Дали вреди да се биде добар?

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да се биде добар вреди ама да се биде глуп не вреди, само често барем на почетокот одат едно со друго во тандем.

Добар да, ама не по секоја цена.
Како одат глупавости добрина у тандем?

интересно е вака да се гледаат туѓите концепции за добрина :)

Dobar da, ama ne naiven.

A vo specijalni slucaevi, nit dobar, nit kulturen, nit naiven, nit ne znam sto... na drzok so dupla doza drskost se vrakja :toe:
И после и на твојата дрскост ќе биде вратено со дрскост...и се така у недоглед, односно дур не се деси некоја катарза.

Акција-реакција. Гневот, омразата, бесот, секогаш се враќаат. И што е поинтересно, оставаат печат и кај оној кој ги дава. Никогаш нема само реципиент у случајов.
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
И после и на твојата дрскост ќе биде вратено со дрскост...и се така у недоглед, односно дур не се деси некоја катарза.
Pa neka ide, koj e bolji tepa, zatoa, dva pati meri ednas seci. :)

Акција-реакција. Гневот, омразата, бесот, секогаш се враќаат. И што е поинтересно, оставаат печат и кај оној кој ги дава. Никогаш нема само реципиент у случајов.
Abe mozebi ostavaat, ama sepak ne kako vo slucaj koga si samo recipient.

Sekako, postoi i opcija Ignore, no so ignore ne sekogas se resava situacijata, a ponekad resavanjeto e nuzno. :toe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Добар?
Толку релативен и небитен поим, тековно добар или константно добар или само добар, универзално ематичен и алтуристично покорен.
Хех, добар бе.

Вреди секако дека вреди, ако нема добри луѓе, нема кој да ги пополни ниските позиции и кој да го создаде стадото. :)
Добар. :icon_lol:
Никој не е добар.
гРРРРешка!!!!

види ги волонтерите во индија африка!!!

тоа се луге така...
патем и јас требаше да одам ко волонтер во израел...ама дома си ги извадив очите..демек не било безбедно...таман се средив пред одење и ОП блокада имаш:tapp::tapp::tapp::tapp: поточно саботажа!!!!!!!!!

добро па не негирам дека има егоисти или пак луге кои уживаат да гледаат страдање и знам такви...но алтруизмот да го негираш НЕ е ко да речеш дека уште сме хомоеректус.

само навистина интересна појава ми е кај одредени типични егоисти-материјалисти забележав селективен однос,имено на другите им прави превари дубари ујдурми...а мене не...само сеуште не ми е јасно дали сметале дека не заслужувам(па имаат срце) или ме мислеле за ист ко нив...

тука се двоумам уште.....јас на еден мој колега му го позајмив мојот HP IPAQ voice mesanger бидејки има можност за C# програмирање а он се префрли од земјоделски на информатика(то у велес)...за потоа да го продаде,или сум бил глуп или не знам ама не беше наивност...туку ЈАС предложив...И ете сега го немам...аххх шо убави апликации имав.....па ми даде нокиа!!!:kesa:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Pa neka ide, koj e bolji tepa, zatoa, dva pati meri ednas seci. :)

Abe mozebi ostavaat, ama sepak ne kako vo slucaj koga si samo recipient.

Sekako, postoi i opcija Ignore, no so ignore ne sekogas se resava situacijata, a ponekad resavanjeto e nuzno. :toe:
Знаеш, убедена сум дека секогаш кога добиваш агресивност, понижување, или што и да е од другите, има нешто во тебе што го привлекува тоа. Значи, имаш и мала одговорност, удел у понашањето за другиот.
А, кога ги возвраќаш, ти ја мултиплицираш негативната ситуација.

Исто, убедена сум дека кога ќе ги увидиш мотивите на другиот реално, онда се помалку осеќаш гнев, бес и понижување. А, тоа е дефакто состојба која дава леснотија. Можноста да разбереш и прифатиш.
И така најмногу се штитиш себе. Пошто, на едно ниво, не ти е гајле.

Оној што сака да ти ја исцица енергијата, преку негативни чувства, реагира на твојата одбрана и се "храни" од неа. Кога го пушташ да се "испуца" со својата фрустрација, он го губи интересот. И или те остава на мира, или чак и се покајува.

Конечно, поконкретно на темава...Добрината не ја сфаќам како беспомошност или наивност или ставање на розеви наочари. Повеќе како сигурност во себе и умеење да го пуштиш другиот да биде она што сака, без да може неговото понашање да те исфрустрира или да ти наметне негативни емоции.
Ипак, ептен точно ми се гледа она, Не им прави на другите, она шо нејќeш да ти го прават на тебе :)
 
Ok ova, no...

Ke banaliziram sega, so konkreten primer..

Mu vrsis nekomu nekoja rabota ( kakva i da bilo.. usluga, mu prodavas nekakva stoka...), mu pustas faktura i cekas da ti plati.
Tipot ni na kraj pamet da ti plati a zgora na toa recimo i se calami, drsko se ponasa so tebe, ne te esapi ni 2%, pa i ti se zakanuva... i, sto ke pravis ti?
Opcijata da mu stegnes tuzba otpaga, oti ke se vleckas po sudovi 10 godini i na kraj i biznis ke ti propadne i se.
Nisto osven da mu vozvratis so ista mera ne ti preostanuva. :toe:
 
Со иста мера во случајов претпоставува...што?
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Не им прави на другите, она шо нејќeш да ти го прават на тебе :)
така!!!!

е сега во војна...јбг...женевските правила велат не пукај зад грб...ама..сите чекаат таква прилика!!!!

Ok ova, no...

Ke banaliziram sega, so konkreten primer..

Mu vrsis nekomu nekoja rabota ( kakva i da bilo.. usluga, mu prodavas nekakva stoka...), mu pustas faktura i cekas da ti plati.
Tipot ni na kraj pamet da ti plati a zgora na toa recimo i se calami, drsko se ponasa so tebe, ne te esapi ni 2%, pa i ti se zakanuva... i, sto ke pravis ti?
Opcijata da mu stegnes tuzba otpaga, oti ke se vleckas po sudovi 10 godini i na kraj i biznis ke ti propadne i se.
Nisto osven da mu vozvratis so ista mera ne ti preostanuva. :toe:
друго е во економскиот живот:toe:

таму егоизмот владее...месарот нема да даде дропче ако не добие пари...од убави очи ништо!!
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.125
Поени од реакции
25.584
Види тоа зависи од она што претпоставуваш под добар.
Ти ваљда мислиш дека ja "кастрира" моќта и те прави отворен за туѓи удари.

Мада, би сакала да знам и како го поткрепуваш тоа?
Што е тоа добар можеме да разговараме до миле воље. Генерално сите имаат смисла во глава што е добар човек а што не. Нормално таа дефиниција осцилира ама има и своја да речам генерално прифатена основа. Исто ко што ќебапите во Дестан се генерално прифатени како добри, (нормално е да се најде и некој тук там што ќе каже дека не се). Ете тоа е добар at least for the sake of this argument.
Луѓето за задоволување на лични цели и интереси по линија на помал отпор секако дека ќе се осврнат кон оние добрите за да ги искористат под а или што е пострашно да ги злоупотребат под. Во Бурекџилница да влезеш со пријатна насмевка и добар тон ќе ти увалат бурек од тој од вчера а камо ли друго. Ако влезеш смрштен и нерасположен, им наметнуваш психологија-дај добро да го услужиме за да немаме проблеми. Колку пати само кружел муабетов-Абе да не мрчи нешто Перо што ние ќе направиме вака и вака. Не бе што се секираш добар е Перо нема да се љути. Ако Перо бил потерсене тие немале ни да помислат да превземат акција што е на потенцијална негова штета. Е сега има луѓе од мајка родени, што знаат да ја ценат твојата добротел ако не со реципроцитет барем со благодарност. Тука е коцката, кој каков е, и дали вреди да се биде добар спрема тој и тој, таа и таа. Со неутрална позиција може нема да добиеш 100% меродавен одговор на горното ама ќе имаш троа почиста слика за како стојат работите и да одговориш на прашањето на темата. Пак ќе кажам не мора да значи дека сигурно нема да промашиш или да се заебеш, ама барем оваа верзија е поразумна, смислена и анализирана одколку од старт да си добар.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Како одат глупавости добрина у тандем?

интересно е вака да се гледаат туѓите концепции за добрина :)
Глупавоста и добрината не би оделе во тандем кога околината така не би ги перцепирала и вулгаризирала.

Добрите луѓе се најчесто и помалку или поповеќе наивни несвесни со кого си имаат работа. Додека да се свестат се многупати изиграни и искористени од поненаивните. Најчесто нечија наивности и добрина од околината се тумачи како глупавост, затоа и реков се вулгаризира нечија искреност и наивност.

Инаку Кварк убаво објасни, има ситуации кога мораш да вратиш и да го браниш тоа што е твое!
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
@Quark

Пошто веројатно не можеш да ја репродуцираш ситуацијата со купување роба и не плаќање, онда нели нема буквално враќање со исто.

Значи, останува да му претиш физички, да го претепаш итд...И пак е дискутабилно дали ќе ги земеш парите назад, а можда ќе те обвини за напад, па и ќе треба и кривично да одговараш. Или, после он физички да возврати...и се така у круг.

