Време е за нов патриотизам

  • Креатор на темата Креатор на темата itar pero
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Eve sto veli LB vo pretstavuvanjeto vo Dnevnik
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1294D384F5E70F49ADF0DC448D199ED8
Kako Vmroec prijatno me iznenaduva...duri se mislam i da izlezam na glasanje...
Vsusnost od zatvor covek izleguva ili poln so komplexi ili so katarza.Posvetete vnimanie na del kade veli NG e opkruzen so poltroni i nema oset za realnost...
ЉУБЕ БОШКОСКИ, НЕЗАВИСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

Време е за нов патриотизам

Не сакам да му се мешам на Паско Кузман во неговиот ресор, но не сакам ниту Паско Кузман да биде репер за македонската иднина и политика. Му ги респектирам сите шест часовници што му го покажуваат времето во различни светски краишта, но ние живееме во едно сурово и реално време


Се гордее со тоа што е човек од народот, кој ги допрел врвот на власта и дното. Со тоа што во своите 49 години запознал илјадници луѓе, што работел педесетина професии, што четири години зад хашките решетки мораше да ја докажува својата невиност откако неправедно беше обвинет за тоа што го правеше од име на одбраната на земјата. По сето тоа, се чувствува доволно подготвен повторно да и' се посвети на својата земја како претседател на државата и смета дека токму од него тоа го барал народот. Љубе Бошкоски, една од политичките фигури што го одбележаа времето на крвавиот вооружен конфликт во Македонија во 2001 година и постконфликтното судско делење на правдата, сега вели дека не може да се помири со тоа во каква состојба се наоѓа земјава. Затоа на граѓаните во својата кампања ќе им понуди пет принципи - Македонија, народот, обединувањето, просперитет и европска интеграција на Македонија.
- Откако се вратив по четиригодишното отсуство видов дека ситуацијата е драматично поинаква. Во тие жешки јулски денови одлучив да ги посетам речиси сите македонски краишта по што сфатив дека проблемите се многу сериозни и тешки, особено во земјоделството и во текстилната индустрија. Таму, нашите мајки, сопруги и сестри работат за 70 евра, што е под секое достоинство. Тоа значи дека нешто сериозно мора да се смени во мојата земја - вели Бошкоски.Затоа и одлуката да се кандидира за шеф на државата ја донесол за кусо време. Особено кога се соочил со барањата на луѓето што постојано му зборувале: „Ти, брат Љубе, мораш да се кандидираш, мораш да се вратиш на политичката сцена“. Претходно, требало само да ги расчисти дилемите дали да формира сопствена политичка партија и дали ќе ја добие поддршката на партијата на која и' припаѓа - ВМРО-ДПМНЕ. Брзо му станало јасно што треба да прави. Не се нафатил да формира партија, бидејќи сакал претходно да види како се раководи со партијата чиј основач бил, во која вложил 20 години од животот, огромни пари и четири години самување.
- Видов дека во оваа наша Македонија ништо не се променило освен прикаската за нашето виртуелно живеење, освен прикаската и доминантниот израз „ќе“. Не видов ништо друго освен „ќе биде“, „ ќе се направи“, оти „тоа ќе биде во 2009, 2012, 2016, па дури и во 2026 година“. Во Македонија ништо не функционира така како што јас замислував. Направив напори тоа да му го објаснам на Никола Груевски, дека мора заедно да направиме нешто за Македонија. Мислев дека тој ме разбира, но не беше така - објаснува тој. Бошкоски смета дека причината за одбивањето на Груевски е претставата во која сега живее актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. И јас своевремено бев во тој занес. Мислев дека никој не може да не' смени од власта се' додека во 2002 година не треснавме долу. Полтроните околу вас се феноменални, ќе ве убедат дека сте најпаметен, најинтелигентен. Мислам дека и Груевски е во таа приказна за недостижна политичка големина - вели тој.
ОПАСНО Е ДОКАЖУВАЊЕТО КОЈ Е ПОСТАР
По таквиот расплет, Бошкоски е сигурен дека сето она што досега го остварил и она што сега ќе им го понуди на граѓаните е доволна вредност за да ја добие довербата на изборите. Роден во Тетово во 1960 година, првите години од својот живот ги поминал во Војводина, во близина на Панчево, каде што татко му имал фабрика за производство на пластични копчиња. Основното и средното образование потоа го завршил во Тетово, каде што секојдневно патувал од Челопек. Се сеќава дека како гимназијалец летата ги минувал во Ровињ, Хрватска, откако татко му купил куќа во Истра, а тој работел како келнер по ресторани заработувајќи за школување. Сезонски работел и додека студирал и дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Во осумдесеттите години семејството Бошкоски изградило и куќа во Истра почнувајќи да се бават со селски туризам. Во 1986 година во Македонија работи како судски приправник, а потоа се вработил како правник во Здравствениот дом во Ровињ. Во 1997 година заминал во Грузија за да работи за американско-италијанската корпорација, што, како што самиот признава, му овозможило да стекне добра материјална подлога за својот живот по што во сопственост го имаат семејниот ресторан во Бале. По парламентарните избори во 1998 година првиот ангажман го има во МВР како заменик-директор на УБК, а потоа станува и министер за внатрешни работи, за да потоа се случи воениот конфликт, обвинението, четиригодишното заточеништво во Хаг, ослободувањето и сега претседателскиот предизвик.
- Овие мигови се важни за Македонија, за на чело на државата да застане човек со визија, кој досега носел важни одлуки. Сметам дека кај некои политичари има мислење дека со нив почнува и со нив завршува историјата. Една друга генерација политичари пред нас имаше шанса да ги реши многу тешки проблеми со кои се соочува Република Македонија. Но, таа генерација политичари ја доведе земјава во ќор-сокак и за нејзиното име, перспективите... Но не треба ние да го земеме за зло, не треба да се враќаме кон минатото - смета Љубе Бошкоски.Тој посебно потенцира дека за земјава сега е мошне важно да се изгради правилен однос кон минатото и кон тоа како треба да се сака сопствената земја. Вели дека по секоја цена мора да се одбегне форсирањето на, како што го нарекува, лажниот патриотизам.
- Јас се залагам за нов тип патриотизам. За мене е патриот тој што вложува во Македонија, тој што отвора работни места, што урива шенген-бариери, оној што ќе ја внесе Македонија во НАТО и тој што ќе донесе инвестиции во земјава. Удирањето во гради и овие циркуски работи, докажувањето кој е постар на овие простори е многу опасна теорија. Колку и да биле важни статуите од антиката, во земјава не смее да се дефокусира јавноста од најважните прашања. Не сакам да му се мешам на Паско Кузман во неговиот ресор, но не сакам ниту Паско Кузман да биде репер за македонската иднина и политика. Му ги респектирам сите шест часовници што му го покажуваат времето во различни светски краишта, но ние живееме во едно сурово и реално време - истакнува тој.Бошкоски вели дека неговиот став кон минатото е јасно дефиниран. Се гордее со тоа што е Македонец, што е роден под небото под кое чекореле славни предци и универзалната светска личност Александар Македонски, а пред него Филип и по него Самуил.
- Нашите корени се тие. Јас уште пред петнаесет години во интервјуа кажував дека сме симбиоза на народи и дека нашиот македонски идентитет опстанувал и во времето кога бил негиран. Тоа се теми за историјата и јас ќе ги респектирам. Историчарите, генетичарите, археолозите во тој дел нека ја работата својата работа бидејќи прекрасно е да се доаѓа до вистината. Сепак, во 21 век да се оди со такви теории и тоа да се дигне на ниво на највисок патриотизам, дека си потомок на Александар Македонски, а другиот ден да се тврди дека и Славјани и антички Македонци, дека сите биле Македонци е ретерирање што никаде не води. Просто, не' сведува на дневнополитички циркус од кој ни е доста - предупредува Бошкоски.
За него, претераното и популистичко градење споменици е во длабока спротивност со борбата против сиромаштијата заради што одлучно ќе се спротивстави на недомаќинското трошење на државните ресурси. Како еден од своите први потези, ако стане претседател на државата, Бошкоски посочува дека ќе се заложи да биде донесена посебна резолуција за името во договорот со најрелевантните политички партии. Смета дека е крајно време за тоа, бидејќи за земјава во моментот нема поважна задача од влезот во ЕУ и во НАТО. Особено го загрижува тоа што од контактите со странските амбасадори добил впечаток дека сите европски држави се презадоволни од потезите што се влечат во Македонија.
- Не верувам дека амбасадорите едно ми кажуваат мене, а друго на Ѓорге Иванов. Преговорите во спорот за името се доведени во ќор-сокак, не без наша вина. Не велам дека треба да клечиме пред некого, но не треба и да бидеме арогантни. Во политиката мора да се најде нашето место во констелацијата на геостратегиските интереси. Тука не може да биде важен нечиј рејтинг, дали Никола Груевски ќе остане премиер, сето тоа е најмалку важно во споредба со важноста да влеземе во НАТО и во ЕУ. Јас како претседател на држава сум подготвен во првата година од мојот мандат да ја внесам земјата во НАТО. Имам решение со кое ќе се зачуваат нашиот идентитет, Уставот и името на Македонија. Судбината на два милиона луѓе е поважна од нечија кариера. Ако не го направам тоа, за една година ќе се повлечам од политиката - најавува претседателскиот кандидат.
ХРАБРОСТ ЗА БОЛНИ ПОТЕЗИ
По сето она што го поминал, Бошкоски не крие дека сега е загрижен што ќе се случи со земјава ако не се најде начин таа да се интегрира во евроатлантските структури.
- Во овој момент 25 отсто од припадниците на албанскиот народ, но и на турскиот и другите народи се за безусловен влез во НАТО. Ако го кажуваат тоа лидерите на некои партии, особено на ДПА Мендух Тачи, тоа е сериозна работа. Не би рекол закана, туку предупредување дека работите ја минуваат цртата до кога некој може да толерира таква политика - укажува тој.Кога сега се потсетува на воениот конфликт од 2001 година Бошкоски е убеден дека тој беше непотребен. Укажува дека тогашната Влада уште тогаш донела многу закони кои, ако почнале да се применуваат, ќе направеа Охридскиот договор подоцна да стане беспредметен.
- Но, една голема група албански романтичари што веруваа во Голема Албанија го избраа тој начин на враќање на политичката сцена. Со тој романтизам беа заведени многу Албанци што скапо си ја платија таа авантура. Македонија немаше друг избор освен да си го брани својот суверенитет и да најде политичко решение. За сето тоа немаше потреба да се пролее ниту една капка крв - објаснува Бошкоски.
Сега посочува дека пред земјава стои и проблемот со незавршените „хашки случаи“ и оти дека заради иднината на Македонија е подготвен да повлече потези што може да бидат болни и да предизвикаат револт кај одредена група луѓе. Објаснува дека некој што сака да биде државник мора да повлекува и такви потези. Потенцира дека кај него, по годините поминати во притвор, воопшто нема омраза кон луѓето што го пратиле таму.
- Верата во Бога ме одржуваше во тие четири години во Хаг. Најмногу од се' ми помагаше посланието на Лука, кое вели дека треба да се молиме за тој што ти направил зло. Да се молиме за тие што ти направиле недело, кој те однеле невин таму за да го победиме злото. Јас ги знам по име и презиме луѓето што ми го режираа овој Кафкин процес. Уште во притворот сфатив дека не смее да ме победи омразата и еден ден ако излезам оттаму да правам реваншизам. Јас и сега со многу од нив сум спремен да седнам и со нив да разговарам за проблемите. Во малата ќелија каде што поминував по 18 часа на ден, а што може да го издржи само човек со силна психа, научив дека човекот може политички да созрее - вели тој.
За себе искрено кажува дека е политичар атипичен за ова наше поднебје и дека благодарение на животното искуство сега може да одговори на секој предизвик. Инаку, има повеќе политички идеали. Како прв го посочува Конрад Аденауер, не само поради демохристијанската ориентација, туку затоа што ја издигнал Германија во повоениот период. Учел и од Винстон Черчил, Маргарет Тачер, а сега посебно ги цени хрватскиот претседател Стјепан Месиќ и новиот американски претседател Барак Обама. Сакам политичари што модерно размислуваат, кои имаат конзервативно минато, но и свест за полиберално, кои повеќе се грижат за сопствената држава отколку за личниот рејтинг - вели Бошкоски.

Партијата во мене зари копје

- Тоа што ми го направи мојата партија го доживувам како кога те отфрла роденото дете. Ме изненадија нивните потези, кои беа многу несериозни, особено тоа дека треба да се пријавам на партиската конвенција. Не се чувствувам разочарано, но ако Никола Груевски своевремено зборуваше дека Љубчо Георгиевски му го забил ножот во грб, јас чувствувам дека во мене е зариено едно силно копје на Александар Македонски и тоа од четири-пет политичари кои така одлучија. Не им забележувам и по мојата победа ќе им дадам дел од мојата радост - вели Бошкоски.

Бранко Ѓорѓевски
 
Нека погоди некој, кој му е најголемиот идол на Љубета?

(помош: самиот има еднаш изјавено, а често можеме да го видиме и облечен како идолот)
 
Ljube, ajde slobodni ebi se mater i se seram vo tvojot lazen patriotizam. Ni izlaze site sto veruvavme vo tebe i sto te podrzuvavme, se smena i stana kako site drugi.
 
Нека погоди некој, кој му е најголемиот идол на Љубета?

(помош: самиот има еднаш изјавено, а често можеме да го видиме и облечен како идолот)
Vece 10 pati mu imputiras...sto dobivas?

Jas barem javno velam NG e GR igrac i Vmro popoleka propagja...i da berime pamet dali i to novoto ce go nasadime nakrivo.
 
Јас само се прашувам дали во Хаг се промени волку нагло (земајќи ги во обзир неговите постапки, изјави и ставови пред да отиде таму) или он воопшто не се променил, туку сега само го покажува своето вистинско лице? Дека политички созреал, искрено се сомневам. Значи или е првото или е второто. Трето нема.
 
Денес во Другово Антонио Милошоски кажа неколку работи во врска со Љубе и тоа како го почитувал порано за разлика од сега
и напомена два моменти
минатите претседателски избори или првиот обид за раскол и враќањето од Хаг и повторната глупост кандидатурата и сите бесмислени изјави
 
Се чисти терен полека, полека, за промена на името.
 
Нели е чудно што Љубе сакал да не внесе во НАТО???

И нели ви е чудно што Евро-пејците не го критикуваат како несоодветен за претседател, поради неговото минато???

А нели е уште почудно, интервјуво е во Дневник, Соросоиден медиум со комуњарски уредници и сопственици, коишто во 2001 бранителите ги викаа - Животинско царство???
 
Нека погоди некој, кој му е најголемиот идол на Љубета?

(помош: самиот има еднаш изјавено, а често можеме да го видиме и облечен како идолот)

Дај име де...

Денес во Другово Антонио Милошоски кажа неколку работи во врска со Љубе и тоа како го почитувал порано за разлика од сега
и напомена два моменти
минатите претседателски избори или првиот обид за раскол и враќањето од Хаг и повторната глупост кандидатурата и сите бесмислени изјави

Па јас не знам што е со Милошовски но јас како Македонец сум разочаран. Да си седеше мирен ќе останеше херој засекогаш ама изгледа судено ни е сите наши „херои“ да имат по најмалку две страни. :(
 
Нека погоди некој, кој му е најголемиот идол на Љубета?

(помош: самиот има еднаш изјавено, а често можеме да го видиме и облечен како идолот)

Погодете кој му е идол на Груевски?

(помош: погледнете го видеото)


Да не биде заблуда, Грујо се има докажано во улогата на фирер, врховен владетел на нашата земја, поставувајќи исклучиво свои партиски војничиња (и братучеди, се разбира) на највисоките раководни позиции. Епа сега, ако ви е подобар Фирерот од Братот, повелете гласајте си за него (т.е. неговото војниче), немам ништо против.
 
Точно така. Во право е човекот, кај светот не помагаат само тупаниците во гради.

Јас се залагам за нов тип патриотизам. За мене е патриот тој што вложува во Македонија, тој што отвора работни места, што урива шенген-бариери, оној што ќе ја внесе Македонија во НАТО и тој што ќе донесе инвестиции во земјава. Удирањето во гради и овие циркуски работи, докажувањето кој е постар на овие простори е многу опасна теорија. Колку и да биле важни статуите од антиката, во земјава не смее да се дефокусира јавноста од најважните прашања. Не сакам да му се мешам на Паско Кузман во неговиот ресор, но не сакам ниту Паско Кузман да биде репер за македонската иднина и политика. Му ги респектирам сите шест часовници што му го покажуваат времето во различни светски краишта, но ние живееме во едно сурово и реално време - истакнува тој.Бошкоски вели дека неговиот став кон минатото е јасно дефиниран. Се гордее со тоа што е Македонец, што е роден под небото под кое чекореле славни предци и универзалната светска личност Александар Македонски, а пред него Филип и по него Самуил.

За болдираново имаше многу отровни стрели пред некое време дека Љубе се залагал за бришење на антиката, за промовирање на југокомунистичката теза за потеклото на Македонците, од нарачани партиски текстови и извртени изјави. Како по обичај, не е наш, плукајте!

А со ова посебно се согласувам:
Видов дека во оваа наша Македонија ништо не се променило освен прикаската за нашето виртуелно живеење, освен прикаската и доминантниот израз „ќе“. Не видов ништо друго освен „ќе биде“, „ ќе се направи“, оти „тоа ќе биде во 2009, 2012, 2016, па дури и во 2026 година“. Во Македонија ништо не функционира така како што јас замислував. Направив напори тоа да му го објаснам на Никола Груевски, дека мора заедно да направиме нешто за Македонија. Мислев дека тој ме разбира, но не беше така - објаснува тој. Бошкоски смета дека причината за одбивањето на Груевски е претставата во која сега живее актуелниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. И јас своевремено бев во тој занес. Мислев дека никој не може да не' смени од власта се' додека во 2002 година не треснавме долу. Полтроните околу вас се феноменални, ќе ве убедат дека сте најпаметен, најинтелигентен. Мислам дека и Груевски е во таа приказна за недостижна политичка големина - вели тој.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom