C
Cool Hand Luke
Гостин
Убаво Ада , би додал дека добар човек и кога му е тешко и кога е несреќен се однесува со другите со разбирање и добрина, исто како кога е среќен и исполнет. Може не до толку но сепак се труди. На маката се познаваат јунаците. Оние другите фините и културните само во убави услови веднаш паѓаат на овие тестови.Дефиниција за добар тешко ќе најдеме.
Но, психологијата, а пред се човековото искуство, ни покажале дека штом си задоволен со себе, искрен со себе, тогаш си многу позадоволен и помирен со се околу, односно со животот.
Па, кога навистина поседуваш, цитирам:
тогаш едноставно не ти е важно дали тоа некој го цени или злоупотребува. Тоа го правиш само заради себе, односно повторно за лична статисфакција, леснотија на душата, чиста совест и убаво чувство. Па штом навистина така се осеќаш, тогаш може и цел свет да ти се смее, али едноставно нема да биде важно.
Самите добри чувства се "наградата" која вели дека вреди.
Понатаму, ако ги разгледуваме случаевите на садисти, тирани и сл. слободно може да заклучиме дека тие ниту осеќаат трајна лична сатисфакција, ниту леснотија на душата, ниту убаво чуство. Тие само се трудат истите да ги постигнат, со дела кои, докажано, даваат спротивен конечен резултат.
За крај, убавината на правњето добро (условно кажано) е во тоа што станувајќи добар со себе, стануваш и добар со другите, т.е задоволувајќи се себе, можеш и да ги направиш и другите поздаоволни, без да ги унесреќиш, понижиш или што и да е. Па, добрината за себе, станува добрина за околината...околината, евентуално возвраќа и "добивката" се мултиплицира.
Ментално здравје е посветеност на реалноста и вистината по секоја цена.
Јачината на една душа се мери по нејзината способност да трпи болка. - Мајкл Скот Пек.