Многу енергија потрошено, многу стресови, многу фрустрации...а резултатот ретко носи сатисфакција или посакуван исход.

Што е тоа добар можеме да разговараме до миле воље. Генерално сите имаат смисла во глава што е добар човек а што не. Нормално таа дефиниција осцилира ама има и своја да речам генерално прифатена основа. Исто ко што ќебапите во Дестан се генерално прифатени како добри, (нормално е да се најде и некој тук там што ќе каже дека не се). Ете тоа е добар at least for the sake of this argument.
Луѓето за задоволување на лични цели и интереси по линија на помал отпор секако дека ќе се осврнат кон оние добрите за да ги искористат под а или што е пострашно да ги злоупотребат под. Во Бурекџилница да влезеш со пријатна насмевка и добар тон ќе ти увалат бурек од тој од вчера а камо ли друго. Ако влезеш смрштен и нерасположен, им наметнуваш психологија-дај добро да го услужиме за да немаме проблеми. Колку пати само кружел муабетов-Абе да не мрчи нешто Перо што ние ќе направиме вака и вака. Не бе што се секираш добар е Перо нема да се љути. Ако Перо бил потерсене тие немале ни да помислат да превземат акција што е на потенцијална негова штета. Е сега има луѓе од мајка родени, што знаат да ја ценат твојата добротел ако не со реципроцитет барем со благодарност. Тука е коцката, кој каков е, и дали вреди да се биде добар спрема тој и тој, таа и таа. Со неутрална позиција може нема да добиеш 100% меродавен одговор на горното ама ќе имаш троа почиста слика за како стојат работите и да одговориш на прашањето на темата. Пак ќе кажам не мора да значи дека сигурно нема да промашиш или да се заебеш, ама барем оваа верзија е поразумна, смислена и анализирана одколку од старт да си добар.
Значи, штом си добар, остануваш незаштитен од туѓи заебанции, а агресијата те штити? :)
Ок.
(има и дел кој вика, дека агресијата секогаш и се враќа со агресија и мржња)

За крај, што станува со личното чувство?
Има ли бројни случаи на садисти, тирани, агресивци и сл. кои се весели и среќни?

И искрено, вечерва неам веќе сила за пишување, па се надам дека накнадно ќе се осврнам на твојот пост.
Дотогаш, само ќе кажам дека имав ептен сличен став ко твојот. Можеби и поекстремен.
За да, практично искусам, како не ми користи, на мене самата пред се.
Но, повеќе за ова откако ќе ја исполнам мојата beauty sleep квота :pipi: :icon_lol:
 
Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Хм...зависи за кого искрено.Можеш да си добар само за луѓе кои вредат и кои исто се добри за тебе.Но можеш и да се изгориш од добрина и на крај да бидеш со ку*от во уста :toe: затоа треба порационално да се гледа на работите,да го измеркаш секој дел,секој потег за да одлучиш дали ќе бидеш добар со некој...во принцип јас сум добар со сите но ги чекам на потег па после јас одигрувам потег...јас сум со црни фигури во шахот :zlo:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Точно е тоа дека добриот човек ќе се однесува со разбирање и добрина кон другите и кога е несреќен, само не можеш да ме убедиш дека му е убаво, на никој не може да му биде убаво тоа.

Доколку е точно тоа што го велиш ти, тогаш сите луѓе би живееле како цвеќиња и би биле среќни и задоволни без многу напор во нивниот живот, само што тогаш животот ќе биде права линија и нема да постои мотивот, нема да постои борбата, нема да постојат највредните нешта заради кои нашиот живот добива некаква вредност.
Не е убаво но за жал (или за среќа :)) на добриот човек може да му биде уште потешко ако не се однесува така, ако ги игнорира своите чувства. Како за кого, како кога, во секој случај треба да се биде цврст секогаш, а не попустлив и слаб па да се помага затоа што се нема сила да се каже не, а треба.

Второто, не сум сигурен на што мислиш, што сум рекол, но ако е за попуштањето, како што реков луѓето треба да се дораснати на тоа, а не да се стиска злото па тоа да стане притаено, па еден ден - бум. :)

Најдобар начин да се одмаздиш е да не возвратиш со иста мера
Но тоа е само одмаздување према самото зло, Анкице. А што ќе правиме со сан оф а бич кој ќе се охрабри поради нашата нереакција? :)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Но тоа е само одмаздување према самото зло, Анкице. А што ќе правиме со сан оф а бич кој ќе се охрабри поради нашата нереакција? :)
Ако нашето не-реагирање, не носи прикрен гнев или страв, туку е стварно чин на прифаќање и пуштање, онда зарем мислиш дека би охрабриле?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom