Ја аа...знам многу вака, им биле лути на претпоставените, па решиле да уништат се околу нив... И јас едно време во основно, кога ќе добиев 4-ка, се наставниците ми беа криви, и се си замислував за денот кога ќе го кренам во воздух школото... Арно за мене, не пробав некоја глупост... Ти, ако планираш...да ми ти е со среќа.
И друга работа...Кога веќе стана шампион во отворање на теми од областа на физиката, моеш да даваш по мало објаснување, да му се невиди...Така, ем ќе знаеме дека ова е твое дело, ем ние, по малу шо се разбираме, ќе видиме дали има логика или не...
И шо е сеа ова?
едит:
деданое нема да ужива во благодетите на својта напорна работа по вина на глупаците кои не го разбираат или едноставно нејќат адекватно да го платат ама затоа после деданое сонцето нема да грее а земјата ќе биде спалена, пепелосана и набиена у Дот!!!
Ми звучиш како Прашалникот од Бетмен...
и пак едит:
Ова нацртиве, колку шо можам да ти ги прочитам...имаш 64 електромагнети, пласирани во линии од по 8, кои се радијално поставени...До секој електромагнет имаш некаков појачувач на бранови, така што магнетниот бран стигнува до оската, а потоа...по некаква неразјаснета природа, ќе се лансира...Така некако?...или...чекај...Ти планираш да создадеш бранови со доволна јачина и во доволен број, за ова целово, само од себе да експлодира? Си пробал ли ти некогаш, покрај твоите општи равенки, да пробаш да се позанимаваш со бројки? Онака, чисто колку да видиме, на пример...колкава моќност би требало да има еден ваков...гаџет?...