Денес во Другово Антонио Милошоски кажа неколку работи во врска со Љубе и тоа како го почитувал порано за разлика од сега
и напомена два моменти
минатите претседателски избори или првиот обид за раскол
Како не им е срам да зборат за претходните претседателски избори? Незнам дали друг пат ВМРО-ДПМНЕ се однесувало толку слугински, тоа беше едно од најголемите понижувања на таа партија.
Него, кога зборите за кадрите на удбашката Доста никако не смеете да го заборавите и Милошоски. Мислам дека тој е најголемото нејзино ремек-дело. И уште нешто, Љубчо во едно интервју изјави дека Доста не само што собирала и давала материјали на служби за да го уништи политички, туку дури се работело и за можност за физичко ликвидирање! Што се случи со Доста и нејзината партија после изборите 2006 година? ДРУМ се обедини со ВМРО-ДПМНЕ, а Доста како награда доби работа во Софија. Значи удбашката Доста повеќе ја има на другата страна.
А, кога сме кај комунистички кадри и удбашите... Иванов јавно се снимаше кога доби подршка од Гане Тодоровски, па тој е еден од најголемите инквизиторски-писатели од тој период. А тука е и подршката од Шкариќ кој патем прогласи смрт на капитализмот и обнова на социјализмот.
И нешто во врска со името. Еве што стои во неговото интервју за последниот број на Фокус...
ФОКУС: Секој Македонец е збеснат од смата помисла дека мора да преговара за името, меѓутоа, не мислите ли дека се излеа премногу негативна енергија? Цели 97 отсто Макеоднци сега гледаат национално предавство во компромисот со Грција. Дали политичарите не си ги врзаа премногу рацете по тоа прашање?
ИВАНОВ: Тоа е нужната жртва на носењето клучна одлука од која зависи судбината на државата. Во такви моменти, кариерата на било кој политичар е безначајна.
Ако државата има корист од таквата одлука, тогаш не сум битен ниту јас, ниту било кој друг политичар. Нема играње со судбината на државата. Доколку се најдеме во таква ситуација, тогаш бидете уверени дека воопшто нема да се оптоварувам со иднината на мојата лична кариера. Не постои начија лична кариера, која е поважна од судбината на Македонија. Се разбира, притоа е важно, да бидеме сигурни во ползата од чекорот што ќе го превземеме.
Не смее да ни се случи, решавањето на проблемот со Грција да и отвори врата на Бугарија, на пример, која може да го примени истиот рецепт, па, под закана со вето, да бара промена на името на нашата нација, на јазикот... како услов да станеме членка на ЕУ.
Конечно, тоа не би било само моја лична жртва, туку жртва на целата нација, која мора да се избори за достоинствено, дефинитивно решение, за жртвта да не е бесмислена!
_______________________________________________________________
_______________________________________________________________
Кај се оние тврди ставови дека нема никаков компромис со Грција, дека остануваме на двојна формула (Македонија за сите, друго име само за Грција)? Дали со ова изјава Иванов е предавник, затоа што ќе прифати ’промена’ на името?!