Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
проблемот не е во нерешеите резултати туку во тоа што раниери е задоволен со нерешен резултат, а за составот што го има јуве, мислам дека е најмалку изедначен со оние на милан и интер, па дури и подобар заради клупата што ја имаме и што не зависиме од ниеден играч во толкава мера колку што интер зависи од ибрахимович, а милан од кака и затоа тренер на јувентус не смее да каже дека е задоволен од 1 бод, затоа што со тоа покажува дека неговиот менталитет не се совпаѓа со победничкиот менталитет на јувентус

Juventus Fans TV
http://www.e-televizor.com/channel.php?cid=1537

а добро што сакаш ти јуве да тепа цело време?кога имавме серија од 7-8 утакмици без пораз,и ниедна нерешена супер ви беше,сега една нерешена и одма плукате по Раниери,дај бидете реални малце не може секоја утакмица да тепаме,а што да кажат тие од Интер,кои изгубија од Аталанта,кој тренер им е Мурињо?ако Раниери е за нигде за утакмицава,тогаш што е Мурињо?ја сум смирен пошто ја имаме вистинската игра и вистинскиот пристап на натпреварите
 
Секо на вчерашните награди за Оскари на Калчото изјавил дека нема да продаде никој за 120 милиони..

€120 million? We would not sell anyone for such an amount, as it’s not good for the game, I would not even sell [Alessandro] Del Piero for that amount, or any figure in the world,” he concluded.
„120 милиони? Ние нема да продадеме никој за таква цена, и тоа не е добро за фудбалската игра..Нема да го продадам ниту Дел Пиеро ниту која било друга личност на светот“

И Секо мисли дека толкави енормно високи суми на кеш не му носат ништо убаво на фудбалот..Така да, ако го примени тоа на дело, ќе бидам мирен ако се случи нешто слично за кој и да било играч од Јуве!!
 
а добро што сакаш ти јуве да тепа цело време?кога имавме серија од 7-8 утакмици без пораз,и ниедна нерешена супер ви беше,сега една нерешена и одма плукате по Раниери,дај бидете реални малце не може секоја утакмица да тепаме,а што да кажат тие од Интер,кои изгубија од Аталанта,кој тренер им е Мурињо?ако Раниери е за нигде за утакмицава,тогаш што е Мурињо?ја сум смирен пошто ја имаме вистинската игра и вистинскиот пристап на натпреварите
сакам да тепа јуве цело време, кој не сака ама знам дека тоа не е возможно, и уште еднаш кажувам не е проблем што игравме нерешено, туку што тренерот ни гледа позитивни работи во нерешен резултат против послаб тим, проблем ми преставува неговата изјава, а преку неа и неговиот менталитет
 
Гранде Јуве, а што сакаш да направи?Да им се нафрли со критики на Јувентус?Половина тим ни е во болница, игравме со Ариаудо од Примавера во одбраната, и тоа не е толку слаб противник Лацио со еден Пандев, Зарате во својот состав..
А тоа менталитетот на Раниери, што постојано неколкумина го споменувате е кажано од страна на Мурињо кога се препираа порано со Раниери, и вие упорно го употребувате тоа, па тоа, па тоа...Каков губитнички менталитет, какви глупости, чиста психологија е неговиот пристап со играчите..Едноставно, имавме многу повреди, игравме со Ариаудо во почетниот состав, и тоа...Добар ви беше Раниери кога го тепавме Реал и дома и во гости, кога го тепавме Милан дома, кога успеавме да нанижиме многу успеси со ред, да се зацврстиме на втората позиција, и тоа со половина тим во болница ги оствари сите овие подвизи, а нерешено со Лацио и одма фрлате со дрва и со камења по Раниери...Како го победија Јуве Реал 2пати, Милан? Или тогаш не беше Раниери тренер? Како што кажав, фудбалот е пропратен со нерешени , порази, и она најслаткото победи...
 
dobar strucnjak si e ranieri samo iam edna zamerka do nego:treba malce on da pritisne okolu Diego.da se angazira malce poise kaj Seko da mu vrsi pritisok.inace ovaka u globala e dobar.
 
Гранде Јуве, а што сакаш да направи?Да им се нафрли со критики на Јувентус?Половина тим ни е во болница, игравме со Ариаудо од Примавера во одбраната, и тоа не е толку слаб противник Лацио со еден Пандев, Зарате во својот состав..
А тоа менталитетот на Раниери, што постојано неколкумина го споменувате е кажано од страна на Мурињо кога се препираа порано со Раниери, и вие упорно го употребувате тоа, па тоа, па тоа...Каков губитнички менталитет, какви глупости, чиста психологија е неговиот пристап со играчите..Едноставно, имавме многу повреди, игравме со Ариаудо во почетниот состав, и тоа...Добар ви беше Раниери кога го тепавме Реал и дома и во гости, кога го тепавме Милан дома, кога успеавме да нанижиме многу успеси со ред, да се зацврстиме на втората позиција, и тоа со половина тим во болница ги оствари сите овие подвизи, а нерешено со Лацио и одма фрлате со дрва и со камења по Раниери...Како го победија Јуве Реал 2пати, Милан? Или тогаш не беше Раниери тренер? Како што кажав, фудбалот е пропратен со нерешени , порази, и она најслаткото победи...
слични изјави раниери даде и минатата сезона и тоа 3-4 пати така да мурињо одма отпаѓа од приказнава, и второ токму тоа што со половина тим во болница ги тепавме и реал и милан е доказ дека повредите не се оправдување што не го тепавме лацио, а плус на клупа против лацио имавме оружја што мораше да се искористат многу порано. како и да е, ако освоиме скудето јас највише ќе го величам раниери, и за ова прашање више нема да коментирам зашто се што имав кажав и најважно од се е јуве да победува.
forza juve
 
Па не може секоја утакмица да ја тепаме. Полека малце, спуштете се на земја.смирете ја топката. Не е лесно да го тепаш Лацио во сред Рим на олимпико. И нерешено е добар резултат ако ја видиш формата на Пандев, Зарате, Роки и ако ги споредиш со нашата одбрана. Јас сум задоволен од досега прикажаната игра и резултати. На три бода сме од Интер и на три бода пред Милан.Искрено кога ке ги споредите нашите играчи и играчите на милан и интер ке видите дека сме послаби на секоја позиција. Ова што го направи Раниери со Јуве (до сега) е одлично. Ако продолжи вака ке биде дури неверојатно. Сите анализи пред почетокот на калчото и лигата на шампиони беа спротивни на сегашната ситуација. Само да продолжат вака.
А изјавата на Раниери е само потик да не се откажуваат туку да продолжат со исто темпо. Еден нерешен резултат не е ништо страшно.
:pehar: :pehar: ФОРЗА ЈУВЕНТУС :love3:
 
Бавен е Секо, бавен и пребавен. Арапите можат да го земат Диего сега тој па може да оди, ама да се надеваме дека ке остане или у Вердер или па кај нас нека дојде, ако не иде во Јуве поарно да си остане у Вердер ке се расипа таму и многу поглупо ке е, ах тие пусти пари.

Инаку и Поулсен бил концентриран за да избори место во првите единаесет, а заинтересирани се за Поулсен и Портсмунт имаат поврзано нешто.
Повеќе!
 
слични изјави раниери даде и минатата сезона и тоа 3-4 пати така да мурињо одма отпаѓа од приказнава, и второ токму тоа што со половина тим во болница ги тепавме и реал и милан е доказ дека повредите не се оправдување што не го тепавме лацио, а плус на клупа против лацио имавме оружја што мораше да се искористат многу порано. како и да е, ако освоиме скудето јас највише ќе го величам раниери, и за ова прашање више нема да коментирам зашто се што имав кажав и најважно од се е јуве да победува.
forza juve
Добро луѓе зошто сакате се преку леб погача? Зарем забораваш дека пред една сезона игравме во Сериа Б? Зарем забораваш колку играчи не напуштија? Зарем забораваш колку Јувентус изгуби финансиски? Зарем забораваш дека Шампионски тим не се прави за еден месец? И после се ние моментално на 2 место, пред Милан, кој земи лист и пресметај колку им вредат играчите на хартија, и 3 бода позади Интер, и за него гледај нека има место во хартијата.. Јас реков и пак ќе преречам..Што сака нека изјавува Раниери, негова работа..Јас гледам резултатите на терен, и гледам реална состојба на теренот, распоред на играчи, натпревари и слично, и сум презадоволен и од Раниери и од играчите на терен..Пред месец два Дел Пиеро изјави многу пофални зборови за Раниери, Раниери е тренер кој дојде по совет на Марчело Липи.Тимот го води многу солидно, искрено после враќањето во Сериа А, мислев дека ќе ни требаат добри 3 години (на Милан му беа потребни 5) да се замешаме во борба за Скудетото, но еве веќе во втората сезона сме едни од главните конкуренти, имаме импресивни резултати во ЛШ, и искрено уживам како навивач на Јувентус..

И јас сакам да го гледам Јуве како победува постојано, каде му бега по 10 и кусур бода на вториот на табелата , но сигурен сум дека сме на прав пат да го оствариме тоа во иднина..Зошто тим не се гради за една година тоа е факт.. Едно е да сонуваш, друго е да си реален...
Бавен е Секо, бавен и пребавен. Арапите можат да го земат Диего сега тој па може да оди, ама да се надеваме дека ке остане или у Вердер или па кај нас нека дојде, ако не иде во Јуве поарно да си остане у Вердер ке се расипа таму и многу поглупо ке е, ах тие пусти пари.

Инаку и Поулсен бил концентриран за да избори место во првите единаесет, а заинтересирани се за Поулсен и Портсмунт имаат поврзано нешто.
Повеќе!
Немој да мислиш дека Вердер ако сака да го продаде Диего, дека ќе собере понуда само од Јувентус..Сигурно ќе го понуди и на други тимови, и кој ќе даде најмногу тој победува..Жалосно е , ама вистинито..Не очекувам дека ако Вердер реши да го продава Диего, дека само со Јуве ќе преговара.. И да не се замеша Манчестер Сити (ова искажаново е само шпекулација за поврзаноста на Сити со Диего), ако Јуве понуди некоја конкретна сума, а Вердер се одлучи да го продаде Диего, Вердер гарантирано ќе го стави на трансфер маркетот и кој ќе понуди повеќе тој ќе го купи..Реално е така... И не треба голема филозофија, Секо чинел не чинел..Парите се битни, ако дадат Газдите на Јуве пари ќе го видиме Диего во Јуве, а ако не дадат тогаш не Секо, никој не може да го реализира трансферот!!
 
Ариаудо е среќен со неговото деби во СЕРИА А, и верувал во младите.
повеќеЧ
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4320-93b4-2b53f6a674c7&ln=3&typeBack=default
Нормално да е среќен. Браво за него, го издржа целиот притисок и не направи ниту еден кикс. Да бев јас ке се посерев.Ке ми се фатеа нозете со самата помисла дека играм со Дел Пиеро
 
Настинката на Буфон земала голем замав и ни го кутнала во кревет пола тим. Нистинката се пренела на Манингер, Кименти, Тиаго и Мелберг. Единствена алтернатива меѓу стативите би бил тинејџерот Ноки... Ако остане вака Јувентус за дуелот со Фиорентина ке биде без: Буфон, Манингер, Кименти, Мелберг, Киелини (сеуште не се знае со сигурност), Брацо, Зебина, Књежевич, Јакинта, Трезеге, Каморанези, Тиаго, Сисоко, Молинаро....Тука
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom