Незнам од кај да почнам .
Ај ќе почнам со политичарите. Ко јајце на јајце се .
Добро , имаат кодекс на облекување кој што им наложува да носат костуми (а искрено сите костуми мене ми личат исти) ама мајко му нека пробаат барем различни кравати да носат. За кондурите нема да коментирам .
Потоа , од актерската сцена повеќето се ексцентрици така да нема да треба да очекувате да бидат според најновата мода и секогаш си изгледаат уникатно и интересно .
Подобро е така да изгледаат отколку како другарите од холивуд кој трошат по милиони на парче за кое жена им рекла дека е убаво.
Потоа пеачите , е овие ми се најинтересни.
Ќе почнам од Некст Тајм . Типците се тотална копија на „стари рокери“ и нивниот изглед помина пред да речеме .. 50 Години??
Потоа Елвир Мекич !
Овој ми е фаворит на модната сцена .
Видете каков беспрекорен стајлинг!
Одлична комбинација на сакото со ЛАКИРАНИ ПАТИКИ ??
Добро , има ли човеков очи или ?? Ај оправдано му е .
Потоа ќе ги прокоментирам и овие што беа на изборот за Евросонг , тие беа кој од кој поНЕдобро облечени.
Онаа во виолетовото незнам како се вика , се опнала во минич и виолетови хеланки и тресе бутови кој бај д веј не се толку пријатни да се гледаат. Изгледаше како да ја облакале тројца : Двајца држеле , третиот ја гурал од горе за да ја собере.
Треба да сватат дека НЕ на секому му прилега мини сукња.
Потоа Калиопи , таа беше како извадена од Блек Метал спот. И фалеше уште Corpse Paint мислам и да пее како Тарја Турунен. Па добро , мајко му , не е на иста сцена со два бесни гитаристи ,тапанар и басист за да се облече така.
И за крај тој фустанот кој и да го имаше облечено (не ме служи најдобро меморијата ) што беше кремаст со црни точки на брадавиците и папокот.. Па побогу , треба да се егзекутира креаторот на тој фустан. Ми се слоши...
Според ова што го имам напишано , може да се каже дека Не , не обрнуваат многу внимание на својот стајлинг .. А богами и Цацито не ја бива па да може да им помогне.