bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Фрчко, како да е најголем душман во Македонија заговара распад на државава и поттикнува антиуставно делување во Р. Македонија.
Еве што кажа Фрчко на првиот митинг на СДСМ во Прилеп:
„Држење Македонија во изолација во сиромаштија без влез во НАТО на нашите сограѓани Албанци ќе им испостават сметка во Владата. Што ќе прават, тие да не им влезат со тенкови пак во западна Македонија. Тие ќе се издвојат како кантон ако продолжи ова. Тоа е најголемата одговорност и најголемата опасност на која што можат да ја изложат Македонија. Не им е гајле за тоа. Ја туркаат варијантата како да ќе владеат 100 години. Нив ќе им се случи на пролет крах. Ние нема да им дозволиме до пролет, ние на 22 март мораме да им ја скршиме ногата“, изјави Љубомир Фрчкоски, кандидат за претседател на СДСМ.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105218
Па тие Албанци што прават проблеми се новодојдените емигранти, што беа увезени во Македонија и добија државјанства на РМ кога ти Фрчко беше министер за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи ја спроведува политиката на државјанствата, азил и престој на странци т.е. ти. Кој е виновен за тоа, ВМРО ли е виновно за твоите гафови? Што мислеше дека ќе настане со увозот на 250.000 албанци во Македонија, стабилност ли, па тоа е исто како во Германија да се даде државјанство на 15 милиони турци. Или тоа Фрчко беше одработување на агендата на Грција, која предвидува албанизација на Македонија и со тоа пропаст на македонската држава???
Изолацијата на Македонија стана кога ти Фрчко беше во владата на СДСМ, кога ЕУ ни воведе визи.
Сиромаштијата во Р.М. настана за времето на криминалната приватизација и грабализација на државниот капитал, во времето кога ти беше Министер за внатрешни работи и кога ти беше должност истите криминални дејства да ги спречиш и гониш. Македонските фабрики и други претпријатија беа разграбани, работниците оставени на улица, а капиталот на фирмите однесен преку граница. Каде беше ти тогаш Фрчку да се грижиш за сиромаштијата и бедата во Македонија, што настана кога ти беше дел од извршната власт и главен одговорен тоа да го спречиш?! Каков председател ќе бидеш, кога секогаш си потфрлувал кога си бил на власт, секогаш си донесувал погрешни проценки и катастрофални одлуки и решенија по македонската иднина. Не си со конзистентен по однос на едно политичко прашање, туку како дува ветрот, така и твоите “ставови“ се вртат за 360 степени! Нели прво беше името да не се менува според тебе, па двојната формула, па дојде време дека двојната формула била само лага, за сега да бараш се` да направиме што бара Грција?! Па кога еднаш излажа дека си за двојна формула, како ќе ти веруваме дека нема повторно да лажеш?! Човек со тебе не знае на што е, не знае што утре ќе ти текне и кај би не` однел. Од УСА на Русија, од Русија на Иран...
Кој гарантира дека ако го смениме името дека веднаш ќе влеземе во НАТО, кога самата Грција си призна дека одлучила 2007 година да ја држи Македонија вон ЕУ и НАТО. И пак ли е ДПМНЕ виновно што твоите грчки пријатели работат на изолацијата и пропаст на Македонија, што одлучиле дека секогаш ќе ја блокираат Македонија во евроатланските институции?
Што и да направиме, нема да ја задоволиме Грција, се` додека постои држава на север од нив со македонски народ. И сега ти Фрчко работиш да прифатиме се` што бара Грција, а таа бедна ЕУ држава бара македонскиот идентитет со декрет да се избрише и да се забрани на поединците правото на самоопределување, не` навраќате во 18 век, кога грците преку отоманците во 1767 год. со декрет ја укиниаа Охридската Патријаршија. Срам и арам да ти е.