Парчосување на Македонското јадро - процес кој трае веќе два века

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД - ЖРТВА НА ЕКСПАНЗИОНИСТИЧКАТА ПОЛИТИКА НА СОСЕДИТЕ

По долготрајна јавна и тајна дипломатско-политичка игра, протежирана од Русија и од Австро Унгарија против Турција, меѓу 13 март и 18 октомври 1912 год., беше склучен
четворен Балкански сојуз против Турција меѓу Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора за почнување балканска војна со цел, главно, за земање на македонската територија.

Во војната против Турција сојузниците ги користеле Македонците за првите борбени редови, како топовско месо, бидејќи биле мобилизирани во трите сојузнички армии.

Кој успеал да се исели, се спасил од смртта.

Воените операции против Турција траеле од 8 октомври до 4 декември 1912 година, кога било склучено примирјето. Македонија била поделена на три окупациони зони.

Српските, грчките и бугарските окупациони власти веднаш се зафатиле со формирањето на привремени воено-полициски управни апарати на теренот кои ги окупирале нивните војски, кои сееле терор и страв.

Незадоволни од воениот план - Србија со седумте, Грција со трите и Бугарија со четирите окрузи, на 29 јули 1913 година, почнале меѓусојузничка војна, како Втора балканска војна, но сега само за нова делба на македонската територија. И тогаш, оној од Македонците кој не успеал да емигрира, морал повторно да војува на првата борбена линија, брат против брат, мобилизирани во војските на сојузниците - Србија, Грција и Бугарија.

Во Македонија се правеле големи погроми над македонското население. Масовни убиства, пљачкосувања, горења на куќи, силувања; според Карнегиевата комисија од 1913 година, која извршила распит за овие случаи на теренот, сите три окупаторски страни во Македонија извршиле масовни погроми и репресалии над македонскиот народ.

Оваа трагедија на македонскиот народ и на националните малцинства во Македонија била причина за масовни иселувања на цели македонски семејства, а на нивните места биле населувани Срби, Бугари и Грци.

Откако, врз основа на Букурешкиот договор во јули-август 1913 година, Вардарскиот дел
од Македонија останал во составот на Србија, Пиринскиот во составот на Бугарија, Егејскиот во составот на Грција, почнал од корен да се менува севкупниот живот на македонскиот народ и на малцинствата.

Заземајќи го централното подрачје на Балканскиот Полуостров, со 66.474 км, според турскиот статистички попис од 1905 година, овој многу важен крстопат, уште од најстарите времиња, ги привлекувал вниманието и аспирациите на соседните земји, но и
на европските сили за наметнување своја доминација.

И така, наместо да стане мост кој ќе ги поврзува Истокот и Западот и нивните култури, традиции, економии и идеи, територијата на Македонија била изложена на перманентни желби и апетити, исклучителни искушенија, протерувања, бегства, иселувања, присилни миграции.

Македонската територија, како воен плен, по километри квадратни е поделена вака: македонската територија е поделена на четири дела и тоа – Грција добила 34.356 км2, Србија добила 25.713 км2, Албанија добила 800 км2, а Бугарија добила 6.798 км2.
Тери торијалните добивки биле поврзани со желбите на новите газди да ја испразнат
територијата од македонско население и да го раселат.

Следните два примера од однесувањето на Србија и на Грција тоа го прикажуваат најсликовито.

По 1830 година апетитите на Турција, Грција и на Србија нагло се зголемуваат.
Едните за да ги избркаат, иселат Македонците, а другите да ги користат како војници, божем за нивно ослободување од Турците, а всушност за заземање на македонската територија.

Турција, незадоволна од процесот на распаѓањето на Отоманското царство и од излегувањето на Грчкото кралство како независна држава со благослов на Русија и
на Европа, а за да ја зачува во посед македонската територија, почнува со забрани на македонските цркви и училишта, со цел Македонците да бегаат и да ја испразнат територијата.

Грција незадоволна поради тоа што со Протоколот од 22 март 1829 година, потпишан
во Лондон, и со новата Лондонска конвенција од 3 февруари 1830 година, со граница на северната линија Ерта-Волос, доби само 18.000 км територија, почнала процес на погрчување преку грчкопатријаршиското духовно владеење над Македонците, со цел да создаде незадоволство, односно празнење на територијата и нејзино проширување колку што е можно понасевер.

Србија, незадоволна поради тоа што не добила независна држава, туку само автономна позиција во рамките на Отоманското царство, користејќи ги правата кои ги добила со султановиот Хатишериф, објавен во 1830 година, со кој Србија добила целосна внатрешна самоуправа, право да подигнува цркви, училишта, болници во своето кнежевство, масовно ги примала православните, кои се иселувале од македонската територија, барајќи слобода на верата.

Од друга страна, пак, Србија нив ги обучувала за војување и борба против Турција, со цел да ја освои македонската територија. Таа многу мудро ги помагала Македонците против грчките фанариоти, меѓутоа за свои српски цели, а со тоа се здобила и со целосна руска заштита на српските цели.

Експанзионизмот во меѓународните односи претставува потреба и желба за ширење на својата територија. Целите можат да бидат економски, стратешки, национални и историски, во разни меѓусебни комбинации. Надворешната политика на Србија е карактеристичен пример на политика со експанзио нистички цели.

Таква евидентна е желбата на српската буржоазија, да ги толкува стремежите на Македонците за ослободување од туѓата власт како задача на српската држава да игра улога на пиемонт т.е. да ја заземе македонската територија. Паролата на национално ослободување била силен мотив за српскиот народ за експанзионистички цели: ставот кон Македонците бил неприкриено денационализаторски и поробувачки.

Голем дел од српските граѓански политичари имале слична концепција за создавање на ''јужно словенска" држава, која за нив претставува оваа или онаа верзија на проширена
"Голема Србија".

Ваквиот став бил причина за недоверба меѓу тогашните југословенски ориентирани претставници на Хрватите, Словенците и на другите народи и корен на недоразбирањата, кои ја нагризуваа државата создадена во 1918 година, и распаѓањето на поранешната авнојска Југославија во 1991 година.

Македонскиот народ постојано бил жртва на експанзионистичката политика на
соседните држави. Ниту денес не може да се негираат експанзионистичките желби на политичките кругови во некои од соседните држави на сметка на македонската територија.

За водењето на експанзионистичката политика, Грција не заостанувала зад Србија.
Таа од 18.000 км2, колку што имала територијата во 1828 година, во 1912 година се
проширила на 63.211 км2, а денес е проширена на 129.880 км2.

Територијалните аспирации на Бугарија кон Македонија не заостануваат зад српските
и зад грчките и се потпираат врз нејзините видувања на т.н. национално прашање, кои поаѓаат од тоа дека не постои македонски народ и дека сите жители на Македонија се Бугари, па поради тоа сметаат дека и македонската територија природно е дел од Бугарија.

Иако сè уште постојат експанзионистички цели, прикриени или јавно искажани, мора да се истакне дека во денешно време таквата политика тешко може да се реализира.
Секој обид за присоединување на странска територија се смета за агресија, а неа не може да ја оправда ниедна причина. Економските и стратешките причини ја губат поддршката на демократското мислење, додека историските се сметаат за опасни и ирационални.

Со оглед на важноста на националното самоопределување, моментно само националните причини можат да добијат некоја поддршка, ако навистина се работи за такви, а не за националистички фалсификати.

Меѓутоа, бидејќи граничните области најчесто се етнички нехомогени, експанзионистичкиот стремеж за приклучување на деловите од сопствената нација од странство најчесто би значел вклучување во својата држава и на национално странско
население кое живее во тие области. А тоа е и голем ризик за судир. Затоа решението се бара во гаранциите на положбата на националните малцинства, во обезбедувањето на сите граѓански и политички права и во заштитата од денационализацијата.
.
Така, може сосема да се избришат разликите меѓу животот во национално "својата" и во национално "туѓата" држава, а со тоа да се отфрлат и последните аргументи за експанзионизмот, кој секогаш бил опасен за добрососедските односи.

Аргументи за асимилационо-дискриминаторските процеси за демакедонизација, во периодот на турското - политичко и грчкото – патријаршиско духовно владеење, може да се најдат во извештаите на руските конзули во Битола, Солун и во Скопје, и во соопштенијата од руските конзуларни агентства во Серес, Кавала и во Лариса.

Вниманието на руската дипломатија кон настаните на Балканот по Ќучук-кајнарџискиот мир уште повеќе се зголемило откако Русија го добила правото да го застапува и да го заштитува христијанското население пред Високата порта.

Тоа било причина за потребата Русија да отвора свои дипломатски претставништва во Османлиската империја -амбасада во главниот град на Империјата, а конзулати, вицеконзулати и конзуларни агентства во поголемите градови.

Во таа смисла Франција прва отворила свој конзулат во Солун уште во 1688 година, а Англија во 1715 г., односно во 1722 година.

По нив, во 1743 година во Солун конзулат отворила Венеција, во 1778 година Шведска, Германија, Данска, Неапол и Дубровник; тогаш, со извесно задоцнување, руската
дипломатија отворила свој вицеконзулат во Солун, во 1796 година.

Значи, во Македонија руски конзулат најрано бил основан во Солун, потоа во Битола и во Скопје. Покрај тоа, руски конзуларни агентства биле основани во Серес, Кавала и во Лариса. Рускиот дипломатски претставник во Солун до 40-тите години на XIX век се спомнува како вицеконзул, од 1859 година како конзул, а од 1880 година како генерален конзул, што значело нешто како Руски генерален конзулат за цела Македонија.

Што се однесува до Битола, таму ситуацијата е обратна. Во Битола, во 1860 година се спомнува руски конзулат, кој во 1881 година е намален во вицеконзулат, на што се жалел рускиот дипломат Л. Њаг, тогаш назначен за нов руски вицеконзул во Битола.

Всушност, руските конзулати, вицеконзулати и конзуларни агентства се основале во градовите на Македонија каде што порано веќе биле отворени слични дипломатски претставништва на англиската, француската, австро-унгарската и другите европски дипломатии.

Во периодот од 40-тите години на XIX век па сè до 1862 година како рускиm вицеконзул во Солун, а потоа како конзул се спомнува Ангел Мустаксиди. Во 1872 година Н. Јакубовски се спомнува како руски конзул во Солун, од 1874 до 1876 година тоа бил Николај Александрович Иларионов.

Од 1876 година Н. Скрајабин се спомнува како руски генерален конзул во Солун, а од 1880 година до смртта тоа бил Иван Стефанович Јатребов.

Во конзуларните извештаи на рускиот конзул А. Мустаксиди, архивски материјали кои ги имаме најмногу на располагање во овој момент, рускиот конзулат во Солун, прв пат се спомнува во 1847 година во кореспонденцијата на конзулот со познатиот македонски
ранопреродбеник и културно-општествен работник архимандритот Анатолиј Зографски, кој најголемиот дел од својот живот и дејност го поминал во Русија или во служба на руската влада.

Потоа следувале конзулските извештаи на Мустаксиди за тешката положба на македонскиот народ под двојното турско (политичко) и грчко (патријаршиско, духовно) владеење, за развојот на трговијата и занаетчиството, за одразот на турските реформи во Македонија, за зголемените даноци и давачки во корист на турската држава и Цариградската патријаршија, за дејноста на "димогерондијата" т. е. на солунската црковно-училишна патријаршиска општина во тоа време, за развојот на школството, просветата и сл.

Во таа смисла, во еден од конзулските извештаи, на едно место е истакнато дека "во Солун данокот за христијанската раја со ферман е определен на 45.000 пијастри" (турска лира - 100 пијастри). Меѓутоа, се собрале повеќе од 60.000 пијастри, бидејќи данокот се барал од децата на 12-годишна возраст до најстарите.

Во еден друг дипломатски извештај интерес предизвикувал предлогот, како што е наведено, "на рускиот поданик Наум Сидо", жител на град Битола, затоа што тоа би имало одличен ефект кај христијаните. Барањето на Сидо е поткрепено со постоењето во Битола на странски дипломатски претставништва и на силна римокатоличка мисија на лазаристите.

(Преземено од книгатата на Пандил КОСТУРСКИ, ДИПЛОМАТИЈАТА И МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО)
.
 
- 2 -

Поради ова Сидо истакнал дека "самото присуство на руски конзулат би им влевало доверба на христијаните за да ги задржи во тешките услови да не молат за заштита од
странските политички или црковни мисии, која молителите би ја добиле само преку својата духовна зависност.

Своето барање Сидо го оправдувал уште со неколку факти - прво, со појавата исламизираната раја, и скришум во своите домови да ја исповеда христијанската
вера; потоа, со сè посилното влијание среде македонскиот народ на лазаристичката мисија; со однесувањето на грчкиот битолски патријаршиски митрополит "кој понекогаш толку многу претерувал во своите барања кон своето стадо што верниците полека оделе во друга црква" и сл.

Во врска со тоа, рускиот вицеконзул во Солун А. Мустакидис му пишувал на рускиот ополномоштен пратеник во Цариград, Бутенев, дека "тоа се мотивите поради кои нашиот
сонародник сака да се отвори руска конзуларна агентура во неговото родно место.
Самото присуство на руски конзулат ќе им влева доверба на нашите истоверници, а шефовите на разни цркви ќе ги принуди да бидат повоздржани".

Наместо да стане мост кој ќе ги поврзува Истокот и Западот и нивните култури, традиции, економии и идеи, територијата на Македонија била изложена на перманентни желби и апетити, исклучителни искушенија, протерувања, бегства, иселувања, присилни миграции.

Македонската територија, како воен плен, по километри квадратни е поделена вака: македонската територија е поделена на четири дела и тоа:

Грција добила 34.356 км2
Србија добила 25.713 км2
Албанија добила 800 км2
Бугарија добила 6.798 км2


ЗАБРАНЕТ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ПОДЕЛЕНИТЕ ДЕЛОВИ НА МАКЕДОНИЈА

Во еден интересен руски конзуларен извештај се соопштува за затворањето во Солунската митрополија, како еден вид домашен притвор, на познатиот кукушко-полјански епископ Партенија Зографски (1818-1876), роден во село Галичник (Дебарско), затворен од страна на солунскиот патријаршиски митрополит Неофит.
Како што е познато, Партенија станал кукушкополјански владика со помош на руската
дипломатија.

Во врска со присилното затворање на Партенија, во еден конзулски извештај се истакнува: "Се тврди дека солунскиот митрополит Неофит протерал еден висок свештеник од Полјана, зошто не ги слушал неговите наредби". Но, можеби тие наредби биле на штета на монсињор Партениус, бискуп на Полјана.

Интересни конзулски извештаи дал Н. Јакубовски во 1872 година. Неговите извештаи се однесуваат на состојбите на македонските цркви во битолските села во 70-ттите години на XIX век. Во таа смисла, тој прво соопштил за настаните во село Лажец (Битолско), со 2/3 христијанско и 1/4 муслиманско население, во врска со изградбата на нивната месна црква.

Во текот на изградбата на објектот муслиманите правеле пречки и чести кражби, а кога црквата била изградена, една ноќ тие ја запалиле. Покрај ова, Јакубовски соопштил и за опожарување на две други цркви во Драгош, село во близина на Битола, потоа за ограбување на црквите во селата Велушина, Негорчани, Лажец и Драгош, сите во близина на Битола.

Со цел да се најде во фокусот на настаните и што понепосредно да ги раководи работите во европска Турција, руската дипломатија издејствувала можност од Високата порта да отвори свое дипломатско претставништво во градот на румелискиот ејалет.
Битола како седиште на вилаетот, кон кој, покрај македонско, гравитирало и албанско население, го заслужувала руското внимание и интерес.

Во таа смисла, македонскиот народ чувствувал љубов и симпатии кон Русија и со голема желба го очекувал доаѓањето на првиот руски конзул во градот.


Меѓу првите дипломатски дејности на конзулот Хитрово во Битола била ургентната интервенција на Митра Миладинова од Струга, сопругата на Димитар Миладинов, кој среде битолчани и воопшто среде македонскиот народ најмногу ја посеал симпатијата кон Русија, кон рускиот народ и кон руските дипломатски претставници во Македонија.

На 17 јули 1861 година таа му предала на конзулот молба со барање да се преземат дипломатски чекори за ослободување од цариградските затвори на наклеветениот, од страна на патријаршиските владици, и неправилно затворен Димитар и на нејзиниот девер Константин, најмал брат на Димитар, кој ги прекинал своите студии во Москва. Како што е познато, интервенцијата на конзулот не помогнала и браќата Миладиновци умреле во Цариград во 1862 година.

За одбележување се и неколкуте конзулски извештаи на Хитрово до рускиот дипломат Игнатиев во Цариград за барањето на околу 200 христијански македонски семејства од Македонија (Битолско) во 1861-1862 година да се преселат во Русија.

Според податоците на рускиот конзул, во тоа време во Битолско и воопшто во Македонија се населиле кримските Татари. Од нив 10.000 се населиле во околината на Воден, 8.000 во близина на Верија и мал дел во близина на Ениџе-Вардар.

Затоа македонското население, бегајќи од стегите на турското политичко и грчкото (патријаршиско) духовно владеење, барало да се пресели на местото на пребеганите
Татари од Крим.

Михаил Александрович Хитрово работел како руски конзул во Битола од 1861 до 1864 година и повторно од 1878 до 1879 година.

Во периодот од 1864 до 1878 година настаните во Битолскиот вилает, од страна на руската дипломатија, ги следел веќе спомнатиот солунски конзул Н.Јакубовски.
Следниот руски дипломат во Битола бил Л.Њаг (1880-1882).

Во негово време рускиот конзулат бил снижен во вицеконзулат. Во својот втор извештај до руската Амбасада во Цариград во 1880 година, вицеконзулот соопштил за енергичното барање на битолчани "да им се даде независност во црковна смисла, слободен избор на свештеници и епископи во општината", потоа "воведување официјален јазик, освен турскиот, и јазикот на кој зборува мнозинството население", и за радикалните настани во село Клабурово, Леринско, каде месните жители богослужбата во месната црква ја изведувале на словенски јазик, на што реагирал патријаршискиот клер и бил казнет попот Димитар, кој на првиот ден на Велигден одржал црковна служба на словенски јазик.

По ослободувањето, тој дошол во рускиот вицеконзулат во Битола за да бара натамошна заштита.

За дејноста на следниве руски дипломатски претставници во Битола, Н. Скрјабин (1882-1890) и Н. К. Димерик (1890-1891) веќе се има искажано и руската историографија.
Така, Ирина Г. Сенкевич, врз основа на одбраните автентични конзулски материјали, ја прикажувала економската состојба на Битолскиот вилает во 80-тите години на XIX век, намалувањето на производството на памук, опаѓањето на селото итн.

Од другите настани кои се спомнуваат во врска со конзулската дејност на Скрјабин и Димерик во Битола ја наведуваме молбата на повеќе македонски црковно-школски општини до рускиот вицеконзулат за решавање на нивната тешка финансиска положба. За отворање на тие училишта и во таква неповолна состојба вицеконзулот им сугерирал на членовите на македонските црковно-школски општини сами да се издржуваат,како што било и порано.

Заслужува да се одбележи истапувањето на жителите од село Патале, Леринска каза, каде грчките црковни власти, со помош на месната турска власт, ги затвориле сите месни цркви, училишта и мажите. И селаните во Бела Црква (Прилепско) побарале одговор од рускиот вицеконзулат во Битола чија ќе биде нивната месна црква откако пред тоа се откажале од јурисдикцијата на Патријаршијата.

До конфронтации со Патријаршијата дошло и во Дебарско-кичевската епархија, каде
патријаршискиот владика го наклеветил кичевскиот учител Ѓорѓи, родум од Лерин, дека застапувал револуционерни идеи.

Во овој момент се располага со најмногу автентични архивски материјали за дејноста на познатиот руски конзул во Битола, Александар Аркадиевич Ростковски (1886-1903).
Пред тоа Ростковски бил вицеконзул во Ерусалим и Бејрут и на дипломатска служба во руската Амбасада во Софија.

Во меѓувреме се оженил за Марија Дабиша, која извршила силно влијание врз дипломатот и му всадила љубов кон Македонија и македонскиот народ. Ростковски мошне добро ги следел настаните во Македонија, особено на територијата на Битолскиот вилает, каде што тој службувал. Во таа смисла конзулот испраќал многубројни извештаи до руската Амбасада во Цариград, кои можат тематски да се поделат на неколку цели: прво тоа се извештаите за теророт во Македонија и за спроведувањето на реформите во Македонија; потоа за дејноста на странските дипломатски претставници и за политиката на соседните балкански земји кон Македонија; за состојбите на месните цркви, манастири, училишта и за дејноста на црковните пропаганди во Македонија и др.

Меѓутоа, како што е познато, шест дена по избувнувањето на Илинденското востание,
Ростковски бил убиен во Битола од двајца Албанци - турски стражари, во присуство на неговиот близок пријател Крсте Мисирков.

Интересна е активноста на рускиот конзул Лисичевич во Скопје, во 1897 година, кој очигледно немал многу симпатии и разбирање за македонското дело и за македонската револуционерна организација. Евидентни биле неговата неангажираност и неговите интервенции до руската Амбасада во Цариград за смирување и за ублажување на поплаките на месното население поради ужасните злосторства и насилства од турските власти.

На местото на Лисичевич, на почетокот на 1898 година, руската дипломатија поставила нов конзул во Скопје - Машков. Меѓутоа, и тој пројавил антимакедонски став, особено во однос на револуционерното движење во Македонија, а особено во Скопскиот вилает и на заштитата на семејствата чии најблиски биле затворени по разни турски затвори.

За одбележување е тоа што Машков интервенирал до руската Амбасада во Цариград "да не се застапуваат за помилување на затворените македонски револуционери, зашто по ослободувањето тие повторно ќе се активирале револу-ционерно". Со тоа Машков, во тоа време, директно дејствувал против македонското ослободително дело.

Во последниве 80 години на овој век (книгата е објавена во минатиот век з.н.), во сите делови на Македонија властите на соседните држави спроведувале различни типови асимилационо-дискриминаторски политики на демакедонизација. Податоците за теророт на кој биле изложени Македонците, со векови под туѓи окупаторски власти, најсликовито ги покажуваат причините за појавата на иселување и бегства од својата земја.

Македонската историја изобилува со голем број вакви причини за барање спас во странските држави. За жал, статистичките податоци многу тешко се достапни, тие се скриени во воените архиви и трезори, забранети за публикување. Тоа што е објавено, најчесто во мемоари, е некомплетно.

На пример, авторот на статистичкиот лист. Г. Темчев, во книгата "Илинденска
епопеја", од Ангел Динев (прв дел, од 1949 година) вели:

"Во општата бројка на жртвите од некои села ги нема податоците на поединечните жртви од селата Смрдеш, В'мбел, Турје и Бапчор-Костурско, како и од ресенските села Љорека, Златари, Петрино, Евла, Крушје, Покрвени и Прељубје".

Исто така, тешко се доаѓа до податоци за присилната мобилизација на Македонците, што била причина за иселување. На пример, во "тајниот додаток" на Договорот за сојуз меѓу Србија и Бугарија од 13 март 1912 година, во став 3, за поделбата на Македонија се вели:

"Ако Русија не сака да го даде своето мислење и ако потоа не може да се постигне договор меѓу договарачите, ако едната страна сама на своја рака почне акција против Турција, другата страна е должна да одржува пријателска неутралност кон своите сојузници и да преземе веднаш мобилизација во рамките предвидени со воената конвенција и да му притекне на помош со целата своја сила на својот сојузник...".

Република Грција е една од ретките земји во светот, а единствена во Европа, во која сè уште има национална дискриминација, законски регулирана, останувајќи речиси сама откако Јужна Африка го укина апартхејдот.

Таа дискриминација е санкционирана со два закона: Законот број 1540, објавен на 10 април 1985 година и Законот број 106841, објавен на 5 јануари 1983 година, со кои е воведена категоријата граѓани, Грци по род, што го отвора прашањето кои се тие граѓани во Република Грција кои не се Грци по род.

Постои многу обемна документација за забраните за Македонците да зборуваат или да учат македонски јазик во поделените делови на Македонија. Тие најчесто биле именувани како "Бугари", што било една од причините да бегаат и да се населуваат по светот.
 
- 3 -

Забраната на националните чувства сликовито се гледа од следниот факт. По 1924 година, делот од Македонија под грчка окупација го напуштиле илјадници луѓе и се иселиле во деловите од Македонија под српска, односно под бугарска власт и во прекуокеанските земји, несогласувајќи се со грчко-бугарската политика и спогодба да бидат преименувани во "бугарско" малцинство, верифицирана во Протоколот Калфов-Политис.


На 29 септември 1924 година, во Женева била потпишана спогодба меѓу бугарскиот министер за надворешни работи Калфов и неговиот грчки колега Николаос Политис, со која на "бугарското" малцинство во Грција и на грчкото малцинство во Бугарија им се признаваат малцинските права.

За оваа асимилаторска спогодба во грчката енциклопедија "Илиос", во главата за Македонија, под наслов: "Дипломатската активност во врска со македонското прашање од 1922 до 1933 година", буквално пишува:

"Меѓу Грција и Бугарија во септември 1924 година беше потпишан договор, со кој славофоните во Македонија беа признати како бугарско малцинство".

Протоколот Калфов-Политис, бележи Панајотис Пипинелис, "претставуваше еден вид спонтана декларација на Грција пред Друштвото на народите, со што се прифаќаше интервенирањето на друштвото на народите за заштита на 'бугарското' малцинство. Со овој Протокол се признаваше постоење на бугарско малцинство во Македонија и се создаваше еден нов начин на заштитување на малцинствата, сосема различен од оној кој се предвидуваше во мировните договори за мир...".

Грчките злосторства над македонското население во време на Балканските војни најсликовито се изнесени во извештајот на меѓународната анкетна комисија на чело со господин Карнеги. Во него се посочени околу 600 писма на грчки војници кои непосредно сведочат за злосторствата во кои учествувале. Тогаш, меѓу другото, целосно биле уништени околу 160 населени места и убиени многу Македонци.

Уште од првите децении откако Грција ги завладеала македонските територии, насилно
биле сменети топонимите, како и личните имиња на луѓето само затоа што не биле грчки.

ПАРЧОСУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЈАДРО

Уште од првите децении откако Грција ги завладеала македонските територии, насилно биле сменети топонимите, како и личните имиња на луѓето само затоа што не биле грчки.

Во 1907 година, со Законот бр.1051 и Упатството (од 10.10.1919 г.) се дадени детаљни упатства за преименување на топонимите во "новоослободителни територии на Северна Грција"; во 1909 година, со Указот бр.125, била формирана Државна комисија за изучување на топонимите; во 1922 година Државната комисија за топоними го објавила Упатството бр. 426 за промена на топонимите; во 1926 година бил донесен Указот бр. 332 за преименување на селата, градовите и паланките; во 1927 година, со Указот бр.287, биле одредени казнени мерки за неспроведувањето на преименувањето.


Во истиот дух биле донесени и други закони и укази: на 13 мај 1929 година - Законот бр. 4096; на 18 јуни 1935 година - Законот бр.6429; на 22 ноември 1938 година - Законот бр.1418; на 4 декември 1945 година - Законот бр. 697.

До 1970 година во Егејскиот дел на Македонија (денес Северна Грција) се променети вековните имиња на 1.666 населени места, илјадници топоними, како и личните имиња и презимиња на целото македонско население.

Како илустрација нека послужат следните примери: гратчето Рупишта е преименувано
во Аргос Орестикон; градот Воден во Едеса; градот Лерин во Флорина; селото В'мбел во Мосхохорион; селото Кутлеш (кое се прослави по археолошките наоди за долината на царевите Филип и Александар) е прекрстено во Вергина и сл.


Во јули 1982 година, Парламентот на Република Грција го донесе дискриминаторскиот Закон бр.1268/82 за структурата и функционирањето на високо-образовните институции, во кој со член 49 се предвидува "забрана на грчките граѓани да студираат на универзитетите во кои наставата се изведува на јазик кој пошироко меѓународно е непознат''.

Веднаш потоа, врз основа на овој Закон,на 15 ноември 1982 година Министерството за просвета и религија на Република Грција донесе одлука Н - 5421, со која конкретно е определено дека "одредбите на спомнатиот закон" ќе се применуваат за македонските универзитети.

На тој начин грубо и слепо се негираше културниот и националниот идентитет на македонскиот народ и неговото меѓународно право на самостојно културно и национално издигнување.

Потоа, најголем дел од грчките студенти -од кои секоја година на Скопскиот универзитет се запишуваа просечно по 150/200 - се префрлуваа на соодветните универзитети во Белград, Ниш и во Сараево, додека еден дел се вратија во Грција.
Со овој акт на грчкиот Парламент се направи дискриминација на македонскиот јазик и на македонскиот народ.

Од денешен аспект, значаен за македонската дипломатија по 4-годишното грчко попречување на целосното меѓународно признавање на Република Македонија, е фактот што, во погорниот грчки акт, тие сами, односно нивниот Парламент со свој акт признаваа македонски Универзитет, а тоа подразбира и признавање на името Македонија.

Додека Грција спроведуваше асимилациско-денационализаторски притисоци за демакедонизација на Македонците директно со законски акти, другите соседни држави за истата цел применуваа "покултурни" и "посуптилни" методи.

Раселените Македонци низ целата бугарска држава евидентно ја отсликуваа таквата бугарска политика. Раселувањето на Македонците од делот на Македонија под Бугарија се спроведува за да се спречи нивното хомогенизирање, од кое можат да произлезат нивни национални и територијални автономии.

Српската политика на асимилација на Македонците, за разлика од грчката и од бугарската, се служеше со поинакви асимилациони средства и методи.
Таа сметаше дека преку економската зависност на македонското стопанство од српското, во рамките на поранешна авнојска Југославија, како и преку мешаните бракови, ќе спроведе успешна асимилација на културниот и на националниот идентитет на оние Македонци кои биле свесни за последиците од дискриминаторските методи и процеси на демакедонизација и не се согласувале со нив, па морале да емигрираат и да се иселуваат.

Третата причина на Македонците за бегства и за иселување од родните огништа надвор од Балканот и од европскиот континент е несогласувањето со туѓите окупаторски власти кои во Македонија, па и на целиот Балкан, владееле со векови. Внимателна анализа на големиот број војни водени против Македонија и за нејзината територија и на долговековното туѓо окупаторско владеење над македонската територија и население, покажува дека со Македонија владееле туѓи власти повеќе од 20 века.

По седумнаесетгодишно војување меѓу Македонија и Рим, пред Христа, Римската империја владеела од 142 г. пр.н.е. до 324 н.е., Византија владеела од 342 до 610 година, бугарско владеење било од 852 до 969 година, византиско владеење од 969 до 985 година, визатиско владеење од 1019 до 1185 година, бугарско-византиско владеење од 1203 до 1282 година, српско владеење од 1282 до 1371 година.

Турската војска, по 20-годишно војување против српската власт, ја зазема цела Македонија, така што од 1371 до 1912 година, владее Турција.
Српско, албанско, бугарско и грчко владеење има од 1912 до 1944 година.

