Култура за дебатирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување
Со овој пост покажа дека Сем Вакнин е во право. Значи не е битното тој што е и за што е аналитичар туку важното е тоа што тој е во право. Не мора да е аналитичар за да го има овој став и да го потврдува.
Работата е тоа што културата за дебатирање не е секаде иста, значи има разлика од франзуците до македонците, ни се гледа и по државите и по редот во нив.
:icon_lol: Па намерно го напишав тоа инаку читај ми ги другите постови воопшто не дебатирам како што милува да кажи тој. Добро бе тој таканаречен самонаречен експерт во сите области од животот со самото тоа што кажал нема интелектуална елита со тоа тој веќе не навреди како народ "и се спушти на нашето ниво на дебата". Кај му се него аргументите за тоа? Има разлика меѓу Французите и Македонците, ние сме лулка на цивилизацијата, а тие лулка на вавилонската курва која кај да е ќе се распадни.
 
Во дебата на начитани и интелигентни личности кои навистина знаат што сакаат,културата е задолжително нешто.

Без култура, дебатата е невозможна и може само да има негативни последици во односите на соговорниците.
 
Јас потполно се сложувам со тој типацот.Доста добро ги анализирал македочињава и нивниот начин на дебата,а сталин не е само аргументот тој што треба да се нападне.Ја на пример идам на дебатерски клуб на МОВ и иако сум релативно нов член (месец дена идам)ама доста работи научив и ми го сменија начинот на кој гледав порано на дебатирањето.Да не дожам али во право е типацот...А со тоа постовите:“кој цеф му е на тој“ и тако даље се покажува вистинското светло на Македонците...
 
Сем Вакнин можеби е во право. Нашиов народ нема општа култура, а камо ли култура за дебатирање, тоа е општ заклучок што може да го запримети секој (и тука има исклучоци како и секаде).
Најпрвин треба да си признаеме, па да ја поправиме грешката. А најголема грешка е што не прифаќаме критика.
 
Сем Вакнин можеби е во право. Нашиов народ нема општа култура, а камо ли култура за дебатирање, тоа е општ заклучок што може да го запримети секој (и тука има исклучоци како и секаде).
Најпрвин треба да си признаеме, па да ја поправиме грешката. А најголема грешка е што не прифаќаме критика.

Овде не се сложувам со тебе. Не сме до толку отидени.:)
Но, освен тоа што немаме култура на дебатирање ни недостасува уште една многу важна работа која од неа многу влијае успехот не само на една личност туку и на целото општество. Луѓето во Македонија без труд на истражување и учење во одредени области доваѓаат до заклучок дека се експерти во одредена област и можат да се споредуваат со сите развиени држави во светот, па ја наваѓаат грешката кај други во одредени проблеми. Толку многу се самоуверени и самобендисани што таа замисла им пречи да продолжат да учат во животот нови работи користи за цело општество. Можеби делувам како да ја напаѓам нацијата, но ако самите не си ги согледаме грешките и не ги поправиме нема кој друг. Критиките се тие кои ја даваат мотивацијата, со мал дел на пофалби.
 
Кој идиот е овој Ванкин, ни препишува негативни човечки особини како да се лично наш изум. Па сегде има луѓе што знаат и незнаат да дебатираат, паметни и глупи, убави и грди, а дотичниов секогаш одбира да ги гледа само негативните страни кај нас. Еве ви неколку "дебати" од други делови на Европа:
http://www.youtube.com/watch?v=SiT_pkoO5nI
http://www.youtube.com/watch?v=cD0XZlxKuig&feature=fvst
 
Кој идиот е овој Ванкин, ни препишува негативни човечки особини како да се лично наш изум. Па сегде има луѓе што знаат и незнаат да дебатираат, паметни и глупи, убави и грди, а дотичниов секогаш одбира да ги гледа само негативните страни кај нас.

Си ја погрешил суштината на тоа што сака Ванкин да каже. Тој го анализира македонскиот менталитет, а не поединци во македонскиот народ, како во случајот на видеата кои си ги постирал. Не значи тоа дека ако министри од Чешка(Во случајот во видеото) се степале на состанок дека и народот се тепа на улиците, тоа се поединци, но не се слика на цела нација. Али ако гледаме реално на тезата на Ванкин, точно е тоа што говори за македонскиот народ.
 
Си ја погрешил суштината на тоа што сака Ванкин да каже. Тој го анализира македонскиот менталитет, а не поединци во македонскиот народ, како во случајот на видеата кои си ги постирал. Не значи тоа дека ако министри од Чешка(Во случајот во видеото) се степале на состанок дека и народот се тепа на улиците, тоа се поединци, но не се слика на цела нација. Али ако гледаме реално на тезата на Ванкин, точно е тоа што говори за македонскиот народ.

Всушност физичката пресметка е прилично конструктивен начин на водење дебата... нели? :) Малку радикален муабетов, ама така е. Проблемот кој го посочува Ванкин а со кој јас се сложувам, е дека кај нас не постои дебата, постои некое искривоклчено иссмевање едни со други што е далеку од дискусија. Ние немаме маса за дебатирање и решавање пролеми, туку толпа која мисли дека разговара користејќи маалски речник и финти за да го понижи противникот. Ако двајца се степаат во политиката, тоа значи дека навистина не се согласуваат. Единствен пат кога во македонскиот парламент некој се степа беа двете албански групи, а во владата за малку кога вмровката претседателка донесе некоја налудничава одлука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom