Администрацијата треба да се намали тоа е факт. Потребни се профитабилни вработувања, а не буџетарски. Администрацијата само јади од готовото, не прави пари.
И се знае како се вработува во сите државни фирми кај нас. Дојди ВМРО, избркај ги СДСМ-овците, вработи ВМРО-вци. Дојди СДСМ, избркај ги ВМРО-вците, вработи си СДСМ-овци. Така е последниве 18 години.
Но, мајтапот е, што денес, ВМРО, се испозанесе 200, па вработува без контрола!! И да, тоа е гласачко тело!! Бидејќи нема што друго да им понуди на граѓаните, т.е. не функционира економијата, пред колапс е, ги вработува во администрација, па овие среќни весели, зошто биле вработени ќе гласаат за ВМРО.
Е арно ама, не е тоа со долг век. Оти готовите пари (буџетот) се јадат. И ке јадат, јадат, ќе дојадат. И после? Фабрики (профитабилни) баш и нема, за јавни службеници пари ќе снема и после сите има да се сликаме пред трудот.. не со 35%, ами со 75% невработеност.