По завчерашната провокација во Стразбур на европратеникот Николај Младенов од Бугарија кој пред Европското собрание побара отворање на прашањето за третманот на бугарските воени гробишта во Македонија, бидејќи, според него, владиката Петар наложил прекопување на овие гробишта, денеска следеше реакција од битолскиот митрополит.
„Здружени со непријателските сили, не само од Бугарија, туку и од Грција, прават некое сценарио на штета на македонската држава и на македонската нација, се разбира, за да го спречат влегувањето на Македонија во европските институции“, изјави митрополитот Петар.
Затоа, митрополитот Петар смета дека е потребна реакција од државните институции, бидејќи се прави подземно грчко - бугарска игра на сметка на Македонија во европските институции.
„Мислам дека треба и нашата држава да прати една загрижувачка нота до Бугарија за такви сценарија и да бара каде е изворот, кој го измисли тоа и кој тоа ни го спакува“, рече митрополитот Петар.
Покрај мариовското село Зович, во битолско има само три локации во потпелистерското село Цапари, од кои едната е колективна гробница.
Оваа колективна гробница на бугарските војници загинати во Првата светска војна, ги разбуди немирните балкански духови во Стразбур.
Тука девет децении било мирно и никој не посегнал по овие гробишта, а од бугарски претставници се вршени верски обреди.
„Трипати имаат дојдено. Ќе раздаваат, ќе си донесат пиење, си даваат задушница. Големиот поп владика го имаат донесено“, вели Дана Јовевска, жител на с.Цапари.
На оваа гробница владиката Петар пред две години служеше панихида на денот на помирувањето, каде присуствуваа претставници на завојуваните држави од Првата светска војна.
Zalosno,znaete li deka vo tie grobovi pocivaat koskite na iljadnici makedonci, koi se borele da ja zastitat Makedonija od Srbskiot agresor i okupator.
ocigledno pogolemiot broj od makedoncite ne si ja znaat istorijata.vojnicite makedonci vo bugarskata armija sea se obrkaat vo tie grobovi

![](http://media.a1.com.mk/media/vesti200/grobot.jpg)