Владимир Талески за градоначалник на Битола

Дали на наредните избори ќе го поддржите ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ за градоначаник на БИТОЛА?


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 март 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Почитувани!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Владимир Талевски за Битола е предложен уште меѓупрвите градоначалници, поради следниве причини. Затоа што тој е чесен и угледен човек кој за време на својот 4 годишен мандат направи толку многу работи за Битола што ниту еден градоначалник на Битола досега тоа го нема направено за Битола. Како прво и најважно инфраструктурата во град Битола за време на неговиот мандат значително се подобри, и беа асфалтирани и пробиени улици кои беа само сон на многу Битолчани, културата во нашиот град се издигна на едно повисоко ниво, а тоа се потврдува дека Битола е град на културата за 2008 година.
Битола - Град за БИЗНИС, во конкуренција на 22 градови од Југоисточна европа, според извештајот на Светска банка, Битола е рангирана на прво место.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Така е.*

*сега се на ред куп јузери од двете страни од Битола.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.027
Поени од реакции
622
Барем со свои зборови да напишеше не од Општинскиот информатор :helou:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Така е.*

*сега се на ред куп јузери од двете страни од Битола.
Уба работа се избориве море, крајниот бенефит го извлеквит Кајгана уствари... појќе јузери, поголема популарност, појќе пари... закон :pos:
 
Член од
8 март 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Како и да е напишано важни се РЕЗУЛТАТИ, а РЕЗУЛТАТИТЕ ги имаме во Битола а тоа беше и изборниот слоган со кој ВЛАДИНИР ТАЛЕСКИ ја доби довербата на Битолчани РЕЗУЛТАТИ СЕГА.
 
S

smart ass

Гостин
Ова се повеке се политизира форумов и служи за реклама
штета што наместо да дискутираме за политика,се рекламират ........:helou::drk::drk:
 
Член од
8 март 2009
Мислења
37
Поени од реакции
1
Па тука и се рекламираме и дискутираме само што немаме многу дискутанти од спротивниот табор, затоа што пред ФАКТИТЕ и БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!!!!
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Исти кур, ти е.

Нема спротивен табор, нема проекти, има лажење...

Кој се проектите што ги напраил момчето?

Јас на пример не гласам за човек што преправал улици, што ги асфалтирал итн...
Каде е оперската куќа, каде е филмскиот град... Многу е сериозно, имаме добар плебс, кој се радува на асфалтирани улици кој дефакто треба да бидат направени и да не се имплицираат во "завршените" проекти на градоначалникот.

Во Германија некој да се фали со рестраврирани улици, смртна казна ќе му опнат.:)
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Ова се повеке се политизира форумов и служи за реклама
штета што наместо да дискутираме за политика,се рекламират ........:helou::drk::drk:
Уште две недели ќе издржиме, после се ќе се заборави.

btw стави и анкета да си ги измерат силите :wink:
 

divjak

Aker
Член од
9 јули 2006
Мислења
97
Поени од реакции
1
Исти кур, ти е.

Нема спротивен табор, нема проекти, има лажење...

Кој се проектите што ги напраил момчето?

Јас на пример не гласам за човек што преправал улици, што ги асфалтирал итн...
Каде е оперската куќа, каде е филмскиот град... Многу е сериозно, имаме добар плебс, кој се радува на асфалтирани улици кој дефакто треба да бидат направени и да не се имплицираат во "завршените" проекти на градоначалникот.

Во Германија некој да се фали со рестраврирани улици, смртна казна ќе му опнат.:)
Според мене најголемиот проблем во Битола беа токму улиците и можам да кажам дека 80% од улиците се спредени низ Битола и сега мора да се почни од поголемите проблеми за да се почни да се решаваат помалите проблеми, мора да се признае дека денес Битола изгледа прекрасно сите паркови се средени и мислам дека Владимир Талевски заврши одлична работа во последните 5 години и затоа ја добива мојата подршка.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Според мене најголемиот проблем во Битола беа токму улиците и можам да кажам дека 80% од улиците се спредени низ Битола и сега мора да се почни од поголемите проблеми за да се почни да се решаваат помалите проблеми, мора да се признае дека денес Битола изгледа прекрасно сите паркови се средени и мислам дека Владимир Талевски заврши одлична работа во последните 5 години и затоа ја добива мојата подршка.
Се е до стандардите...

Не исполни ветување, Оперска куќа нема, Битола филмски град нема...
Не гласам за улици и паркови, тие веќе требаше да бидат направени.

До кога со скромност!?
 

divjak

Aker
Член од
9 јули 2006
Мислења
97
Поени од реакции
1


Се е до стандардите...

Не исполни ветување, Оперска куќа нема, Битола филмски град нема...
Не гласам за улици и паркови, тие веќе требаше да бидат направени.

До кога со скромност!?
Да бидиме реални Битола нема буџет на Парис па да можи да се решат сите проблеми наеднаш, Битола филмски град нели виде што се деси со фестивалот Браќа Манаки Скопјани сакаат да го земат така да некои работи не се во надлежност на нашиот градоначалник, како и секаде и во Македонија има виши сили за жал
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Се запознав со Талески при обиколката на Македонија со кралот и кралицата. Имавме ручек заедно. Ми остави убав впечаток како човек...како градоначалник не би можел да судам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom