Од таа гледна точка на познавање и ниво на комуникација можеш кај нас да заборавиш поделба бидејќи Македонија е релативно мала и скоро секој со секого се знае што се добива ефект на едно големо село.Дали проблемот е само во географските поими град-село (разликата е само во големината). Инаку и во град и во село живеат луѓе, само што во градот поголем дел се анонимуси и цел живот се борат за сопствен идентитет и преку чаламџиска (т.н урбан речник) изјава се обидуваат да свртат внимание, додека во село сите се со идентитет и со име , презиме и прекар, не „патат“ од ништо и за ништо едноставно пленат и сите се лепат за нив. Не случајно рекол нашиот народ „Подобро прв во село отколку последен во град“.
Сакам да кажам дека нашите градови сеуште не се чисти градски средини, т.е. сеуште во градовите живеее население кое е доселено од селата пред 10-20-30 год.. Значи градовите допрва ќе се диференцираат како средини со автентично градско население. т.е родено воспитувано и раснато как вистинско урбано население. Моментно нашите градови се мешавина на се и сешто, па затоа реков дека има анонимуси кои талкаат по градски идентитет.Од таа гледна точка на познавање и ниво на комуникација можеш кај нас да заборавиш поделба бидејќи Македонија е релативно мала и скоро секој со секого се знае што се добива ефект на едно големо село.
Инаку уште една работа, имајте на ум дека не секогаш добра домаќинка од село ќе биде добра домаќинка во град и обратно, ама пак тоа е поврзано со динамиката и начинот на живот во село, помал град и голем град.
Нема нет нема фејсбул, леле како во камена доба.:jaj:Него страшна работа е што нема компјутер и нет:pos2: нема фејсбук и мај спејс...леле па како ќе комуницираш за излагање ако не е онлајн на мсн...ништо ќе те вара со некој шо има трактор 3500 кубика со 4 плуга:pos2:
[/QUOTE]остај шала - Toa се случува за жал, кога не живееш за себе туку за другите
за жена по би девојка од село, ем подомаќинка ем помалце возена..ништо не и фали додуша и за девојка, дека од град па поголеми селјаци сме еве си признавам....
во село живее селанец, а во град селјак...што е побетер:helou:
Ова е коментар на место, и јас се согласувам со тебе. Што има мене да ми се меша друштвото јас со која женска сум или која ми се допаѓа? Напротив, тие како другари треба да ти дадат подршка а не да бидат против тебе и да те заебаваат.ако ја сакам нема да се срамам дека е од село и покрај сите ругања и подјебавања од страна на друштвото на моја и нејзина сметка..шо ги боли нив дали мојата девојка е од село..никој нема право да се меша во мојот избор.живеј си го животот како ти сакаш и како тебе ти одговара
Што се однесува до домаќинлукот, јас не би делел на домаќинка од село и домаќинка од град, туку како добра и лоша домаќинка.
Како што ти некако магично се навреди од муабетов, јас дефинитивно се осеќам навреден од твојот опис на човек кој живее во градска средина.Аиииииииии.... мене ми е женската од “село“ па што да правам? Лелеее, веќе 5 години сум во врска (ке ми се смејат :kesa: да се скријам)...
Од вакви коментари да му пукне на човек душата. Која е разликата помеѓу човек од град и човек од село?? Сега ке ти кажам... Градските деца се “мамини мази“ по цел ден или се излезени на кафе, или се собрани кај некој другар/ка. Додека селските се повеќе по работата, помагаат дома уште од мали, немаат многу време за кафе, шетање и денгубење. Што е тука за потсмев (освен што едните се мрзи) не гледам. Ако може некој нека ме просветли.
А што е потрагично? Вакви “граѓани-кремци“ изгорени да заминат во странство (Америка, Германија), имам видено 10000001 случај. И како се годи, баш нивната работа во таа нивна златна туѓина е по рурални средини (фарми и ранчови). Ама не работат дома “селски работи“ и седат со 1 кафе во кафуле (со пари позајмени од мама по двочасовно молење), бидејки ке им се смеат.
Е да си ми жив и здрав, да се зборува за автентично градско население е по малку тешко во Македонија, но мислам дека особено во другите градови, кои не се Скопје ова население постои и ги има оние градски манири барем кај повозрасната генерација која пак е столчена од напливот на младите со изместени сфаќања за култура и градско однесување а пак тоа директно подбуцнато и индиректно поддржано од катастрофалната економска ситуација.Кралот Марко напиша:Сакам да кажам дека нашите градови сеуште не се чисти градски средини, т.е. сеуште во градовите живеее население кое е доселено од селата пред 10-20-30 год.. Значи градовите допрва ќе се диференцираат како средини со автентично градско население. т.е родено воспитувано и раснато как вистинско урбано население. Моментно нашите градови се мешавина на се и сешто, па затоа реков дека има анонимуси кои талкаат по градски идентитет.
Друже можиш да видиш дека сум од Битола... И можам комотно да ти кажам дека поголем дел од младите седат на широк сокак цел ден пиејки едно кафе од 50 денари (за кој се молел) и правејки мајтапи за децата од околните рурални средини. (ако се пронаоѓаш во ова треба да се осетиш навреден ако не, негледам кој е проблемот :smirКако што ти некако магично се навреди од муабетов, јас дефинитивно се осеќам навреден од твојот опис на човек кој живее во градска средина.
Со тоа што ќе етикетираш “граѓанин“ со вакви термини тогаш и се сложуваш да бидеш ословен како “селанец/сељак“ ама во погрдната форма и со епитетите кои се земени како генерализација.
Автентичното градско население, отиде со изградбата на државата во 50-тите години од минатиот век. Се отвораа фабрики, па населението од сите села се пресели во градовите. Па сега ретко кој може да рече дека неговото потекло е чисто од град. (патем, имам забележано дека постојат надежни случаи на луѓе кои размислуваат трезвено па полека полека се враќаат на старите корени, кога веќе во градот нема од што да обезбедат егзистенција)Е да си ми жив и здрав, да се зборува за автентично градско население е по малку тешко во Македонија, но мислам дека особено во другите градови, кои не се Скопје ова население постои и ги има оние градски манири барем кај повозрасната генерација која пак е столчена од напливот на младите со изместени сфаќања за култура и градско однесување а пак тоа директно подбуцнато и индиректно поддржано од катастрофалната економска ситуација.
Со ова 100% се не сложувам, не гледам која е разликата со човек кој што живее во град или село. Само за некои граѓанковци, дружење (или имање нешто повеќе) со човек што живее на село е навредливо, застрамувачки, понижувачки.....Да бараме дали е подобро да си од село или од град е идиотски, ама да ми кажете дека тие две одат заедно без проблем, мислам дека не е исправно.