Република Македонија, во федерација со други пет републики, го пренесе својот суверенитет врз Сојузот на Југословенската федерација од 1944 до 1991 година.
Тоа беше и парадоксот. Прво беа формирани федерални органи, а потоа беа конституирани републиките.

Република Македонија, како самостојна, суверена и демократска држава, е од 8 септември 1991 година, кога народот на референдум се определи за нејзина независност.

Истражувањата на владеењето на туѓата власт од 1913 го дина ги покажуваат неговите следни карактеристики: Во 1913 година Македонија е поделена на три дела, меѓу Србија, Грција и Бугарија, а една година пред тоа - дел под Албанија.

Во сите четири држави, меѓу Првата и Втората светска војна, во подолг временски период владеат фашистички режими, кои применуваат посебен политички терор и економско осиромашување, со цел да го асимилираат, денационализираат или да го протераат македонскиот народ од Македонија, односно да извршат промена на нејзиниот етнички состав.

Во 1941 година, македонскиот народ во сите четири окупирани делови на Македонија масовно застанува на страната на антифашистичката коалиција, гледајќи ја во заедничката борба својата шанса за национално и социјално ослободување.

Во текот на Втората светска војна македонскиот народ создаде своја војска (вооружени формации), органи на власта, училишта на македонски јазик и контрола на своите територии.

На конференциите меѓу Рузвелт, Сталин и Черчил во Техеран, од 28 ноември до 1 декември 1943 година, е договорено "границите на Југославија да останат исти, освен
западните...", а на Јалта, од 4 до 11 февруари 1945 година, е извршена поделба на
сферите на влијание меѓу сојузниците на антифашистичката коалиција.

Така беше одредена и судбината на македонскиот народ повторно да живее поделен во четири држави, кои подоцна потпаднаа меѓу четирите глобални поделби на светот (Југославија - неврзаните; Грција - западниот блок; Бугарија – источниот блок, и Албанија - источниот блок, а потоа блиски врски со Кина).

Република Македонија (Вардарскиот дел на Македонија, односно нејзиниот северен дел,
приграбен во 1913 година од Србија со Букурешкиот договор, подоцна под Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно Кралството Југославија, како и под Титова Југославија, ФНРЈ, односно СФРЈ), со 100.000 луѓе под оружје, со сопствени сили сама се ослободи, при што даде 25.000 жртви и претрпе огромни материјални штети и пустошења.

На 2 август 1944 година се конституира Република Македонија како демократска држава, во присуство на претставници на Велика Британија, САД и СССР како сојузничка мисија. По заострувањето на односите Тито - Сталин, следеше троен пакт за спас на Југославија меѓу Југославија, Грција и Турција, при што од југословенска страна беше даден влог - да се премолчува, да се "замрзне" македонското прашање.

Во меѓувреме беше уапсен првиот шеф на македонската држава Методија Андонов-Ченто, а исто така, и голем број интелектуалци. Цел на затворањето беше да се спречи покренувањето на "македонското прашање" и осамостојувањето на Република Македонија, која ј имаше отстапено дел од својот суверенитет на Југословенската федерација.

Делот на Македонија приграбен од Грција, по поразот на Грција во војната со Турција во 1922 година, беше населен со голем број христијани при грчко-турската размена на население врз верска основа.

Заради развивањето на "грчкоста" на новите територии, грчката држава, која тогаш се прошири за 68 отсто, а населението го зголеми за 78 отсто, не ги почитуваше човековите
права од меѓународните обврски и договори кон македонското национално малцинство, особено во периодот на Метаксасовата фашистичка диктатура (1936-1941), што како пратика е присутно и денес.
 
Придржувајќи се кон договорите од Техеран и Јалта, англоамериканците ги поддржаа грчките монархо-фашисти во Граѓанската војна, која траеше од 1946 до ноември 1949 година.
Резултатот од поразот на македонските вооружени сили, кои се бореа за едно со грчките, предводени од КПГ, беше укинувањето на органите на власта, на училиштата и сл. и протерувањето и бегството на повеќе од 100.000 Македонци и 28.000 деца од 2 до 14 години, за кои последиците од тоа траат и денес.

Поради геостратегиската положба на Република Грција, во услови на постоење на три комунистички држави на Балканот, и заканувачкото присуство на советската црноморска флота, нејзините западни сојузници ј правеа отстапки, вклучувајќи ги тука и премолчувањата на реалноста - малцинските човекови права, односно односот кон нив - со ветувањето за етничко чистење, толерирањето на невистините за минатото итн.

Делот на Македонија заземен од Бугарија во текот на Втората светска војна масовно се крена на оружје.
Македонците извојуваа свои национални права (локална власт, училишта на македонски
јазик, културни домови, право на слободно изјаснување, при што на првиот повоен попис како Македонци се декларираа 165.000 граѓани итн.).
Меѓутоа, тие придобивки беа анулирани од блоковски причини по спорот Тито - Сталин,
а Бугарија, како членка на источниот блок, тргна кон монолитност.
Како резултат на тоа, ниту на декемврискиот попис во 1992 година, иако имаше барања,
не беше дозволена графа за слободно манифестирање на македонското национално чувство и изјаснување како Македонци.

Југозападна Македонија (Пустец, Преспа, Голо Брдо, кои паднале под Албанија при нејзиното формирање во 1912 година), цели 80 години живееше во услови на тоталитарни режими.
По Втората светска војна, тамошните Македонци добија формално право да се изјаснуваат
како што сакаат, при што добија и право на школување на мајчин јазик во првите четири години од основното училиште.

Со демократизацијата во Албанија, формирани се повеќе организации на Македонците, чии лидери се изјаснуваат дека таму живеат повеќе од 250.000 Македонци.
Поделеноста на Македонија и на Македонците во четири држави и во четири света условуваше парчосување на македонското јадро, кое беше подложено на четири индоктринации.
Секоја држава произведуваше свое видување на минатото, на историјата, на културата и воопшто на цивилизацијата на Македонија,со голема доза на субјективност и приврзаност кон стратегиските цели, како израз на блоковската припадност.
Со падот на комунизмот и на блоковската поделеност се распадна и вештачката творба СФР Југославија и мутантот на југословенска нација.

Република Македонија, како демократска држава, се врати на изворниот субјективитет од нејзиното основање на 2 август 1944 година, со европска опција кон иднината.

Евидентни факти за притисокот врз Македонците и за иселување може да се најдат во Извештајот на данскиот Хелсиншки комитет за положбата на Македонците во Северна Грција.
Во периодот од 19 до 27 јули 1993 година, групата составена од заменик-извршниот директор на ''Хелсинки воч" од Њујорк, Луис Вајтман; Панајот Димитрас од Групата за
права на малцинствата во Атина; и професорот Ерикс Сизби од данскиот Хелсиншки комитет, формира мисија за испитување на факти за грчкиот дел на Македонија, со цел да се следи грчката политика која се спроведува кон "славомакедонското" население, како и фактичката положба на населението.
При престојот во Грција групата беше постојано следена од полицијата, што спречи
повеќе лица да земат учество во интервјуирањата, кое потврди дека семејните имиња на Македонците биле погрчувани, а плукани децата кои зборуваат македонски. Македонскиот јазик се омаловажувал со цел да се поттикне асимилацијата на Македонците.

Со договорот, кој го потпишала во 1920 година пред Лигата на народите, Грција се обврза на малцинствата од негрчко потекло да им даде извесни права.
Така, грчката Влада се обврза да основа специјален буџет за училиштата на малцинствата.
Букварот наречен "Абецедар" во основа го има дијалектот кој се зборува во Лерин и во
Битола, а беше отпечатен во Атина.
Во оваа книга беше употребена латинична азбука, а јазикот значително се разликуваше од бугарскиот.
Овој Буквар беше доставен и до Лигата на народите како доказ дека грчката Влада ги исполнила своите ветувања за македонското малцинство.
Грчкиот претставник во Лигата на народите, господин Василис Вендрамис, објави дека македонословенскиот јазик не е "ниту бугарски, ниту српски, туку е независен јазик''.
Тој, исто така, изготви и лингвистички мапи, кои ги покажуваат областите каде што се зборува македонски.
Сепак, букварот никогаш не дојде до рацете на македонските деца за кои беше наменет, а грчката Влада никогаш не презеде никакви чекори да им даде културни права на Македонците.

Напротив, од 1926 година семејните имиња на Македонците беа погрчувани.
Словенските географски имиња беа заменувани со грчки имиња, а словенските натписи во црквите беа отстранувани.
Црковните служби во словенските цркви беа забранети.
Во 1936 година, во времето на диктатурата на Метаксас, "славо-македонскиот јазик" беше забранет.

Резултатите од истражувањето во 1992 и 1993 година на американскиот и на австралискиот континент за спецификите на иселеништвото покажуваат дека од поранешните југословенски републики најмногубројно е иселеништвото од Република Македонија.
Резултатите, исто така, покажаа дека помал број од ова иселеништво ја напуштило
Република Македонија од идеолошки причини, поради отпорот против поранешната југословенска творба, против српското влијание и против комунизмот.
Поголемиот број од ова иселеништво се иселило поради политиката која ја водеше поранешниот југословенски врв за празнење на македонската територија.

Може да се забележи дека сите оние места кои биле лежишта на патриотизам и револуционерен дух се смислено испразнети, односно луѓето се иселени.
За овие процеси е потребно дополнително научно истражување, но евидентно е
следното: за политиката на испразнување на Македонија е карактеристичен периодот по 1960 година.
Тогаш, со наводната либерализација на политиката на одење на работа во други земји, доаѓа до иселување на поголем број работници и интелектуалци, заедно со семејствата, од СРМ, во прекуокеанските и западноевропските земји.
Во овие земји има Македонци иселеници од речиси сите општини на Република Македонија; интензитетот на нивното иселување е различен и зависи од економско-политичкиот момент, кој трае до денес.


Преземено од книгатата на Пандил КОСТУРСКИ
ДИПЛОМАТИЈАТА И МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО
 
Студенты и помештики - вечнаја драма недопониманија. Где студенты - там дебош, интриги, тајные обштества и антиправительственные заговоры. Савинков, "Воспоминанија террориста" (1909): " - Знаешь, говорил он (Калјаев - А.К.) мне в Харькове, - ја бы хотел дожить, чтобы видеть... Вот, смотри - Македонија. Там террор массовыј, там каждыј револјуционер - террорист. А у нас? Пјать, шасть человек и обчелсја... Остальные в мирној работе. Но разве с.-р. Может работать мирно? Ведь с.-р. Без бомбы уже не с.-р. И разве можно говорить о терроре, не участвуја в нем?.. О, ја знају: по всеј России разгоритсја пожар. Будет и у нас своја Македонија. Крестьјанин возьметсја за бомбы. И тогда револјуција..." В Университетском саду проходили наши совештанија........

http://old.russ.ru/publishers/extracts/20050511_ak-pr.html
 
От много време темите се вртат се покраj едно и исто-Македониja и неjното делене.
Нека погледнеме привиот пост.

"....главно, за земање на македонската територија."

Се е во ред,ама нешто куца.Много интересно как се определа дали една териториja принадлежи едни или на други?От каде разбра до каде е македонската териториja.Но да не бидеме сантиментални и да продолжиме нататак.
Односно светските позиции Австро-Унгариja била на страната на Турциja,а Русиja била на страната на сите Балкански народи.


"Во војната против Турција сојузниците ги користеле Македонците за првите борбени редови"

Тук исто можем да спориме,заштото воjната против Турциja e првата Балканска воjна(Втората не се води против Турциja).Та во тази прва Балканска воjна Македонците беха во Отоманската империja и чуждите армии идеха от надвор.Нема как македонците во Отоманската империja да са во првите борбени редови.ДА има организации,кои се сапротивлjaват против турците внатре во Отоманската империja.Да има доброволци от пределите на Македониja во армиите,но те се биjaт рамо до рамо со другите и са на истите редове,на каквито са били сите други.
Тук иде и прашането,коja држава со какво разполага и коja е поела воjната на грба си.По сите данни можем да видим,дека Бугариja како наjблизка до центара на Империjaта и имашта наjголем фронт, носи тежеста на воjната со неjната 600 000 армиja.
Во првата Балканска воjна наjтежките боеве са во источна Тракиja.Македониja е далеко от основните турски сили.Турците отстапват отсекаде.Турската армиja е по линиjaта Мизиja-Енос.Ова е на около 50-100 км от Истамбул.
По силата на договора между Царство БГ и Кралство СР е требало териториите на Маседониja да се поделат на 2-Безспорна и Спорна зона.Спорната зона е требаво или да биде решена со референдум или по волjaта на рускиja цар.
Првата Балканска воjна завршва со рагрома на Отоманската империja со подпишуването на Лондонскиот мирен договор.
След краja на воjната иде прашането как да биде поделена териториjaта.Србиja и Грциja со своите армии(кои са наполно цели и неуморени) ги трупат по границата со БГ.Србиja не сака и да чуе за спорна зона или уште помалце за референдум на спорната зона.Малко преди това СР и ГР подпишуват договор за взаимна помошт ако БГ ги нападни.Така и става.БГ напада со цел да принуди старите си соузници да изполнат подпишаното.Сите знаеме шо става.
Букурешки мирен договор.Целта е постигната-Србиja и Грциja имат една обшта граница.От там започнува един от многото делове на бежански волни ком БГ.Интесено зашто бегат во БГ?Но ова ке остава на простата логика.
Со краja на воjната екзархиjaта губи правата си.
Иде првата светска воjна и уште еднаш военните деjствиja во Македониja.
Уште една брана на бежанци и то во пати повеке от секи друг пат.
Наjголемиот дел от бежанците бегат во БГ.Уште еднаш незнаjно зашто избират БГ.
Иде Втората Светска воjна.Ова е заложено уште во парвата.
Нова воjна,нови военни деjствиja во Македониja.Като цело Балканот е обвзет от една генерална идеологическа воjна-комунисти срешту фашисти.
Воjната свршва и еве пак брана бежанци.Тоза пат помалце но ги има.
Иде новата Титова Jгославиja и проекта за Балканска федерациja.Се е супер,Тито и Георги Димитров са готови,но со неколко услова.Првиот е Jгославиja да опрости целиот долг(репарации) на БГ ком неja.Во това число и сите артефакти.Така и става.
Идеjaта за Балканската федерациja сака да обедини като прв етап Jгославиja и Бугариja.БГ ке предаде Пиринскиот дел на Македониja на Народна Република Македониja,а Србиja ке даде Западните покраjнини и делови от поморавието на БГ.
Се е готово и се спремат за обединението-прават се подписи,кадето во Пиринска Македониja во това време се декларират над 100 000 македонци.Во тази териториja идат емисари со камиони и тонови книги от Македониjа.Започнува една насилствено учене на македонски jaзик,се се носи от Варданска Македониja.
Докато Тито и Георги Димитров спорат до колко ке има БГ глас во новата федерациja, Сталин разбира за тези идеи на двамата и вика и двамата един по един.
Балканската федерациja е погребана.Грциja е во времена на граждански воjни.
Около 50 години - почти зид.
1991 година.Като сите држави на Балканите Македониja изживja своjaта независност.Се убаво,но господата Мицотакис и Милошевич беха готови отново да фрлат Балкана во нова воjна и ново деление,като посакаха да се дели Македониja.Во този момент РБ отказа и побрза да признае РМ под уставното име.
Лобира пред Русиja(като светска сила да ja признае исто).При посештението на Борис Елцин во Софиja-Р Македаниja беше признаена от Русиja.Така за прв пат една светска сила призна вашата држава и гарантиса дека нема да дозволи да стане плана на Мицотакис и Милошевич.
Оттук започнува и новата историja на РМ.Сите знаеме шо стана со неja,со ембаргото,со военните конфликти и така натаму.Судбата на Македониja е тесно поврзана со политике на соседните држави.Истото важи и за неjниот народ.
 
- Сите знаеме каква политика води Бугарија. Таа им издава бугарски лични карти на Македонци со единствена цел статистички да го зголеми бројот на бугарското малцинство во Македонија. Затоа и дозволува издавање лични карти на ваков начин, без разлика на тоа што лицата не живеат на нејзина територија. Државата дури ги скрати и временските рокови за Македонците што аплицираат за бугарски документи. Но исто така сите знаеме од кои причини Македонците вадат бугарски лични исправи, а тоа е исклучиво за да добијат патен документ со кој непречено ќе може да се движат низ земјите од Европската Унија - вели Стојков.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=346&ArticleID=20691
 
Официјалното парчосување на македонското јадро, започнува веднаш по распаѓањето на Охридската Архиепископије, а тоа беше крај на 18ти век.

Од тогаш почнува се што кулминира со распарчување на македонското јадро во 1913. Инаку, и претходно се работело против Македонците.

Реално со гејците постои спор и раздор уште од антиката, и ако сме доволно умни, ќе забележиме дека се уште ги имаме истите карактеристики на македонската личност, и гејската личност.
 
“Сите претензии кон Македонија се оценуваат како скршување во погрешна насока. Пред автриската окупација на Босна,никој во Србија не помислуваше на искажување на претензии кон Македонија. Се додека Србија ги бараше своите излези на Јадранско Море немаше тврдења дека во Солун има српско население. Дури откако на Србите, со насилен акт на Берлинскиот конгрес, им беше одземено природното право, поради историјата и јазицните граници,да се прошират кон Јадранското Море, со вештачка агитација погледите на српската политика се сврте кон Македонија.“

Пратеникот Балугџиќ од 1886 година објавено во берлински весник.

Пратеникот е одговорен за односи со јавноста на кралот Петар Караѓорѓевиќ.
 
fmi: Бугар, слободен си!
 
- Сите знаеме каква политика води Бугарија. Таа им издава бугарски лични карти на Македонци со единствена цел статистички да го зголеми бројот на бугарското малцинство во Македонија. Затоа и дозволува издавање лични карти на ваков начин, без разлика на тоа што лицата не живеат на нејзина територија. Државата дури ги скрати и временските рокови за Македонците што аплицираат за бугарски документи. Но исто така сите знаеме од кои причини Македонците вадат бугарски лични исправи, а тоа е исклучиво за да добијат патен документ со кој непречено ќе може да се движат низ земјите од Европската Унија - вели Стојков.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=346&ArticleID=20691

Историja->Парчосување на Македонското јадро - процес кој трае веќе 1 век!
Шо обшто има?
Но сум готов да ти отговорам веднага.Некоj насила да е требало да добива бугарски државенство?
Наше право е да даваме наше државенство.Вие исто можете да давате.


Бугар слободен си!
Ова го знам от както сум се родил.Друго ?
 
Абе не ми гнаси тема, ваше право било.

Тоа е ваша политика на бугаризирање на Македонците поради економските состојби.
 
Пa коа не сме знале ние да ги Македонизираме, кога бевме по јаки сега што да правам.

Ние сме си криви. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom