BIRD_ON_WIRE,
Добивам впечаток дека не си го разбрал текстот кој го напишав, но пред се` дека твоето познавање на политичките философии е мошне скромно и се засновува само врз тоа што ќе ти го соопштат, за тебе прифатливите, општествени авторитети.
Сакам правилно да ме сфатиш и затоа симни си ја предрасудата и стереотипизацијата што ја имаш прифатено поради недостаток на поинакви знаења кои не ти биле достапни.
Имај на ум дека овчар постои кога постојат и овци. За овчарот да го држи стадото на куп и безбедно потребно е да има, лојални кон него, кучиња. Тие кучиња му се потребни затоа што постојат волци кои сакаат неговите насобрани овци да му ги лапнат, а тој да остане без овци.
Е се`а, направи една терминолошка замена и ќе добиеш однесување на луѓе во неслободна околина кои се контролирани од мала група на луѓе со свој интерес кој не мора да е полезен за севкупното, општото, добро кое постои.
Оди на овој сајт
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda
Најдоле кај каунтерот има една точка. Таа точка е линк од каде ќе можеш да симнеш едно книжуле кое дополнително ќе ти објасни за што зборувам. Направи терминолошка замена на зборот македонски, каде што го има, во албански. Можеш, ако сакаш, и да го преведеш и даваш на други. Ќе додадам: ако не ти е страв!!! Инаку, нема да бидеш првиот кој го прочитал, но не сакал да го преведе и да го проширува.
Расправаме дека главниот овчар кој ќе ги предводи сите граѓани на Македонија без разлика на етничка,верска припадност допрва доаѓа. Неговиот пат продолжува таму каде што беше стопиран пред 12 години и овој пат ништо не може да го сопре. Се враќа поискусен и неговата идеологија не е само во полза на албанците туку на сите граѓани што значи дека се одбегнува практиката на политичко делување само кај албанскиот електорат. Единствено првенство на делување и се дава на општината Гостивар.
Доколку мислиш на еден млад политичар кој поради надуената суета од својата пребрза и со ништо основана слава се доведе до позиција да биде изигран како пиунче, а поради тоа недолжни граѓани да изедат ќотек и сето тоа да се снима заради амбициите на друг политичар кој многу сакаше да изгледа како Милошевиќ, а сето тоа фактички беше прикривање на порастот на марката за 30% каде што многумина македонци и албанци од естаблишментот ќарија дебели пари на сметка на тие излажани и истепани граѓани, тогаш не се согласувам со тебе.
Ај кажи/ напиши нешто за веќе изнесената десна идеологија на тој политичар која би била во полза на сите граѓани. Иако Македонија, ако не си знаел, е мултиетничка. Во мултиетничко општество не постојат граѓани туку акцентот е на етникумите. Нека не ми те лажат. Од друга страна пак, во мултикултурното општество прво и основно постои граѓанот кој што е слободен да се идентификува со неговата култура. Можно ли е да не си се запрашал воопшто зошто сите држави создадени од многу етникуми (САД, Канада, Австралија и др.) се мултикултурни, а не мултиетнички општества?
ВМРО-ДПМНЕ е десна партија ама Груевски е мек десничар(привремено раководство

) со задача да направи голема промена па може да се каже дека сите се блиски до твојата констатација. Некои работи не одат заедно, или си за промени или не си.
Ќе ми кажеш како се разликува мек од тврд десничар или пак мек или тврд левичар? Во варењето ли е одговорот?:smir:
Во државава оние кои ги сметаш за репресирани под наводници се навистина репресирани од сите влади без разлика на тоа што во тие влади партиципирале и албанци. Ако мислиш дека не е така со оваа влада, се лажеш или пак ти се допаѓа оваа грда реалност ненормална и нечовечка но сепак тоа е вистината. Немам некакви лични примедби но кога владечката политика станува јавно мислење се претпоставува јавната одговорност.
Гледам дека се репресирани. Немаат свои политички партии, немаат образование на мајчин јазик, немаат право на... Што се` треба да добие албанецот за да не се чувствува ненормално и нечовечки репресиран во Македонија.
Ако некој треба да се жали дека е репресиран во Македонија тогаш тоа треба да бидат ромите и турците, покрај другите останати.
Сакам да ме сфатиш правилно и црнците во САД се „учат“ да обвинуваат секого освен самите себеси за сопствените неуспеси. Ова не им го прават белците туку црнците кои имаат политички амбиции, а сакаат да се шлепат на расистичкиот воз.
Во државава без разлика што сите граѓани спаѓаат во поимот репресирани политичките партии делуваат во интерес на нивниот етнички електорат бидејќи сите се етнички партии иако некои се трудат да се покажат како граѓански па затоа се занимаваат со етникуми.
Е ова ти го „обели“ образот. Аферим!!!
Секој кој има амбиции да стане политичар се фаќа за „репресивниот“ карактер на Македонија.
- Албанците се репресирани од македонците,
- македонците се репресирани од албанците,
- ромите,турците, власите и србите се репресирани од другите,
- репресираните се репресирани од репресаторите и
- кога ќе недостасува репресатор тогаш ќе се изнајде причина за репресирање и ќе и` се даде име и сопственик и ќе се создаде репресија против која треба да создадеме репресивни мерки за да ја сузбиеме таа ненормална и нечовечка репресија.
Никој од создавачите на репресии (нашите политичари) не спомнува дека сега живееме како слободни луѓе во демократија и дека единствена нивна задача е да внимаваат на веќе постоечките позитивни услови и да создаваат нови подобри услови каде што индивидуата ќе може себеси несметано да се надградува.
Зошто и би спомнал таква работа политичарот, та нели тој добива мандат за да ги реши репресиите. Доколку навистина ги реши ќе си ја изгуби работата и стекнатата моќ врз населението, нели? Значи во интерес му е да го продолжува тоа што му ја задржува во живот неговата висока општествена позиција (привилегии и пари).
Бидејки сензитивноста (чувствителноста) ти е голема сакам да нагласам дека моето пишување беше наменето да информира. Доколку сум напишал нешто навредливо според тебе тогаш однапред се извинувам, но пред да ме обвиниш за сторена навреда би те замолил убаво да размислиш за тоа што го напишав.
Поздрав:helou: