Лажно претставување
На пресот одржан по повод инсинуациите на Зоран Заев дека возилото на Мојсеј Трајковски било демолирано поради внатрепартиска пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева меѓу друто рече:
„Се согласувате (г-не Заев) дека истрагата не е завршена, а настапувате како вие да ги знаете мотивите. Што поскоро г-не Заев и јас (Силвана Бонева) сакам да знам, да го знам одговорот на прашањето, дали вие, или некој од вашите блиски го одбрате и го плативте токму осомиченото лице, според фотографијата што сте ја имале, да го изврши тоа злосторство.“
Деновиве по телефон го прашав г-нот Мојсеј Трајковски, во каква роднинскa врска е со г-нот Заев? Бев вчудоневиден кога ми одгвори дека не биле роднини.
Во „Фокус“ од 15.08.2008 г. Заев кажува дека бил во роднинска врска со претседателот Борис Трајковски, но г-нот Мојсеј Трајковски ми кажа дека Заев лаже оти биле роднини.