Divider
Seraphim
Ај пробај пак
На Бихаќка не се толку духовити за да го доловат вистинскиот момент на ступидните и скапоплатени владини реклами :helou:
Е не се, ама знаат да платат и тие.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ај пробај пак
На Бихаќка не се толку духовити за да го доловат вистинскиот момент на ступидните и скапоплатени владини реклами :helou:
Вака сега.
Имам еден проблем
Во последните неколку недели, се' нешто како да ми фали...се' нешто како да ме копка.
Имено, откако секнаа владините реклами, мојата самодоверба е преполовена.
Животот ми стана пекол!
Секоја вечер си легнувам во страв и дилема, дали сабајле кога ќе се разбудам, пак ќе бидам Македонија!?
Секое утро се будам со истото прашање ?
Дали верувам во себе? Дали верувам во своите одлуки и верувам во својот народ ?
Страшно ми фалат зборовите: Тргнав да го ослободам светот, а не да ги учам неодлучните што е храброст и одговорност! (реклама Александар ака Грујо)
Се прашувам..? Како ли сега ќе си ја вратам самодовербата која ја стекнав во времето кога владините рекламми беа составен дел од мојот живот ?
Страшно.....ужас!!!
И да е само ова, арно ќе да е.
Агонијата навлезе во сите пори од општествениот живот на граѓаните.
Па дури и во сексуалниот!
Седам така пред некој ден со двајца пријатели на кафе муабет.....
- Како е - го прашувам едниот.
- Шо како е вика. Никако.
- Сексуалниот живот ми е катастрофа.
- Откако нема веќе реклами за трето дете, жена-ми ја изгуби желбата за секс.
- А откако пак разбра дека субвенцијата се разгледува пред уставен....либидито ептен и падна.
- Нема веќе иднина - се жали.
- Абе криза нема за тебе - му велам - Муваш ти нешто и на страна.
- Што мувам бе.
- И швалерката ме откачи откако разбра дека се крчкало некој закон со кој ќе плаќала пенали ако не била мажена до 28, а она на граница... 27.
- Како бе така те откачи - го прашувам изненадено.
- Е така де.
- Ми рече дека повеќе не и требал швалер...туку маж.
- Еее... и јас си имам сличен проблем - се надоврзува вториот пријател.
- Е што проблем па имаш ти ? Немаш жена, немаш швалерка...имаш сериозна врска - зачудено прашува првиот.
- Абе се утепав пари давајќи по кондоми - одговара овој.
- Зашто кондоми ? Па нели сте веќе 4 години заедно - зачудено констатирам.
- Епа сме, ама во последно време нонстоп ми префрла дека абортусот бил убиство, а ние сеуште не сме во брак. Така да стариот добар секс без кондом за мене веќе е минато - нервозно ја вади кутујата цигари од џеб и пали цигара.
- Дечко, овде пушењето е забрането - довикува келнерот од шанкот.
- Како бе забранено ? Па нели...
- Абе ве зезам - не прекинува и се смее.
- Ама после избори ќе видите - пак се смее.
Го привршуваме така кафе-муабетот...излегувам надвор и во најблискиот парк седнувам на една клупа, за да на раат испушам една цигара.
Лево од мене, камуфлиран џандар кој едвај чека да плукнам или фрлам пикавец, па да ми опне една казна од 50 евра.
Спроти мене седат момче и девојка, а јас, помалку воајерски им го прислушкувам муабетот.
- Кажи нешто де - му вели девојчето на момчето.
А овој како од топ почнува:
- Дали знаеш дека со брз бакнеж уста на уста се согоруваат три калории, додека со долготраен и страстен бакнеж може да се истрошат дури 6,5 калории.
- Молам ? Зачудено прашува девојчето.
- Да бе цуцо, не си знаела - задоволно одговара момчето.
- Ти личам ли ја на дебела бе за да согорувам калории...дебилу еден? Револтирано одговара девојчето, станува од клупата и си заминува.
- Ама чекај...јас знам англиски, одам на часови по француски, а компјутерот дома тата мата го правам...Застани!! Знаењето е сила...знаењето е моќ - извикува момчето.
- Да ама треба уште многу многу да учиш - заминувајќи му возвраќа девојчето.
- И...? Каде згрешив сега - Се прашува паметното момче гледајќи во мене.
- Глупавата идеја е само отсуство на добрата.Ништо страшно.
Му одговарам станувајќи од клупата и одејќи накај најблиската корпа за отпадоци за да го фрлам отпушокот од цигарето.
- Пууу ме заеба!! Го слушам гласот на џандарот од позадина.
- Уште половина час имам до крајот на смената а треба уште двајца да казнам, инаку отидоа 15% од платата.
- Иди му викам пред влада или парламент. Таму секој еден кој ќе помине, плука по нив, така да за 15 минути ќе си го исполниш лимитот за цела недела.
- Благодарам Господине...љубезно ми се обраќа џандарот.
- Ако свршам работа во знак на благодарнаост имаш две плукања и едно фрлање пикавец гратис од мене - се насмевнува и шиба накај влада со надеж дека во последен момент ќе спаси околу две-ипоп илјади денари од неговата плата.
А јас, погледнувам во часовникот и брзам накај дома, во надеж дека рекламите се вратени во етер, за да конечно си ја повратам и мојата изгубена самодоверба која исчезна со исчезнувањето на владините кампањи
The End
Настаните и улогите се полуизмислени.
Користени се сегменти од следните владини кампањи и реклами:
- Ти си Македонија
- Трето дете
- Знаењето е моќ
- Стоп за абортусот
- Забрането плукање и фрлање пикавци
Во текстов погоре, се обидов од моја гледна точка на еден пародичен начин да го претставам "ефектот" од владините кампањи и реклами за кои се потроши многу поголема сума на пари од изнесените осум милиони годишно од страна на заводот за ревизија, и околу кои се дигна голема прашина за време на нивното презентирање.
И бидејќи нели Јас сум Македонија а знаењето е моќ, слободно можам да констатирам дека ние всушност и немаме лоша влада, туку имаме недостаток од добра, а рејтингот на власта не паѓа поради нејзината лошата работа, туку поради недостаток на реклами.
Ова е само моја констатација во врска со горенапишаното.
А вашата ?
Дали некому му недостигаат владините реклами ?
Дали некој денес за разлика од пред два месеца се чувствува помалку Македонец ?
Дали за време на кампањата решивте да го проширите семејството со трето дете ?
Дали после престанокот на рекламите се откажавте од проширување на семејството ?
Дали скапо-платените реклами на било кој начин влијаеа врз вас ?
Дали целта ги оправда средствата ?
Тука да напоменам дека по моја лична пресметка базирана врз пазарните цени за продукција и закупен медиумски простор за емитување на истите, севкупните владини кампањи и реклами годишно би чинеле повеќе од 40 а помалку од 50 милиони евра.
И уште само едно прашање:
Дали средствата имаа цел ?
Па не сум знаел дека можат и пари да се земат за вакво тепање време. Благодарам за инфото....а каде тоа треба да се обратам ?Е не се, ама знаат да платат и тие.
Па не сум знаел дека можат и пари да се земат за вакво тепање време. Благодарам за инфото....а каде тоа треба да се обратам ?
Инаку суштината на темава е ефектот од владините реклами за кои секој еден Македонец до сега од својот џеб има одвоено околу 50 евра.
Ме интересира дали има ефект и доколку го има, кој е ефектот ?
Поставив и неколку прашања на почетокот на темава.
Имаше ефект долго време... Бројот на јагниња во стадото растеше од ден на ден... Пастирот секако дека обезбеди лична и партиска корист, а покрај него се офајдија донекаде и медиумите кои што тој ги 'купуваше' на некој начин со тие реклами... Ми текнува на еден политички интернет портал (од одредени причини не сакам да го именувам) кој што беше прилично критички настроен против власта, во ист момент (која коинциденција!?) почна да пишува афирмативно за владата, а почнаа и реклами од неколку министерства да се појавуваат на нивната веб страна!Ме интересира дали има ефект и доколку го има, кој е ефектот ?
а ти очигледно си лоботомиран :uvo:Си созреал за на бајачка.
???????:pos2::pos2::pos2:Биди малку појасна.а ти очигледно си:uvo:лоботомиран
како може реален да созреал за на бајачка кога ги исмева владините реклами ,и тоа на многу духовите начин мора да признаам ме насмеа???????:pos2::pos2::pos2:Биди малку појасна.
како може реален да созреал за на бајачка кога ги исмева владините реклами ,и тоа на многу духовите начин мора да признаам ме насмеа