американски алманах“ за 1972 година, излезе со процена дека во Грција има 140.000 Македонци. Нашите согледувања, базирани врз податоците на бројниот состав на населението во Егејска Македонија во времето на Балканските војни - земајќи ги предвид сите можни иселувања, политички и економски - водат кон процена дека во Егејска Македонија се' уште живеат околу 250 до 280 илјади Македонци. Постојат низа градови во кои соодносот на населението е 50:50, додека голем број села се населени исклучиво со Македонци, или има по неколку грчки семејства. Според тоа, може да се говори за компактно национално малцинство, а не за етнички групи.

Официјалната грчка политика, инаку, денес манипулира со тврдење дека по три мировни преговори (потпишани меѓу 1912 и 1945), Југославија има мошне слаба аргументација за поставувањето на прашањето за положбата и правата на македонското национално малцинство во Егејска Македонија. Сепак, постојат два договора на кои ние можеме да се повикуваме.

Со Севрскиот договор од 1920 година, кој Грција го потпиша со Англија, Франција, Италија и Јапонија (како претставници на Антантата), грчката држава е обврзана да ги заштити националните малцинства што останаа на нејзина територија по Првата светска војна. Одредбите на овој договор беа ставени над грчкото национално законодавство и Грција не можеше да ги менува со своите внатрешни прописи.

Потоа, иако нератификуван, протоколот за националностите што влегуваат во рамките на Атинските конвенции од август 1926 година претставува правна основа врз која може да се повикува Југославија.

Постојат, исто така, две карактеристични изјави на грчки официјални претставници, во случајот претседатели на владите. Елефтерос Венизелос, на пример, на конференцијата за печат од 11 октомври 1930 година, кога изјави: „Прашањето за македонското национално малцинство во Грција ќе биде решено и јас ќе бидам првиот во Грција кој ќе се ангажира за отворање македонски училишта, ако народот го сака тоа “.

Маршал Папагос, на конференцијата за печат во Хаг, во 1954 година, исто така, рече дека во Грција постои „погранично словенско малцинство“.

Комунистичката партија на Грција, од своја страна, секогаш го признавала постоењето на македонското национално малцинство во рамките на грчката држава, а во еден доста долг период се залагаше и за негово право на самоопределување, односно отцепување од грчката држава. Во текот на Граѓанската војна во Грција, кога на територијата на Егејска Македонија постоеја организации на Македонците (НОФ, АФЖ, Младинска организација и други), КПГ јасно се искажа во прилог на посебноста на македонската нација.

Репатрирањето на политичките емигранти од Граѓанската војна претставува мошне актуелно прашање за грчката политика. Во тек е континуиран притисок врз владата на Караманлис за побрзо донесување закон со кој би се регулирала оваа материја, а во тој притисок - изразен и во купиштта писма што секојдневно се испраќаат до владата од роднините на бегалците - се вклучени сите леви политички движења и една поширока граѓанска структура, демократски ориентирана.

Од околу 100.000 лица кои потпаѓаат под категоријата политички емигранти од Граѓанската војна во Грција, околу 65 отсто се Македонци, другите се Грци. Во Македонија живеат околу 50.000, од нив само неколку стотина Грци, а другите се распрснати по источноевропските социјалистички земји.

Нашата појдовна основа е залагањето за еднаков, недискриминаторски однос на грчката држава кон Македонците кои ќе се определат, на доброволна основа, за репатрирање во Грција. Од грчка страна, меѓутоа, се забележува настојување да се изнајде решение кое би ги заобиколило Македонците.

Постои мислење дека 1959 година, кога беше потпишана Спогодбата за малограничен промет, Грците ја сметале како еден вид своја концесија кон Југославија поради поддршката околу Кипар. Нејзината примена, исто така, беше дозволена откако во пограничните подрачја беа извршени низа подготовки, вклучувајќи и „заклетви“ по селата, во текот на кои Македонците беа принудени свечено да се обврзуваат дека повеќе нема да зборуваат на својот мајчин јазик, туку само на грчки.

Обновата на малограничниот промет на лица, а и евентуално воведување пограничен промет на стоки (често предлаган од наша, но никогаш неприфатен од грчка страна), претставува наш посебен интерес. На тој начин се обезбедува комуникација со дел од македонското национално малцинство во Грција, и тоа со оној дел што останува настрана од можните врски што ги овозможува масовниот туризам во поново време, во рамките на кој околу 100.000 Македонци ја посетија Грција минатата година!

За топонимите:

Тодор Христов Симовски вели дека од нејзиното формирање како држава во 1830 година Грција се нашла во непријатна ситуација поради многуте негрчки, пред се' словенски имиња на нејзината територија. Странски научници дури тврделе дека Грците немаат никаква врска со античките Грци и претставуваат сосема друга раса и дека се мешавина на многубројното население што живеело на тие простори. „Покрај многубројната историска фактографија, странските научници се повикуваа на топонимите, кои претставуваа сериозна аргументација за нивните тврдења“, пишува Симовски во „Населените места во Егејска Македонија“, сеопфатно истражување во кое, како што вели академик Ташко Георгиевски, со филигранска прецизност и јасност зборува за географската местоположба на населените места во коишто живееле Македонците и за судбинските пресвртници во текот на временските периоди исполнети со принудни иселувања.

Уште во 1909 година до кралот Георги Први бил поднесен посебен извештај во кој се нагласувала потребата од итно формирање специјална комисија која треба да подготви план за преименување на населените места и другите топоними кои не се од грчко потекло. За официјална Атина проблемот со имињата станал уште посложен кога по Балканските војни освои нови територии на кои Грците било во малцинство, а преовладувало македонското и турското население. Во Егејска Македонија топонимите каде што претежно живееле Македонците биле словенски, а таму каде што најмногу имало Турци - турски.

Стануваше сосема јасно дека Грција навлезе, односно присвои територија која ниту етнички, а уште помалку географски и историски и' припаѓаше, подвлекува Симовски. Според неговите истражувања, тогаш во Егејска Македонија од вкупното население само 10 отсто биле Грци.
 
Сакам да знам, зошто сите толку сакаат да ја имаат Македонија? Зошто сите сакаат да ја окупираат? Што богатство има во земјава, што е поголемо од богатството на соседите? И зошто никој навистина не ни помага освен Бог?


Се додека чекаме некој да ни помогне, никогаш сами на себе нема да си помогнеме. Секоја подадена рака од надвор е завиткана со трња. некоја повеќе некоја помалку. слободата на македонија мора да биде дело на самите македонци и на никој друг.

Не се ова мои зборови. не се трудам да изгледам паметен.
Пред мене ова многу Македонци го кажале.

Само добро е што со господ напред полека ама сигурно ни се враќа свеста и знаењето за тоа кои сме и што сме и што сме биле. Ахајците и турко-монголите ги фаќа паника. Изпраните мозоци се збунети, а продадените души се пенават како беснило да имаат. Вистината е на наша страна. Ако продолжи се во овој правец, победата е неизбежна.
 
Повеке од јасно е дека нашите соседи нема да се откажат(нарочито додека се делиме по х основ), но има надеж сепак. Разбира се, мислам на ЕДИНСТВО!

Секоја држава во која народот е единствен по есенцијални прашања и притоа не отстапува од она кое му припаѓа-ниеден внатрешен (и надворешен) непријател НЕ МОЖЕ ДА НАШТЕТИ, но сепак разочарува фактот што по се изгледа дека и ние утнуваме и те како,па потоа саксме да не почитуват-последен пример за класичен УДАР и плукање врз вистинските борци за Независна Македонија е славењето не врховистот и терорист Тодор Александров. Морам да признаам дека оваа постапка (намерна или не) ме револтира....па Бог да чува како може истиот да биде поголем борец од Делчев, Ченто и.т.н.

Со жал констснтирам дека геноцид и репресалии ИМА,но уште потрагично е што Република Македонија не ги брани своите граѓани.

Значи геноцидот НЕ Е ЗАВРШЕН, и нема да биде се додека Македонија не застсне на нозе и притоа да престанат одредени политички елити да се мешаат во науката(во случајов историја) бидејќи резултатот го видовме: славење на истите кои вршеле генноцид и убивале македонци СЕГА некој ги претставува како борци за Македонија.
 
Што сакаш повеќе, кога во Македонската држава, во сопствената држава со Македонска власт - Македонците се третирани како граѓани од втор ред.

Ѓупците си имаат “Декада на Ромите“ (која според мое сметање трае повеќе од 10 години, ама нејсе...), Албанците си имаат “Бадентеров принцип“, Србите, Власите, си имаат “клучеви“ за вработување во институции, “Бугарите“ си имаат и Бугарски и Македонски пасоши и т.н.

Во сите случаеви се работи за “позитивна дискриминација“. Може некој да е и неписмен, ама затоа што е Албанец или Србин и т.н. може да користи одредени бенефиции како на пр. вработувањето, а притоа некој Македонец што е поголем стручњак за тоа работно место да остане без работа.

Се додека работното место зависи од тоа кој к*р те направил, наместо да зависи од способностите кои си ги стекнал, Македонија ќе стагнира.
 
Долго барав кај да постирам една објава од ФБ. Па гледам темава е поприлагодлива. Ако се знае дека темата - "Историја" не е многу посетувана тема. Поважно е за хомосексуалноста и планирањето на одмор во грција, отколку нашата сопствена историја.

МАКЕДОНЦИ, Никогаш да не ги заборавиме англиските напалм бомби и грчкиот геноцид врз Македонците од Егејот!

Затоа Европа молчи за геноцидот врз Македонците кој трае и денес! Затоа што ќе треба да ги објасни англиските напалм бомби со кои беа бомбардирани и палени македонските села и градови во Егејска Македонија!
Во таа 1948 година за првпат во историјата на човештвото беа употребени новите напалм бомби, изум на болните умови од западот.
ОД НИВНИТЕ БОМБИ ЖИВИ ГОРЕА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА И ЖЕНИ , И МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИЗАНИ НА ПЛАНИНИТЕ ВИЧО И ГРАМОС ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА.

http://www.youtube.com/watch?v=pSXde5AiTtA

Борбата не запира.
 
Многу од луѓето кои се бореле во отпорот против германската окупација на Грција во граѓанската војна биле прогонувани со децении потоа без разлика на нивната политичка определеност. Од неодамна овие луѓе се почувствуваа слободни да ја раскажат својата приказна."Луѓе без земја" е документарен филм за луѓето кои живеат во Северна Грција во текот на Граѓанската војна во Грција.
 
Mислев дека кога ке ја отворам темава, ке поднаучам уште нешто, ама освен тоа почна косата да ми се крева, срцево да ми лупа и да се полни со гнев.

у пм

Инаку фала за споделените текстови.
 
Парчосувањето на македонското јадро сме го направиле самите... Реално гледано не сме ние некој народ што многу си ја сака државата... Немаштијата, неволјите и мачниот живот ги натерало луѓето да мислат повеќе на себе отколку на својот народ и земја... Една Германија која била ништо, се воздигнала па се срушила па пак се воздигнала значи кажува какви се луѓето... Сега е бр 1 во Европа... Ама тоа е затоашто луѓето ја сакаат државата, рмбаат, се борат работат прво идат идеалите па после оди она што можам за себе да земам...

Што е нашата историја, предавства, убивања, неслога, неорганизираност... Секоја чест на исклучоците... Колку и да е болно и ден денес гледаме како државата полека ни пропаѓа... Се е само привидно дека иде на подобро а јас верувам дека пола држава веќе ни е отидена ... Затоа сами сме криви не се албанците криви..Кога се сака се се може... Ако треба ќе се формираат тајни организации буквално се и сешто има за да се постигне својата цел...

Кога другите го виделе ова зошто па да не го искористат? Распарчени на сите страни, распарчени меѓу себе тоа е нашата историја...
--- надополнето: 9 јули 2013 во 18:58 ---
Да, ама сите овие глупаци од соседството кои ги мразиме и презираме, имаат своја политика и цел, имаа националност и се борат за неа по секоја цена, а ние се бориме само за лични интереси, не интересираат парите и како ден да помине поинтересно. Сакаме држава, сакаме живот, ама не сме кадарни да се бориме за ништо!!! АЈДЕ читајте и учете од сето ова напишано овде и кажете ми во што е разликата , што подобро сме направиле од сите продадени души македонски и подли соседи кои постоеле 100 или 200 години порано ? НИШТО!
Имаме гнасни политичари, сеуште подлите и алчни соседи помагани од големите сили и ние Македонскиот народ, секогаш глуп, лежерен и секогаш угнетуван!
Пак ќе бараме некој да не спасува, да им докаже на другите дека ние навистина постоиме ? А ние пак ќе си гледаме од страна и ќе уживкаме по дебела сенка!
Покажете им на непријателите дека имате заби, дека имате лавовско срце. Ајде размислете малку како треба понатаму! Зар не треба да научиме и ние нешто од нашата историја ? :eek:eoeoe:
Како што гледате оваа мала Македонија која ни остана денес е добиена само со борба. Хиените ќе бидат секогаш наоколу, треба само вистинска борба со нив, треба жртви, само така се чува Татковина!


Секоја чест за постот ама во денешно време се знае како се води борба... Не со оружје туку со зборови... За жал политичарите уште толку ја испоебаа оваа држава... Пола Македонија е веќе на албанците, населението е сиромашно а парите од буџетите се трошат за работи кои немаат никаква економска корист... Кога еден политичар ќе биде задоволен од својата плата и секој еден денар ќе го искористи за доброто на населението ете така се сака државата, така се брани честа и се помага...

Држава не се прави со крадење, лажење и манипулирање... Како што кажа со борба но таа борба секад оние главните си ја вртеле во некоја друга насока... тажно но вистинито...

Сето ова за што братот? За денеска ништо да немаме и под знак прашање да биде дали ќе си ја задржиме државата... Барем да знаеа овие луѓе што ќе придонесе целото тоа жртвување, целата таа крв за ова парче земја... Ништо...

Кој ги има учено овие работи? Никој... Никој ни го знае ова ни го интересира така и ќе биде..Мочана нација сме... Само криво ми е пошто има поединци кои до ден денес се борат за доброто на сите ама на крајот тие се луѓето што го јадат курот...:tapp:
 
Историja->Парчосување на Македонското јадро - процес кој трае веќе 1 век!
Шо обшто има?
Но сум готов да ти отговорам веднага.Некоj насила да е требало да добива бугарски државенство?
Наше право е да даваме наше државенство.Вие исто можете да давате.

Ama vi davate drzavjanstvo so druga cel , eve najsvez primer moj vujko raboti kako vas agent za pari i sam si prizna deka ako nekoj od Makedonija saka da izvadi drzavjanstvo od Bugarija mora da pise deka e so bugarsko poteklo oti vo sprotivno nema da mu dadat pasaport za da moze da ide niz evropa i da zaraboti za familijata , ne misli deka narodot e mutav , eve i Karakacanov e isti tip na covek , mu bese blizok prijatel na dedo mi koj mu davase pari da gi organizira lugjeto po Sandanski , Razlog itn. pa posle em mu zema iljadnici marki cukajki se vo gradi deka e makedonec i deka gi mrazi bugarite oti tie bile edinstven neprijatel momentalno na Makedonija i toa sve go imam dokumentirano na VHS kaseta i istata koga ke ja snimam na DvD ke ja pustam 6outo na SLAVI TRIFONOV , samo vie ste mrsnici i ne sakate da poglednete na vistinata u oci ama ako , na povidok e voen sojuz megu Makedonija i Turcija i so dusa cekam da pocne toa sto nikoj ne saka da pocne pa koga bi se prijavil vervaj deka masta bugarska azijatska ke vi ja izvadam , ke se pokaat tie so se imat rodeno , bukurest 1913 pomina i redno e golemata nepravda kon Makedonija da se ispravi , a toa istoto go rece i Erdogan taka da spremajte se dusmani i vie i srbite i grcite da jadete golem boj ! Gospod gleda i pamti se sto ste pravili sega i na vas ke vi pravat taka ocekuvaj trkaloto da se vrti poleka , poleka .

Imeto na vasiot agent rodum od Makedonija se vika Mitko Georgiev .
Ова го знам от както сум се родил.Друго ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom