Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ако време за лажење поминало.

Јас би поставил едни анти лажинг прашања.

1. Дали името БЈРМ ни остана 3 месеци ?
2. Зошто Грција за која направивме остапки невидени до сега на светската сцена, име, знаме и устав сменивме, ни мавна вето ?
3. Зошто да не смееме на меѓународен суд да ги дадеме поради тоа ?
4. Зошто да не го покренеме прашњето на Македонците во Беломорска Македонија ?
5. Зошто се откажавме и од двојната формула ?
6. Зошто се буткаат заговори за изолација ?
7. Зошто се пуштија шемите на поделба на народот на антички и словенски - европски Македонци?
8. Зошто Бранко ден пред “решавачките“ преговори ја рушеше позицијата на Македонија ?

Бујрум нека одговори на овие прашања.

Тоа е суштината на текстот на Мирка а не дали Израелецот има државјанство, нема, кој му го дал итн ....

Мирка не сокри каде и со кого е одржана средбата.
Прашањето е што Бранко преку медијаторите пренесува на меѓународната заедница и Грција.

Ароганцијата на Грција поред ЕУ и НАТО црпи сила и од внатре.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Добро бе патриоти,па зар не гледате дека Мирка сеуште работи во фабриката на Б.Ц.?Па таа и Миленко се непоправливи комуњари со вграден комуњарски чип,сличен на оној кој му го всадија на Киро,само што кај нив верзијата е модифицирана,софистицирана и надоградена со некоја нова верзија од типот “комуњар-2.0“,со малку повеќе меморија.Со своите “драматични“ сознанија само без никакви докази,овие обајцата сакаат да ја залетаат актуелната политичка партија која е на власт,уште повеќе да се активира во бламирање со непотврдени и непоткрепени антидржавни дејства и со факти.Сите многу брзо и еуфорично заборавија дека Грујо сам му даде почесно државјанство на Евреинот,па всушност “важното откритие“ на Мирка се преточи во аргумент со кој се создаде сомневање дека ДПМНЕ е вмешан подлабоко во таквото предавство за кое Мирка се надевам “шпекулира“,зошто се друго нажалост дури и доказите,наведуваат на премиерот ама не на председателот во оваа држава.:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не е ни прва, а нема да биде ни последна конспирација која ви паднала или ќе ви падне на овој форум.

Груевски и неговите следбеници се лажат дека бедата во која тоне Македонија ќе ја исперат со едно едноставно вперување на прстот спрема опозицијата и Бранко.

Затоа и ти го посочив на наравоучението кое најверојатно намерно не сакаш да го извлечеш.
Немој бе следбенику на Лука да продаваш наравоученија и чесност.
Посебно не пропратно протежирајќи некои изроди како Бранко.

Неуморно се лажете дека бедата во која тонеме ја започнал Груевски и дека тој е виновникот за сите неуспеси на минатите Влади.
Сите си сносат одговорност, но тоа не е поентата која се надѕира срамежливо.

Поентата дава јасно до знаење дека постојат спреги на интереси, надворешно внатрешни за заеднички цели.


Значи престанете да се однесувате арогантно партиски, бидејќи не знаете чиви интереси всушност браните.

Нормално е да постои различна политичка мисла и да се дискутира, но овде веќе не станува збор за политика туку за национални интереси.

И јас на твое место не би се потсмевал на “конспиративноста“ така наивно, бидејќи постојат два начини да бидеш ебан, самиот да си ги слечеш гаќите..или да ти ги слечат сосила и да те преебат.
Зависи која опција за тебе е побезболна во случајов.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
1. Дали името БЈРМ ни остана 3 месеци ?
Ne, a dali DPMNE go vrati vednas po zemanjeto na vlasta 98 imeto i znameto kako sto vetuvase pred izborite zaedno so miljardata na Cile.

2. Зошто Грција за која направивме остапки невидени до сега на светската сцена, име, знаме и устав сменивме, ни мавна вето ?
DA, poradi stupidnata politika na Dpmne od 2006 do samitot vo Bukurest.

3. Зошто да не смееме на меѓународен суд да ги дадеме поради тоа ?
Koj ni zabranil ?????
4. Зошто да не го покренеме прашњето на Македонците во Беломорска Македонија ?
A zosto ne i vo Pirinska ?
5. Зошто се откажавме и од двојната формула ?
Branko ja promovirase koga bese realno mozna, DPMNE ne ja prifakjase i tvrdese deka toa e predavstvo. Zosto sega koga ne e vekje vo igra ja protezira idejata na Branko od 2004-5, protiv koja bese zestoko protiv
6. Зошто се буткаат заговори за изолација ?
Ne se zagovori, realnost e. Se gelda so golo oko.
7. Зошто се пуштија шемите на поделба на народот на антички и словенски - европски Македонци?
Koj toa ? Dpmne tvrdese deka site sto ne se za Ljubce se srbokomunjari za da ja prikrie bugrastinata na 15-godisniot vodac. Obvinuvanjata za bugarofilsrtvo od strana na sdsm se pokaza kako tocno so faktot BUGARSKI pasos za ex premierot. Pososci eden ex premier ili vrsitel na ministerska funkcija od sdsm so srpski pasos. Sega stanaa grkomani, a po najnovite senzacionalni otkritija na Miarka i bugarofili. Inventivnost 0(nula)
8. Зошто Бранко ден пред “решавачките“ преговори ја рушеше позицијата на Македонија ?
Kako ?
 
E

emission

Гостин
Туу, веќе го тргнале видеото, не стигнав да го гледам.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Немој бе следбенику на Лука да продаваш наравоученија и чесност.
Посебно не пропратно протежирајќи некои изроди како Бранко.
Ооо Ти премудар апостолу.
Покажи го патот на изгубените души.
Кажи им кој е избраниот да................упс.
Па ти веќе го правиш тоа.

Дајте друг неутрален посматрач :)
Неуморно се лажете дека бедата во која тонеме ја започнал Груевски и дека тој е виновникот за сите неуспеси на минатите Влади.
Сите си сносат одговорност, но тоа не е поентата која се надѕира срамежливо.
Додуше малку во подзавиткана форма.....но мора да признам успешно.
Поентата дава јасно до знаење дека постојат спреги на интереси, надворешно внатрешни за заеднички цели.
Во кои секогаш Гвујо е доброто момче.
Значи престанете да се однесувате арогантно партиски, бидејќи не знаете чиви интереси всушност браните.
И бидете Македонија. Обединете се околу....?
И јас на твое место не би се потсмевал на “конспиративноста“ така наивно, бидејќи постојат два начини да бидеш ебан, самиот да си ги слечеш гаќите..или да ти ги слечат сосила и да те преебат.
Зависи која опција за тебе е побезболна во случајов.
Зборуваш за искуството со Љубчо....или ?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Бакојани прошлата недела изјави дека ветото било спремно година дена пред Букурешт.
И добро е што ни удрија вето.
Тек сега се освестуваме која е правата агенда на преговорите и што се сака со истите да се постигне.

Ние сме уникатен пример во светот каде народ дозволил да се разговара за неговиот идентитет.
Нормално е човек да праша, кој прифатил такво нешто.
Или некои прашања не заслижуваат одговор ?

А Груевски да му ги анализираме активностите.

1. Референдум за било кој предлог, народот нека одлучи.
2. Активирање на македонското прашање во Беломорска Македонија.
3. Давање Грција на меѓународен суд.

Тоа беа единствените полиња на кои можеше да игра и ги одигра.

И добро изигра.

Извештајот на ООН е одличен за Македонците во Беломорска Македонија.
Упссс, чекај, па и со тој извештај ги провоцитаме.
Да бараме да се повлече ?
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
E така е тоа со тек на време се се дознава:wink: и пак нека го бранат месиа и останати :tapp:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ќе дочекаме ли ден кога опозизијата (која и да е ) нема да се води од девизата: Колку полошо за државата толку подобро за мене!

Исто ќе дочекаме ли ден кога кампањите ќе бидат натпревар на добри идеи а не само оцрнување на противникот, најави за пропасти и победа на оној кој има поголема гласачка машина?

Вака како стојат сега работите немам никаков мотив да одам да губам време за да гласам за некого.
Затоа....конобар дај уште една тура.....:vozbud: кој ги ебе и партии и избори:vozbud:
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Ќе дочекаме ли ден кога опозизијата (која и да е ) нема да се води од девизата: Колку полошо за државата толку подобро за мене!

Исто ќе дочекаме ли ден кога кампањите ќе бидат натпревар на добри идеи а не само оцрнување на противникот, најави за пропасти и победа на оној кој има поголема гласачка машина?

Вака како стојат сега работите немам никаков мотив да одам да губам време за да гласам за некого.
Затоа....конобар дај уште една тура.....:vozbud: кој ги ебе и партии и избори:vozbud:
Turi i od mene edna.
Pjevaj...sviraj... :):vozbud:

 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Бакојани прошлата недела изјави дека ветото било спремно година дена пред Букурешт.
Не него Груевски тоа го изјавил и беше експресно демантиран од Бакојани.

И добро е што ни удрија вето.
Како тоа добро што ни удрија вето?Ај образложи што има добро во удреното вето од страна на Грција.Баш ме интересира што ќе шлакниш.

Тек сега се освестуваме која е правата агенда на преговорите и што се сака со истите да се постигне.
Главната цел на преговорите е интегрирање на државата во ЕУ и исполнување на реформите т.е. благосостојба на сите граѓани,Македонци,Срби,Власи,Турци,Роми,Албанци и останати етнички заедници.Него таму во ДПМНЕ ни сте знаеле ни пак ќе знаете кон што целат реформите,не ве бива ни за позиционирање на државата на меѓународната карта не пак за друго.

Ние сме уникатен пример во светот
Се согласувам со тебе,вие т.е. таквите како тебе,ДПМНЕ и Груевски се уникатен и единствен пример како тоа не треба да се бори за националното единство.Суверенитетот,името и јазикот на државата не се брани во Македонија туку надвор од неа!


Или некои прашања не заслижуваат одговор ?
ДПМНЕ е цели 7 години скоро 8години на власт и сеуште не научиле од тие одговорени прашања,не очекувај да научат и во наредните 100 години.Како што рече претходно,уникат се!

А Груевски да му ги анализираме активностите.
Недај боже,која перверзија!

1. Референдум за било кој предлог, народот нека одлучи.
Во ред,ама под услов Груевски да излезе и да го каже својот став и да го повика народот да го поддржи истиот на референдум.

2. Активирање на македонското прашање во Беломорска Македонија.
Исто така и активирање на Македонското прашање во Пиринска Македонија

3. Давање Грција на меѓународен суд.
Јас се согласувам со истото,само да биде по членството во ЕУ и НАТО доколку Грција го има истиот тврд став околу сите прашања што ни го допираат Македонското прашање.

И добро изигра.
Шлаканици и бруки насекаде,кој црн хумор и сатира

Да бараме да се повлече ?
Поради тоа што не сме членка на ЕУ и НАТО и немаме место за преговори најпаметен потег да се повлечи привремено.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ќе дочекаме ли ден кога опозизијата (која и да е ) нема да се води од девизата: Колку полошо за државата толку подобро за мене!

Исто ќе дочекаме ли ден кога кампањите ќе бидат натпревар на добри идеи а не само оцрнување на противникот, најави за пропасти и победа на оној кој има поголема гласачка машина?

Вака како стојат сега работите немам никаков мотив да одам да губам време за да гласам за некого.
Затоа....конобар дај уште една тура.....:vozbud: кој ги ебе и партии и избори:vozbud:
Дефинитивно, најпаметното мислење на Политика и вести во предизбориево.
И, за жал, многу точно!
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Скандал: Таен проект на Бранко Црвенковски Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи

Претседателот на државава, Бранко Црвенковски, уште пред самитот на НАТО во Букурешт обелодени дека се залага Македонија да го промени своето име. Но, забуната произлегуваше од нејасната позиција на неговата партија, која во истиот период го обвинуваше премиерот Никола Груевски за лицемерство зашто тој наводно се согласил да го „продаде“ името, а го криел тој податок. По Букурешт, ставот на Црвенковски и оној на СДСМ ескалираа до таму што доминантно место во дебатата доби македонскиот идентитет. Необјасниво дури, Црвенковски јавно побара некој да му даде гаранции за зачувување на етничкиот идентитет на народот на кој не му се почитува правото на себеидентификација. Но, сите недоумици што произлегуваат од радикалните промени на позициите на овој политичар во врска со македонско-грчкиот проблем, завршија мината недела.

Исак Адижас, професор од САД по менаџмент и организација, минатата недела дојде во Македонија спонзориран од Светозар Јаневски (познат како Свето Пивара) за да одржи предавање на темата „Како да се управува со фирма во кризни периоди“. Но, тоа предавање очигледно било покритие за главната цел на посетата.

Адижас всушност имаше тајна дипломатско-политичка мисија сврзана со името на државата. Овој наш сограѓанин од 2007 година стана медијатор во тајните преговори помеѓу Бранко Црвенковски и Дора Бакојани. Имено, Исак Адижас бил детално информиран од лидерот на СДСМ дека спорот со Грција досега ќе бил завршен ако Никола Груевски го прифател последниот предлог на Нимиц. Предлогот бил „Северна Македонија“, а Груевски го одбил со молчење. Црвенковски експлицитно го прифатил. Тој на професорот по менаџмент и организација му ја елаборирал својата политичка платформа за евроатлантско интегрирање на Македонија, со која гостинот сосема се согласил и дури со одушевување ја прифатил.

Бранков пакет

Пакетот на претседателот на Македонија е следниов: со прифаќањето ново име, државата да доживее уште една нужна уставна трансформација. Црвенковски од унитарна ќе ја трансформира сега веќе бившата Македонија во „Унија на народи“. Во таа нова држава со ново име за севкупна употреба, во наредната и последна фаза, бившите Македонци, откако ќе почнат да ги уживаат благодатите од приемот во НАТО, треба мирно да прифатат свое преименување, кое ќе произлезе од согласноста да го прифатиме грчкиот услов за целосна деноминација. Професорот Адижас, инаку близок пријател на фамилијата на Бакојани, бил информиран од Црвенковски и за тактиката што овој ќе ја примени за да го реализира својот конспириран стратегиски проект. Оваа есен ќе организирал големи, перманентни и сенародни протести поради економската политика на Владата. Според исказот на Адижас, Црвенковски бил уверен дека поради народниот притисок, Груевски ќе биде принуден да поднесе оставка, по што лидерот на СДСМ, нормално, како осведочен државотворец, пак ќе ја спасува Македонија. Убеден дека ова сценарио е остварливо, добро и единствено рационално, Исак Адижас замина за Израел, нормално, преку Атина, за да и ги пренесе на Бакојани добрите вести.

Американскиот експерт за кризен менаџмент во претпријатијата добил уверување дека Црвенковски веќе ги придобил на своја страна интелектуалците и медиумите, па се чека само старт на кампањата за отстранување на тврдоглавиот премиер.

СДСМ е промотор на Ванчо Михајлов

Како што е добро познато, Бранко Црвенковски е посветен европски демократ, кој исклучително држи до западните вредности. Оттаму, по малку збунува фактот дека својата платформа за евроатлантска „Северна Македонија“ што го одушевила професорот Адижас, љубоморно ја чува во приватен сеф, ја држи во длабока илегала дури и од своите поклоници и следбеници. Кога веќе е оценета како добра и перспективна, зарем не беше време проектот на Ванчо Михајлов познат како „Швајцарија на Балканите“ да го претстави и тестира веќе на овие избори, наместо што неговата партија пак излегува на избори со демагогија, а неговиот кандидат за претседател ветува дека „ќе ја спасува мајка Македонија“. Зошто одбегнува да ја промовира оваа политичка платформа, односно програма, како што е ред - на избори? И зошто избира нестандардни, неевропски методи да дојде на власт преку „револуции“ кога може да побара регуларна поддршка од своите сограѓани? Можно е тој сепак да знае дека Македонците никогаш не би прифатиле таков непристоен политички пакет. На избори неговиот план би доживеал второ историско фијаско. Обелоденување на Платформата за трансформација на Македонија во „Унија на народи“, односно, конфедерација на кантони со ново име за севкупна употреба, би ги избришало Македонците како ентитет, радикално би го затворило македонското прашање, а тоа никој нормален не би го прифатил. Згора на сè, „Проектот на Црвенковски“ е само политички римејк на оригиналот на Ванчо Михајлов за преуредување на Македонија во кантонална заедница на народи (нормално, без Македонци), а тој факт не сака да го обелодени, зашто СДСМ декларативно е наследник на некогашната КПМ, која, пак, имаше сосема друга национална програма со која победи во Втората светска војна. Кога би го легитимирал своето вистинско политичко кредо, би ги загубил следбениците што гласаат за СДСМ врз основа на идеолошките предрасуди дека новата ВМРО-ДПМНЕ е наследник на „десното кољачко и предавничко крило на историската ВМРО“ (изјава на Црвенковски на предизборниот митинг во Штип, 1996 година).

Македонците не знаеле кои се

Затоа тој се одлучил за политичка мимикрија, за етапно деноминирање и исчезнување на Македонија. Според професорот Адижас, остварувањето на последната фаза на оваа платформа ќе оди полесно зашто рамковниот договор ефектно го отворил патот до смртта на Македонија. Имено, Македонија е веќе уставно дефинирана како заедница на народи, што е потврдено и практично со територијалната поделба, а Албанците не било тешко да се стимулираат да инсистираат на што поголема независност од централната власт. Од друга страна, „Македонците сè уште не знаат кои се и што се, па многу лесно ќе прифатат нов идентитет, по децении економска беда, а во услови на економска благосостојба што ќе следува со приемот во НАТО“.

Планот „Б“ на Бранко Црвенковски за преземање на власта преку „црна контрареволуција“ по заминувањето на Адижас за Израел веќе е на работната маса на Дора Бакојани. За него, нема сомневање, преку директните средби со Црвенковски (во четири очи) се известени и европските бирократски структури. Врз Македонија деновиве почна да се врши оркестриран економски притисок. Ни стигнуваат гости - економски снајперисти со вести дека ЕУ нема да ги финансира македонските проекти. Овојпат, во пресрет на изборите, не ни курдисуваат часовници, но нè плашат со економска изолација. Како дел од осмислениот проект, и Црвенковски го активира својот економски совет. Владе Милчин, како познат логистичар на проектите на СДСМ и на својот газда Сорос, почна да организира трибини со економска тематика, а „експертите“ како навиени ги елаборираат своите економски теории за црната економска перспектива на државата надвор од ЕУ. Го советуваат Груевски да му се обрати за помош на ММФ, иако источноевропските држави го заобиколуваат во голем круг, чувствувајќи политички поттекст во економските пакети.

Се чека само септември.




Човекот што вели дека Македонците не знаат кои се, сака во МАНУ

Исак Адижас добил ветување од Бранко Црвенковски дека за својот перманентен ангажман во Македонија, за своите консултантски услуги, за кои ние не знаеме ништо, ќе биде награден и со статус на академик. Во МАНУ е во тек постапката за неговиот прием. Предлогот го дало Одделението за општествени науки, раководено од академикот Иван Катарџиев, историчар и член на СДСМ, иако тесната специјалност на Адижас е менаџмент во економијата. Оттука претпоставуваме дека евентуалното членство во МАНУ е мала награда за неговиот политички илегален ангажман.

Професорот Адижас на 13 март 2007 година добил и македонско државјанство. Му го врачил лично премиерот Никола Груевски. Во своето експертско си-ви, Адижас се претставува како советник на премиерот. Од кабинетот на премиерот изјавуваат дека овој човек никогаш не му бил советник на Груевски. Овие податоци, во контекстот на вистинскиот ангажман на Адижас во Македонија, нè тераат да се запрашаме дали воопшто имаме институции што се грижат за безбедноста на државата, што работат тие и дали воопшто имаат капацитет да ја штитат државата и нашите национални интереси. Се чини дека со ваков Уставен суд, МАНУ, ДБК и Агенција за разузнавање, во Македонија е нормално политиката да им е препуштена на „академици“ од рангот на Кољо Дијамантот, Васко Глигоров, Гидеон Сандел и Исак Адижас.




Тајна средба во Охрид, Груевски си заминал

Во организација на шефот на државата, медијаторот Адижас минатото лето имал тајна средба во Охрид со Бранко Црвенковски и Никола Груевски. Тој состанок, на кој е разговарано за серија предлози на гостинот од САД, Груевски експресно го напуштил со зборовите дека „не слушнал ништо ново“. Минатата недела, пак, финансиерот на минитурнејата низ „Западен Балкан“ на експертов за менаџмент, не издејствувал и негова средба со Груевски.

Фрчкоски од Прилеп ја најави Унијата

Ако не влеземе во НАТО и ЕУ, следниот чекор на Албанците во Македонија ќе биде барање за основање кантони. Ова на завчерашниот митинг на СДСМ веќе го најави претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.

Автор: Мирка Велиновска

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=332&ArticleID=19422

Во таа насока и беше новата територијална поделба.

На иста тема:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35730

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35733

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35691

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35728
Bas mi e milo sto ovaa budala ja izbrkaa od Fokus...a uste pomilo sto ojde kaj Minco...i mi polni dzepot mi...
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Овој пристап го почитувавме уште повеќе кога се работеше за текстови објавени од автори со одамна изгубен професионален и човечки кредибилитет.
Човечки кредибилитет?

Човеков на кој во негово време два Претседатели му настрадаа и никој да не понесе одговорност за тоа? За него е муабетот?

Ко о чему, курва о ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom