- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Сопрено финансирањето за Коридор 10
Коментари (2)
27.02.2009 16:40
Шил: Одлуката на Владата предизвика одредени последици
Македонија сега треба да бара други извори на средства за да го гради автопатот „Александар Македонски“.
Ова доаѓа по грчките притисоци во Брисел да се сопре финансирањето на овој коридор поради неговото преименување.
Грчките закани денеска во Скопје ги најави претставник на Европската комисија, не сакајќи да навлегува во политичките моменти на спорот.
„Тоа беше одлука на македонската Влада и таа одлука предизвика одредени последици во однос на финансирањето, одредени средства кои беа предвидени за овој коридор, ќе треба да се најдат други извори“, рече Џонатан Шил
Преговорите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан за воспоставување на транспортна заедница започнаа во јуни минатата година.
Договорот ќе помогне регионот сообраќајно да се интегрира со Европа и да ги усогласи правилата за безбедност, заштита на животната средина и услугите.
Според Европската комисија, нема пречки Македонија да биде дел од овој систем.
Извор:А1