Пошто нема линк, ај некој поупатен да објасни што се случува? Го одбирам Серпико, како најкомпетентен.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО НАЦРТ –ДУП ЗА ДЕЛ ОД У.З. 1 НА 13-ТИ МАРТ ВО 12 ЧАСОТ Во склоп на Јавната анкета која се спроведува од 04. до 20. овој месец (согласно Решението на Градоначалникот а врз основа на законските одредби за донесување Урбанистички планови),
в петок, на 13. Март ќе се одржи Јавна презентација на Нацрт-ДУП за дел од првата Урбана заедница кој ги опфаќа Урбаниот блок 1.2 дел од Урбаниот блок 1.4 и дел од Ураниот блок 3.4. Јавната презентација ќе ја одржат стручните лица –изготвувачи на Нацрт-планот во големата сала на општинската зграда со почеток во 12 часот.
Опфатот на овој Нацрт-ДУП чија површина изнесува 42,70 хектари, се улиците: „Илинденска“ , „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“, дел од „ Васил Стефоски“, реката „Грашница“ и Охридски Езеро.
Разбирливо е, а тоа е и законска процедура, дека и после јавната презентација граѓаните ќе можат да ги изнесуваат своите забелешки по Нацрт-ДУП до крајниот рок (значи 20. Март) на анкетни листови кои подоцна ќе се разгледаат од страна на стручна комисија.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Треба да го разгледам поподробно за да коментирам. На сајтот на општината прилично лесно ја најдов информацијата иако со оглед на тоа дека има само 220+ посети на веста, незнам кога е објавена - имајќи во предвид дека презентацијата е направена на 13-ти март, а анкетата (прилика за сите мештани кои се засегнати од измените во планот да дадат предлози - анкети во кои ќе побараат одредена корекција или ќе дадат забелешки) пак се спроведува од 4-ти до 20-ти март овој месец.
Честопати затајувањето за ваквите информации е со намера нешто да помине со што е можно помала галама, иако информациите за анкетите одат најчесто од уста на уста - а посебно за стариот дел на градот, неможно е да се преќутат
Има и линк во пдф формат за сите заинтересирани, погледнете..
----------------------------------------Едит:
Тања Паскали: ДУП за старото охридско јадро - катастрофа за Охрид
Директоката на Заводот и музеј - Охрид, Тања Паскали Бунташеска денеска на прес-конференција изнесе низа забелешки за нацрт-деталниот урбанистички план за првата урбана единица и обвини дека Заводот како институција, не бил поканет да учествува на вчерашната јавна расправа за ДУП-от.
„ Донесувањето на овој план е најголемата катастрофа што може да му се случи на Охрид. Скоро и да не постои локација каде не се предвидува некоја интервенција. Но постојат и објекти кои воопшто не се шрафирани во планот што значи дека на нив не треба да се прават никакви интервенции, а јасно е дека истите објекти добиле надградби од цели катови“, обвини директорката Паскали Бунташеска.
Според неа, со колегите од проектантската куќа „Полог“ кои го изработуваат планот и со локалната самоуправа се одржани низа состаноци на кои од страна на заводот е сугерирано да се отстранат недостатоците, но сепак, како што рече, до тоа не дошло.
„ Доколку се донесе овој план ваков каков што е испланиран, со сигурност тврдам дека дури тогаш Охрид ќе биде избришан од листата на светското културно наследство, поточно од УНЕСКО“, рече Тања Паскали Бунташеска.
Раководителот на секоторо за урбанизам во општина Охрид, Бранко Арнаудов со став дека интенциите на локалната не се Охрид да го изгуби ваквиот статус, туку, напротив да остане на листата на заштитени природни подрачја.
„Од страна на музејот во фазата на изработка на нацрт-планот беше побарано да се предвидат нови локации за сите сопственици чии куќи им се уриваа за реализација на амфитеатарот. Кога се предвидоа новите локации, имаше забелешки од страна на заводот, и доколку тие остануваат на истиот став, нема ништо лошо, новите локации да бидат избришани“, изјави Арнаудов.
Тој подвлече дека, секторот за урбанизам ќе побара инвентаризација на просторот и за секој објекти посебно да се наведе во табеларниот дел од планот, дали има надградба или доградба.„ Овој план, по разгледувањето, и со новите забелешки, сигрен сум дека ќе оди на повторна јавна анкета“ додаде Арнаудов.
Од Заводот и музеј најавија дека заедно со Управата за културно наследство ќе реагираат со поднесување приговор кон нацрт-планот и ќе ги употребат сите мерки, овој план да се коригира и да се изработи во интерес на градот.
Извор:
ohridnews