Мајкл Џексон

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Waaa the moon walker's great come-back! Ај баш да виддиме..
 
Едвај чекав да ви кажам право.....:pos::pos:
 
По доцнењето од два часа кралот на поп музиката Мајкл Џексон се појави на прес конференција во Лондон и го најави своето враќање на сцената.

„Тоа е тоа! Ова ќе биде мојот последен настап во Лондон. Кога велам последен, тоа навистина го мислам. Се гледаме во јуни. Ве сакам. Се гледаме во јуни,“ рече Мајкл Џексон пред илјадниците фанови собрани во лондонската О2 арена, кои со воодушевување го поздравија неговото доаѓање на конференцијата каде тој доцнеше цели два часа.

Обраќањето на Џексон беше кратко, траеше само неколку минутки, но беше полно со емоции.

Мајкл ќе одржи 10 концерти во лондонската О2 арена, започнувајќи од 9. јуни. Картите веќе можат да се резервираат на интернет страницата michaeljacksonlive.com, а продажбата започнува на 11. март.

Извор: А1.com.mk

Прашање: Ќе гледаме ли спектакуларно враќање на кралот на поп музиката или ова ќе биде само еден последен обид за пристојно збогување од сцената? Знае ли некој кога е планиран новиот албум за кој се шушкаше по медиумите?

Би сакал да се покаже во вистинското светло. Заслужува да се прости ако навистинаа така мисли како вистински поп пеач кој остави незаменливи и неизбришливи траги во светската музика. Мајкл Џексон е навистина еден и единствен и заслужува секаква почит од моја страна како таков, без разлика на сите пикантерии што во изминативе години се вртеа околу него. Песните и музиката што ја изнесе на виделина ќе остане специфична, но прекрасна и како таква си го заслужи епитетот „евер грин“.
 
Се согласувам. Чиста класика е Мајкл Џексон и нема што повеке да се дискутира. Без разлика на се што му се има изфешавано на човекот, мора да му се признае дека во поглед на музиката е неспорен феномен.
 
абе какви шпекулации се распаѓа човекот

Абе едно е да имал проблем со лицето, а друго е да умира, не ми хиперболизирај сега. Да не фатил некој тумор на лицето можеби? :smir:

Во музички поглед е незаменлив, недостижен за генерации и генерации "надежни" музичари. Ја носи титулата и за најуспешен изведувач/забавувач (според Гинисовата книга на рекорди). Поголеми и повеќе популарни музичари од Мајкл се само Битлси и Елвис. Мајкл Џексон изгради империја од обожаватели, хитови, кореографија, стил на облекување, движења и сл. Заслужено го носи прекарот крал на поп музиката. Под негово влијание се огромен број млади изведувачи во денешните САД како Џ. Тимберлејк, Бритни Спирс, Maраја Кери, Ашер и др.
 
јас ништо не му спорам човекот е легенда и незаменлив
само незнам како ќе се појави на сцена дали како дарт ведар под масака или завиткан како муџахедин :smir:
 
јас ништо не му спорам човекот е легенда и незаменлив
само незнам како ќе се појави на сцена дали како дарт ведар под масака или завиткан како муџахедин :smir:

Можеби со очила како што беше на пресот во О2 арената во Лондон. Секако дел од лицето си го покрива со различните шапки, вака можеби и очите ќе ги затскрие.
 
Мајкл Џексон распродаде 50 концерти за 4 часа!

majkl-dzekson2.jpg

Мајкл Џексон пишува нови рекорди

И ваков каков што е, Мајкл Џексон повторно запишува рекорди во музичката историја.

Имено, никогаш досега не се случило некој да организира педесет концерти на едно место и влезниците за сите настапи да бидат распродадени за четири часа.

Но, тоа очигледно не е проблем за кралот на поп-музиката. Сите 750.000 влезници едноставно ги „снема“ за само четири часа.

Стотина фанови кампираа две вечери во Лондон крај „О2 арената“ за да осигураат билет за еден од неговите настапи.

„Искрено, такво нешто не можевме да предвидиме. Никогаш не помислив дека воопшто ќе дојде до тоа да се одработат 50 концерти. Гледајќи ги сите тие редици за карти, плус оние 300.000 резервирани, за кои се уште не сме подготвиле кодови, некако ми се чини дека овде најверојатно ќе ги помине следните две години“, велат промотерите.

Тригодишниот план за овие 50 концерти најверојатно ќе му донесе приход на Мајкл Џексон од околу 450 милиони долари нето приход.

„Очекувавме Џекоманија, но ова беше неможно да се предвиди. Се чини дека ги надминавме сите најдобри просеци досега во однос на продажбата на билети во ‘О2 арената’. Ова навистина нема скала по која би се мерело, ова едноставно е вон конкуренција, посебен случај!“, велат организаторите.

Со ова Мајкл Џексон и по толку бламирања во јавноста, сепак покажува дека е неприкосновен на сцената, а и понатаму останува пејач кој го сними најпродаваниот албум на сите времиња.

17.03.2009 10:40
Извор: А1.com.mk
 
Конечно му текна да се врати пластичниот човек со душа чекав да го видам како се распаѓа го мразам одвратен ми е не можам да го поднесам педериштево така да боље беше коа не се беше вратил.
 
Знаете ли дека мајкал џексон е белото циганче,шала.Мило ми што се враќа,но тажно е тоа што набргу ќе умре:(
 
Не знам колку ќе бидат овие концерти успешни но едно е сигурно дека тешко некој може да го надмине со продадени повеќе од 700милиони албуми што би се рекло 3пати повеќе од Мадона која е на 2место по продажба на албуми во историјата на музиката.

Концертите најуспешни до сега, рекордни :)

Мајкл Џексон од 10 мораше да го зголеми бројот на 50 концерти за летото во Лондон поради огромна побарувачка на карти. Како и обично нови рекорди, близу 1 милион карти продадени за 4 часа, SOLD OUT SOLD OUT SOLD OUT, 1 милион карти во еден град, за еден ден, за 4 саата не ден... Најпознатите сајтови за продажба на карти TICKETMASTER i VIAGOGO бутнати од обожаватели, сервери преоптеретени со сообраќај, компании, организатори, менаџери збунети од навалата и се крстат на феноменот итн итн :) ко да забраивме сите кој е Мајкл Џексон у прв план..

Фановите ги даваа по вести како кампуваат два дена пред картите да испаднат у продажба за да си осигурат датум за летото. И не, тие луѓе не го сакат Мајкл заради тоа што му се распаѓало лицето или го лулал детето од тераса или бил таков и онаков и се шо пишува, туку заради нешто многу подлабоко :)

Јас немав ни време да размислувам околу средства и превози, за дел од секунда сnема и карти и све и од 10, 50 концерти испаднаа. Претседатело на 02 вика дека Мајкл може 2 години по ред да настапува во Лондон и салата да ја претвори во клуб, толкав е интересот. Ако е во добра форма може и 100 да прави, сите во Лондон. И да, ненормална пара во питање, нешто како 300 милиона фунти само од Лондон, а ќе продолжи сигурно и во други градови. Порано ги донираше сите средства од турнеи во сиропатилишта, болници и домови, сигурно сега пак ќе донира нешто, ма не верувам дека некад ќе биде у криза он.
 
За мене постојат 3 музичари што го одбележаа 20 век
- Битлси
- Елвис Присли
- Мајкл Џексон
Браво!!! Мајкл Џексон заслужува да се раздели од публиката со еден голем концерт
пораснав со музиката на Мајкл Џексон, и знам одвреме навреме да ги слушнам Billie Jein, You Are Not Alone, Will you be there...
оваа ми е омилена негова песна
 
Конечно му текна да се врати пластичниот човек со душа чекав да го видам како се распаѓа го мразам одвратен ми е не можам да го поднесам педериштево така да боље беше коа не се беше вратил.

Идијат :tapp:
 
Конечно му текна да се врати пластичниот човек со душа чекав да го видам како се распаѓа го мразам одвратен ми е не можам да го поднесам педериштево така да боље беше коа не се беше вратил.
Ти си се таласал во гаќите на татко ти додека Мајкл ја пееше Beat it и сите женски се влажнеа на него. Не си доволно квалифициран за да збориш вака за Мајкл.
 
Конечно му текна да се врати пластичниот човек со душа чекав да го видам како се распаѓа го мразам одвратен ми е не можам да го поднесам педериштево така да боље беше коа не се беше вратил.
Си најдов истомисленик. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom