Не сум за да го бранам Милан, али со години во Италија имаат најдобра трансфер политика.
За последнава сезона можам да кажам дека Милан беше најјактивен на трансфер пазарот од Италијанските екипи, но за минатите години не се согласувам..Впрочем, лани имаше 3-4 протести на навивачите, исвиркување на Берлускони и на Галијани, па едно време гледавме и потпишување на петиции, за лошата трансфер политика водена од истите, и затоа одделија повеќе пари за трансфери!!
Матонини има италијански пасош, тоа би значело дека мајкаму или таткому имаат потекло од Италија и нормално се италијани. И сигурно тие на големо ке му помогнат со начиниот на живот во Италија.
На што се мисли тоа дека никој незнае како ке се снајде во Италија?
-Прво и основно е храната, која во секоја европска држава е различна. Во Шпанија се јаде риба, во Италија паста итн. А дотолку он има вистински талент, и ја "совлада" исхраната во Италија, нема да има никаков друг проблем, бидејки е млад и може да се навикне на секаков вид фудбалска игра. Башка десен бек не е некоја комплицирана позиција...а тука кога ке се додадат и мислењата на фудбалски стручњаци, поголеми од нас тука, кој не го оспоруваат талентот на младичов, успехот му е речиси загарантиран.
Паметам беше лани или пред минатата сезона, кога Милан исто така зедоа млад талент кој исто беше од Гремио (не се сеќавам на името), и кој беше како загубен на терен, и во време и во простор, при што доби повратен билет за Бразил..Ако беше сигурно дека ќе се снајди, Милан веднаш ќе му понудеше перманентен договор, ама веројатно поучени од екскурзијата што ја напоменав постапија вака...Десен бек е баш компликована позиција, треба да трчаш постојано напред-назад, треба да си добар во одбрана, да накреваш прецизни топки, место кое не е за потценување бидејќи треба да бидеш многу кондиционо спремен за таа позиција!
Уште еднаш ова ми ја потврдува мислата дека Милан води добра трансфер политика. Моментално во Милан неприкосновен на десната позиција е Замброта, кој е во одлична форма, а неговата игра во полн интензитет ке трае уште 2-3години, значи има од кој да учи. А тоа е доста, да не речам премногу време за млад играч да се адаптира во Милан.
Башка незнаев дека е земен на позајмица, тоа уште повеке е поповолно за клубот т.е прво ке го видат како игра на нивни терен, натпревари за резервниот состав или при повреда на замброта во А тимот, па после ке го купат.
Милан никаде не фигурираше како можен купувач на Матиони... За Матиони беше заинтересиран и Челзи, ама играчот после изјавата дека сака да игра за Италија, Челзи се повлече, и остана во игра само Јуве..Тогаш влета Милан од никаде, веројатно понуди повеќе пари од Јуве, а и Бразилците во тимот на Милан веројатно играле битна улога во убедувањето на играчот..Во Јуве Бразилец е само Амаури, а во Милан има повеќе, а и самиот агент на Матиони, уште пред да го ангажира Милан, кажа дека неговиот клиент подобро би се снашол како играч на Милан, и веројатно и тоа играло улога..
Парите се нумеро уно во трансфер политиката... Засега, потрошените пари на Милан за трансфери не му вродија толку голем плод, бидејќи не се на посакуваното место во Сериа А, а во УЕФА влегоа во наредна рунда како третопласирана екипа!
Па ќе видиме во иднина како ќе се одвиваат работите
Киелини веројатно ќе го пропушти мечот против Лацио..