Бугарско - грчко сценарио на штета на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bore69
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
По завчерашната провокација во Стразбур на европратеникот Николај Младенов од Бугарија кој пред Европското собрание побара отворање на прашањето за третманот на бугарските воени гробишта во Македонија, бидејќи, според него, владиката Петар наложил прекопување на овие гробишта, денеска следеше реакција од битолскиот митрополит.
„Здружени со непријателските сили, не само од Бугарија, туку и од Грција, прават некое сценарио на штета на македонската држава и на македонската нација, се разбира, за да го спречат влегувањето на Македонија во европските институции“, изјави митрополитот Петар.
Затоа, митрополитот Петар смета дека е потребна реакција од државните институции, бидејќи се прави подземно грчко - бугарска игра на сметка на Македонија во европските институции.
„Мислам дека треба и нашата држава да прати една загрижувачка нота до Бугарија за такви сценарија и да бара каде е изворот, кој го измисли тоа и кој тоа ни го спакува“, рече митрополитот Петар.
Покрај мариовското село Зович, во битолско има само три локации во потпелистерското село Цапари, од кои едната е колективна гробница.
grobot.jpg

Оваа колективна гробница на бугарските војници загинати во Првата светска војна, ги разбуди немирните балкански духови во Стразбур.
Тука девет децении било мирно и никој не посегнал по овие гробишта, а од бугарски претставници се вршени верски обреди.
„Трипати имаат дојдено. Ќе раздаваат, ќе си донесат пиење, си даваат задушница. Големиот поп владика го имаат донесено“, вели Дана Јовевска, жител на с.Цапари.
На оваа гробница владиката Петар пред две години служеше панихида на денот на помирувањето, каде присуствуваа претставници на завојуваните држави од Првата светска војна.

Zalosno,znaete li deka vo tie grobovi pocivaat koskite na iljadnici makedonci, koi se borele da ja zastitat Makedonija od Srbskiot agresor i okupator.
ocigledno pogolemiot broj od makedoncite ne si ja znaat istorijata.vojnicite makedonci vo bugarskata armija sea se obrkaat vo tie grobovi
 
Бугарија-Грција-Србија. Оската која од памтивек е здружена со една единствена цел: парчосување на Македонија и територијално проширување на нејзина сметка. И после ние не сме граделе добрососедски односи.
 
Ајде уште попови ни фалеа.

Тој Петар брадичето ќе му го бричам на суво, та нели е тој што проба да ја шитне МПЦ на СПЦ со нишкиот договор ?

Преку тасета од такви патриоти.

Нема Македонија непријател во бугарскиот народ.
Само во тие Карагркакоси, кои Грци со дебели пари ги финансираат за да направат ситуација на конфликт помеѓу Бугарија и Македонија.
 
Меѓутоа има во бугарскиот народ со испран мозок и пропаганда дека сите Македонци се Бугари, а Македонија е бугарска. И јас сакам да верувам во нивните пријателски чувства кон нас, но некој мене да ми го негира идентитетот и потеклото тоа не можам да го прифатам.
 
Македон, за мене пријател е тој кој што е до мене во тешки времиња.
За кафани, пијанки колку сакаш пријатели.

Бугарија кога Милошевич здиве беше таа што ја одби поканата на Милошевич и Гркот во тоа време, дали беше Мицотакис или некој сличен од Африка, за поделба на Македонија.

Бугарија беше таа која 2001 година даде воена опрема за АРМ.
Која помогна со ембаргото на Грција и го понуди пристаништето.
 
Те сфаќам, меѓутоа јас алудирам на скриената намера на Бугарите, кои сакаат всушност да не купат со таа помош, со признавањето на независноста (но не и на јазикот), со гратис тенковите, со издавањето на бугарските пасоши и слично. Мислам дека и тебе ти е јасна бугарската национална доктрина, во макијавелистички стил: "Целта ги оправдува средствата", односно сите пари и сите можни средства се ништо во споредба со остварување на вековниот бугарски сон кој очигледно уште долго ќе живее.
Бугарите ни се пријатели затоа што не чувствуваат нас како Бугари, т.е. како одродени Бугари (или македонисти според нивната теорија).
 
Македон, за мене пријател е тој кој што е до мене во тешки времиња.
За кафани, пијанки колку сакаш пријатели.

Бугарија кога Милошевич здиве беше таа што ја одби поканата на Милошевич и Гркот во тоа време, дали беше Мицотакис или некој сличен од Африка, за поделба на Македонија.

Бугарија беше таа која 2001 година даде воена опрема за АРМ.
Која помогна со ембаргото на Грција и го понуди пристаништето.

Истата Бугарија ја освои Македонија и ја окупираше за време на втората светска војна.
 
Сите работи на маса и да се разговара, да се решаваат отворените прашања.
 
Бугарија беше таа која 2001 година даде воена опрема за АРМ.

:vozbud::pos2::salut::tapp:
За да влезе во НАТО бугарија мораше да се ослободи од железаријата. Поевтино им беше да ни ги подарат на нас одколку да ги уништат. Се зборува дека во тоа време од македонска страна се испратени луѓе во блгрија да ги нашминкаат малку тенковите, префарбаат и сл. за да заличат на нешто.
Ама ве разбирам бугарофилчина со испран мозок, резерва бугарски пасош и чукање во гради дека сте патриоти. Ве разбирам дека за вас Бугарите се наши браќа :tapp::tapp::tapp:
 
Да бе ваши стручни специалисти дојдоа во Бугариа и ги оправиа танковите.Требваше да ви оставим со заставитие.Рани куче да те лае :smir:
 
Да бе ваши стручни специалисти дојдоа во Бугариа и ги оправиа танковите.Требваше да ви оставим со заставитие.Рани куче да те лае :smir:

Бугар, а знаеш ти колку пари потроши МАКЕДОНИЈА после за да се ослободи од нив. Многу голема услуга ни напраивте, другпат бојле не се замарајте со нас од вакви услуги преку глава. Со самото тоа што идеш тука по македонски форуми и се замараш со македонска политика докажува какво племе циганско сте и што вие е намерата. :pusk:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom