Повеќето мои врски завршувале неславно затоа што не сум била задоволна од она што го имам.
Чудно е што никогаш не почнувам со очекувања, а секогаш завршувам со незадоволство од текот на настаните. Не знам од кај потекнува тоа незадоволство кога никогаш не си правам лажна слика однапред која откако ќе се обистини би ме разочарала, и секогаш приземно ја посматрам другата личност, притоа очекувајќи и однапред знаејќи како ќе заврши приказната со него, при што единствено временскиот фактор е променлива варијабла.
Се изневерувам себеси од моментот кога ќе заклучам дека човекот не ме прави среќна, а сепак, поради некои причини и логички анализи и пресметки сеуште останувам со него, занемарувајќи го фактот дека не ме исполнува.
Проблемот е што тој
момент никогаш не е баш момент или нешто што го сфаќаш преку ноќ, туку е нешто што постепено се интензивира и кога најпосле станува толку јасно, неиздржливо и интензивно, ќе ја прекинам врската. Ама тој период на транзиција меѓу забава и монотонија, блаженство и гушење, желба и обврска, љубов и нељубов- тој период уствари го праам баш тоа, се изневерувам себеси, идам против своја воља, пролонгирам, губам време, залажувам, правам се` само за да го одложам доволно долго соочувањето се додека не бидам сигурна дека тоа е тоа. Дека не е само период низ кој се преминува како што секој пат се убедувам, а никогаш не е само период.
...знаејќи дека грешката е во вас.
Ова никогаш не е сигурно.
Да процениш во кој е грешката е слично ко да го бараш одговорот на прашањето за јајцето и кокошката, зошто од различна перспектива различен „виновник“ се добива.
Ако јас не го добивам она што го сакам од врската, во кого е грешката?
Дали во него, затоа што не ги исполнува моите критериуми и очекувања и не одговара на мојот замислен профил на партнер? Дали затоа што не изгледа, не се однесува, не ме третира како што сакам?
Дали во мене, затоа што, како и секогаш, ништо не ме задоволува и имам превисоки критериуми, па трагам по невозможното?
Дали он не може да ми го даде тоа што го сакам, или јас не знам како да го побарам?
Поентата е... Грешката е во различни луѓе секој нареден пат кога ќе ја анализираш ситуацијата. Нема грешка, уствари. Технички да, ама у суштина, вистината е едноставна, ако се бараат грешки, ако не успеало, ако не сме задоволни и не не усреќува, ако не тече ко што сме замислиле- едноставно „не кликнало“. Или шо би рекле некои поклоненици на шпанските сапуници што ги крои наводната судбина: „Не сме створени еден за друг.“
На различна бранова должина сте и тоа е тоа.