Поради градоначалникот на Охрид, УНЕСКО планира да го избрише градот од листата

Строго сум и јас против узурпацијата на градежното земјиште кое ќе резултират еден ден со поврзвење на пределот од Ликвид до Куба либре плажана. Ама за конкретнава вест, т.е. новинарското префабрикување, можам да кажам дека делува ефтино :)

Насловот е : УНЕСКО ПЛАНИРА....
А во текстот стои: директорот на таа и таа институција од Охрид смета дека...

Cheap.
 
Уште една битна работа му фали на Охрид што заборавив да ја внесам во последното мислење, а тоа е изградбата на патот од Св.Стефан до Св. Наум (кој потоа би продолжил за Албанија). Овој пат моментално бил во проектна фаза (според изјавите на владините претставници) и би требало да почне да се гради од 2010 година. Трасата е планирана да минува од Св. Стефан-Коњско-Елшани-Пештани-Св.Наум, односно низ (или над) овие села (населби).
Патот се најавуваа како спас од летниот сообраќаен метеж кој се создава од св.Наум до св.Стефан, поради тесниот (читај катастрофален, преполн со дупки) пат. Инаку идејата за патот е стара повеќе од 30 години и многумина досега го најавувале како нивна инвестиција, многумина кажувале дека еве ние ќе почнеме, но засега ништо од тоа.
 
Пошто нема линк, ај некој поупатен да објасни што се случува? Го одбирам Серпико, како најкомпетентен.
 
Добро, тоа што е напишано, ништо не ми значи. Што е тоа што ќе се гради и што е тоа што ќе се уништи? По чиј налог е така?
 
Ако се донесе овој урбанистички план колку што сум запознаен локалните моќници ќе можат да си градат буквално се' во стариот дел од градот со што сериозно ќе се наруши типичната градска архитектура и посебност на стариот Охрид. Во превод стариот дел ќе биде типичен кич, причина УНЕСКО да го тргне од листата на заштитени споменици.
Пред некое време кога се менуваше стариот камен од чаршијата исто имаше обвинувања и барања од УНЕСКО да не се прави тоа, бидејќи каменот е препознатлив за охридската чаршија, меѓутоа сепак се изврши замената со гранит.
Повеќе за ова имаш тука.
 
Јас сепак се надевам дека овој план нема да се донесе бидејќи има жесток револт кај сите охриѓани, но и кај сите од оваа област (архитектура, културно наследство и сл.). Не верувам дека Петрески ќе ризикува да го донесе ДУПот баш сега во предизборнава кампања, кој би бил на негова лична штета, но пред се на штета на сите граѓани на Охрид, а и пошироко.
 
Пошто нема линк, ај некој поупатен да објасни што се случува? Го одбирам Серпико, како најкомпетентен.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО НАЦРТ –ДУП ЗА ДЕЛ ОД У.З. 1 НА 13-ТИ МАРТ ВО 12 ЧАСОТ Во склоп на Јавната анкета која се спроведува од 04. до 20. овој месец (согласно Решението на Градоначалникот а врз основа на законските одредби за донесување Урбанистички планови), в петок, на 13. Март ќе се одржи Јавна презентација на Нацрт-ДУП за дел од првата Урбана заедница кој ги опфаќа Урбаниот блок 1.2 дел од Урбаниот блок 1.4 и дел од Ураниот блок 3.4. Јавната презентација ќе ја одржат стручните лица –изготвувачи на Нацрт-планот во големата сала на општинската зграда со почеток во 12 часот.
Опфатот на овој Нацрт-ДУП чија површина изнесува 42,70 хектари, се улиците: „Илинденска“ , „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“, дел од „ Васил Стефоски“, реката „Грашница“ и Охридски Езеро.
Разбирливо е, а тоа е и законска процедура, дека и после јавната презентација граѓаните ќе можат да ги изнесуваат своите забелешки по Нацрт-ДУП до крајниот рок (значи 20. Март) на анкетни листови кои подоцна ќе се разгледаат од страна на стручна комисија.
Извор: www.ohrid.gov.mk

Треба да го разгледам поподробно за да коментирам. На сајтот на општината прилично лесно ја најдов информацијата иако со оглед на тоа дека има само 220+ посети на веста, незнам кога е објавена - имајќи во предвид дека презентацијата е направена на 13-ти март, а анкетата (прилика за сите мештани кои се засегнати од измените во планот да дадат предлози - анкети во кои ќе побараат одредена корекција или ќе дадат забелешки) пак се спроведува од 4-ти до 20-ти март овој месец.

Честопати затајувањето за ваквите информации е со намера нешто да помине со што е можно помала галама, иако информациите за анкетите одат најчесто од уста на уста - а посебно за стариот дел на градот, неможно е да се преќутат :)

Има и линк во пдф формат за сите заинтересирани, погледнете..

----------------------------------------Едит:

Тања Паскали: ДУП за старото охридско јадро - катастрофа за Охрид

Директоката на Заводот и музеј - Охрид, Тања Паскали Бунташеска денеска на прес-конференција изнесе низа забелешки за нацрт-деталниот урбанистички план за првата урбана единица и обвини дека Заводот како институција, не бил поканет да учествува на вчерашната јавна расправа за ДУП-от.

„ Донесувањето на овој план е најголемата катастрофа што може да му се случи на Охрид. Скоро и да не постои локација каде не се предвидува некоја интервенција. Но постојат и објекти кои воопшто не се шрафирани во планот што значи дека на нив не треба да се прават никакви интервенции, а јасно е дека истите објекти добиле надградби од цели катови“, обвини директорката Паскали Бунташеска.

Според неа, со колегите од проектантската куќа „Полог“ кои го изработуваат планот и со локалната самоуправа се одржани низа состаноци на кои од страна на заводот е сугерирано да се отстранат недостатоците, но сепак, како што рече, до тоа не дошло.

„ Доколку се донесе овој план ваков каков што е испланиран, со сигурност тврдам дека дури тогаш Охрид ќе биде избришан од листата на светското културно наследство, поточно од УНЕСКО“, рече Тања Паскали Бунташеска.
Раководителот на секоторо за урбанизам во општина Охрид, Бранко Арнаудов со став дека интенциите на локалната не се Охрид да го изгуби ваквиот статус, туку, напротив да остане на листата на заштитени природни подрачја.

„Од страна на музејот во фазата на изработка на нацрт-планот беше побарано да се предвидат нови локации за сите сопственици чии куќи им се уриваа за реализација на амфитеатарот. Кога се предвидоа новите локации, имаше забелешки од страна на заводот, и доколку тие остануваат на истиот став, нема ништо лошо, новите локации да бидат избришани“, изјави Арнаудов.

Тој подвлече дека, секторот за урбанизам ќе побара инвентаризација на просторот и за секој објекти посебно да се наведе во табеларниот дел од планот, дали има надградба или доградба.„ Овој план, по разгледувањето, и со новите забелешки, сигрен сум дека ќе оди на повторна јавна анкета“ додаде Арнаудов.

Од Заводот и музеј најавија дека заедно со Управата за културно наследство ќе реагираат со поднесување приговор кон нацрт-планот и ќе ги употребат сите мерки, овој план да се коригира и да се изработи во интерес на градот.
Извор: ohridnews
 
Во (за) Охрид, стариот дел, треба да се донес закон, пропис или како сакаат нека го наречат нешто слично како во Дубровник т.е. да никој ни шајка не смее да закова во ѕид додека за тоа не добие дозвола од надлежните кои се одговорни за заштита на културно историското наследство.
 
Во (за) Охрид, стариот дел, треба да се донес закон, пропис или како сакаат нека го наречат нешто слично како во Дубровник т.е. да никој ни шајка не смее да закова во ѕид додека за тоа не добие дозвола од надлежните кои се одговорни за заштита на културно историското наследство.

Во принцип за секоја урбана единица си има посебни одредби за градба во корелација со нејзината историчност, контекст...и да не тупам. Најчесто кога се случуваат глупости на терен е од непочитување на одредбите, а не од нивното непостоење - карактеристика за СИТЕ закони во Македонија.

И наместо да се спроведуваат постоечките, се носат нови кои...пак нема да се почитуваат, а јавноста на кратко се задоволува.

And it goes on and on and on...
 
Во принцип за секоја урбана единица си има посебни одредби за градба во корелација со нејзината историчност, контекст...и да не тупам. Најчесто кога се случуваат глупости на терен е од непочитување на одредбите, а не од нивното непостоење - карактеристика за СИТЕ закони во Македонија.

И наместо да се спроведуваат постоечките, се носат нови кои...пак нема да се почитуваат, а јавноста на кратко се задоволува.

And it goes on and on and on...

Не, да не тупиш, треба да тупиш(ме) се додека на некој кој ги прекршил тие одредби а и на тој што замижал при тоа не му биде главата пресечена со тупа секира:toe:
 
Серпико запознаен си со планираниот нов пат (од постот бр. 18), имаш некои подетални информации?
 
Брат вака,така али во Скопје коа ке пукне 45степена има километарски колони накај Охрид ... а за уредувањето на плажите не е никој крив освен администрацијата на Охрид .... И планот "има време не е 5 до 12" им смрди ...
Секоја година исто срање ... почнуваат реновирање на објекти,улици,плажи во ЈУНИ ... коа веке доаѓаат луѓе на одмор ... Ја еве секое лето средина на јуни-крај на јуни во лагадин си идам ... плажите СРАЊЕ као и стално ... Чекаат идиотите одговорни да се јави некоја глупендра да го изнајми местото и сам да си чисти,носи шанкови итн итн
Во секој случај ... занемарувајки го фактот дека охриѓаните си праат бизнис преку лето и цените не им се во ред ... Охрид одстално бил и ке биде еден од најубавите градови во Македонија ... и не ти личи коментаров ... најискрено ...
За темава не знам што друго да кажам ... Ако го избришат градов од Унеско , Охрид ке изгуби мнооооооооогу туристи али по се изгледа тамошната "власт" ... да не кажам идиоти командувани од 2-3ца охридски кобајаги мангупи не се замара со вакви проблеми ....
Sry for off topic (pretpostavuvam deka pogolemiot del e ....)

Абе ако ги укинат визите,Охрид ќе си остане “изгубена честитка“ таму некаде на Балканот.Туристи иделе оти бил во УНЕСКО,абе какво УНЕСКО какви бакрачи,туристи идат оти немаат друг избор во ГЕТОВО,па мораат да одат во Охрид.Охриѓани не најдоа за сходно овие 17-18 години навистина нешто да направат за својата иднина.Во лето преполни контењери со ѓубре,во зима нема жив човек,цените им се поскапи одошто било каде во соседството за квалитетот што го нудат.Прашливи улици,тротоари скоро и да нема,секојдневни панаѓури во центарот,како за некаков пиво-фест или гроздобер,за што Прилеп и Кавадарци излегоа поспремни,барем кога цените се во прашање.Ако овие два града ги пролонгираат деновите на Пиво-фест или на Гроздоберот,па во Охрид ќе нема жива душа,мислиш на луѓето им е до капење по камењарон исполнет со змии,или до пиење пиво во Куба-Либре како да си на семинар за депонирање на одпад.Возило не можеш ни да замислиш да паркираш,пристапот до градската плажа е како да одиш на некоја сепарација за шљунак,одбирајќи место со помали камења и со помалку расфрлени одпадоци,доколку некој се смилувал и ги одложил во не така блиската корпа за одпадоци која се празни еднаш годишно.Сепак ова е град на УНЕСКО и секој кој ќе прочита од другата страна на информативната табла за таа намена од се срце посакува да допише :“АБЕ ОВИЕ СЕ ДУПАТ“,посакуваќи што побрзо да го напушти овој град и никогаш повеќе да не го посети доколку не е приморан како многумина Македонци што живеат во визно ГЕТО.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom