Фармерите се судрија со полицијата пред Влада

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Груевски не е Жан Виденов туку Минхаузен.
 
Груевски не е Жан Виденов туку Минхаузен.

ехехехее јако беше ова:smir:

ама право да ти кажам не е чоеко ич крив,крив е народов наш намачен што му верува на секоја глупост што ќе ја истреска :toe:
 
Најголема брука е што и децата мали го сеќаваат за лагите,а тоа го врз основа што имаше еден на ТВ кажуваше за внукот кој имал 14години па кога ќе уклучел дедото ТВ викал,остави малку дедо на ТВ да видам што глупост ќе шлакни Пајо Паторот!
А што е уште потрагично децава мали почнаа да го доживуваат како цртан лик а не како премиер.
 
сега одма доаѓа Братот или Лав да ти побара линк од тоа:pos2:
 
Не бре,сега ќе дојде ФИРОМЕУПатриотот или Трнорушка и ќе ми шлакнат две три стилски и клип од еднооки па ќе се чудам што ме снашло.
 
Не бре,сега ќе дојде ФИРОМЕУПатриотот или Трнорушка и ќе ми шлакнат две три стилски и клип од еднооки па ќе се чудам што ме снашло.
Брат , на што си бе ти ... дуваш ли лоша трева или лоша кока шмркаш ...
Контролирај се малку . Ја разбирам дека имаш проблем што другите се на власт ама , немој бе на секоја тема да одиш со офтопици :nesum:
А за млекарите ... што да се каже , греота луѓето . Треба да си ги добијат парите што си ги заработиле со пот . Ама пред влада ли да ги бараат , приватни лица кои се договориле со приватна фирма која ги изиграл потоа , не ми е јасно ?
 
ехехехее јако беше ова:smir:

ама право да ти кажам не е чоеко ич крив,крив е народов наш намачен што му верува на секоја глупост што ќе ја истреска :toe:

епа народот е намачен од вас од комуњарите од бандата комунистичка не се прави дека незнаеш од кого е намачен:wink:
 
А за млекарите ... што да се каже , греота луѓето . Треба да си ги добијат парите што си ги заработиле со пот . Ама пред влада ли да ги бараат , приватни лица кои се договориле со приватна фирма која ги изиграл потоа , не ми е јасно ?

Па млекарите отидоа и пред шведската млекара да си ги бараат парите т.е да си ја земат млекарата бидејќи долгот према нив е 4-5 милиони евра,што е повеќе од едно евро за која цена и ја купи новиот сопственик,ама и ПРЕД МЛЕКАРА ГИ ДОЧЕКА ПОЛИЦИЈА.:nesvest:

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=6024
 
Некој не може да се ослободи од мене па ни во оваа тема.Си придаваат некои луге толкаво значење дали немаат пријатели почит во семејството па ова им е вентил каде сами си провоцираат сами си одговараат.А млекарите само се надевам дека нема политичка инструментализација
 
Па млекарите отидоа и пред шведската млекара да си ги бараат парите т.е да си ја земат млекарата бидејќи долгот према нив е 4-5 милиони евра,што е повеќе од едно евро за која цена и ја купи новиот сопственик,ама и ПРЕД МЛЕКАРА ГИ ДОЧЕКА ПОЛИЦИЈА.:nesvest:

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=6024

Значи во целата лакрдија вмешан е пак некој од полицијата.:pos2:
 
Добро бре луѓе, го разбирам гневот на фармерите но ова е претеризам!

Незнам какво уредување барате во државата, социал-либерализам е премногу мек за ова што го барате. Најдобро изгледа за вас ќе е национализација и враќање во 45та.

Државата неможе да се меша во приватна фирма. Ај сеа некој брокер ќе инвестира во некоја фирма, таа фирма ќе пропадне, па зарем државата ќе му ги враќа милионите инвестирани пари?

==============

Јас да сум државата сега, ќе ја одкупам млекарата и штом сакаат ќе им ги распроделам акциите на фабриката и ќе ја дадам во нивни раце, да ја управуваат. Па да видиме како експеримент дали ќе опстане таа фирма и како ќе остане. Ако биде таа работа, можеби сите банкрот фирми и фирми под стечај ќе преработат по тој принцип.

Дефинитивно капитализмот неможе да заживее во Македонија.
 
Пријави за организаторите на протестот на фармерите!!!

Секторот за внатрешни работи Скопје врз основа на телевизиските снимки и фотографии, ќе поднесе пријави против организаторите на вчерашниот протест на млекопроизводителите, како и против сите оние кои ќе бидат идентификувани дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи се наведува дека Законот за јавни собири наложува дека организаторот е должен да го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и да организира редарска служба и оти во случај да дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот, Законот предвидува дека организаторот е должен да го прекине одржувањето на јавниот собир.

„На овие одредби, како и на обврската дека и другите закони мора да се почитуваат подеднакво од страна на сите граѓани, на организаторите им беше превентивно укажано при нивниот разговор во СВР Битола“, се наведува во соопштението.

Поради сторени прекршоци по Законот за јавен ред и мир и упадот во зградата на Општина Битола, од страна на СВР Битола се поднесени пријави против 27 лица кои се идентификувани врз основа на телевизиските снимки и фотографии.

Министерството за внатрешни работи апелира до организаторите на протестите да се придржуваат до законите, бидејќи секое непочитување соодветно ќе биде санкционирано, пренесува МИА.

Линк

Ма има Горде све да ве поизатвори бре стоки...овај...сточари едни камуфлирани.
И не само вас!
Како крунски доказ, предлагам МВР (по однапред добиени сознанија) да направи една обемна хајка за апсење на секоја крава овца или гоедо кои се во посед на гореспоменатите, со што на виделина ќе излезат сите инволвирани во случајот.

Во прилог на горенапишаното, од страна на Горде и МВР, во најкраток можен временски период очекувам брза и молскавична акција (проследена со подршка од армијата), и обелоденување на сите обиди, конструкции и сценариа кои за цел имаат подло клеветење на нашата ни пвеводбеничка влада.

Сточарите у апс!
Кравите и гоедата у истражен!

Пвеводбата продолжува<<<<<<<<<<<<<<<<
 
е не, ќе им прости... како се осмелиле тие прости селани да рушат демократија... проста маса... и столици... нашле па зашле... кај имале можност да го предадат млекото, па уште и пари барале да им се плати... проблемот е само што оваа влада го прави истото како и сите претходни... го краде народот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom