- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Ловец за пион. Жртва на квалитет за позиција. И изборите, било парламентарни, претседателски или локални, понекогаш личат на партија шах. Жртвуваш квалитет за подоцна да се извлече некаков ќар. Колку и да се чинат нелогични, некои потези на политичките партии, кои често во залог ги ставаат дури и државните пред теснопартиските интереси, сепак и тоа го прават. Ако ги прашате партиските стратези, за ваквите потези ќе ви речат дека се исплатливи. Тоа го покажаа и досегашните неколку изборни циклуси.
На пример, територијалната реорганизација во 2004 година ги жртвуваше Струга, Кичево, а и Скопје, главен град што стана мешавина од рурални и градски општини од Тетово до Куманово, при што е спречена нормалната изградба на инфраструктурата. Џепчиште мораше да се припои со Тетово за да ја полни општинската каса. Со укинувањето на поголемиот дел од руралните општини замре нивниот развој, како на пример Оризари, Кочанско.
И за овие избори, претседателски и локални, веќе се направени неколку „жртви“. Извесно е дека актуелниот претседател на државата Бранко Црвенковски се враќа на чело на СДСМ по изборите, а тоа си го најави и в.д. претседателот Зоран Заев. За навреме да си го среди дворот, Црвенковски најпрво го лизна Заев, кој заедно со Андреј Петров од поранешниот лидер на социјалдемократите Владо Бучковски беа посочувани како иднината на партијата. Токму со помилувањето на Заев од претседателот Црвенковски, а во врска со случајот „Глобал“, на сегашниот в.д. лидер на СДСМ му се скратени можностите за маневрирање и градење модерна партија. Шансата за користење на статусот на политичка жртва Црвенковски навреме ја пресече правејќи си го Заев вечен должник.
Покрај Заев, Црвенковски ја жртвуваше и целата сегашна екипа на СДСМ, па затоа меѓу сдсмовците сè погласно се зборува како да му се зачува позицијата на Игор Ивановски. Според оваа логика на Црвенковски, жртвувани се и претседателските и локалните избори во периодот на исчекување на повторното враќање на „папата“ на чело на партијата. Тоа значи колку полоши резултати на изборите, толку подобра позиција за старт на Црвенковски. Секое помрднување на СДСМ од сегашната состојба ќе претставува успех. Така, сите ќе бидат убедени дека партијата не може да функционира без Црвенковски.
Вељаноски в.д. претседател
Во оваа низа на жртвувања се надоврзува и претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски. Во тоталното бунило во СДСМ со кого да се спротивстават на машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ, тие се одлучија за Фрчкоски, кој ужива статус на интелектуалец чии колумни предизвикуваат голем интерес. Анкетите покажуваат дека тој нема шанси за победа, така што на големо му ги отвора вратите на еден од противкандидатите на Ѓорѓе Иванов, и Љубе Бошкоски посериозно да се замеша во претседателската трка. Според овие пресметки, членството може да го поддржи Бошкоски во вториот круг од изборите, затоа што се смета дека тој нема да биде послушник на Никола Груевски, а и ќе може да направи внатрешен конфликт, дури и да ја преземе партијата. Втората варијанта е членството на СДСМ да не излезе во вториот круг, бидејќи ќе немаат свој кандидат. Така може да биде доведен во прашање и цензусот за вториот круг за избор на претседател. Тогаш на ред доаѓа варијантата за в.д. претседател, односно претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Ова ќе биде добар аргумент опозицијата да ја нападне власта дека не е способна да организира избори и дека земјата ја води во изолација и надвор од евроатлантските интеграции.
На ваквите лизгања наседна и несудениот претседателски кандидат Срѓан Керим, кого СДСМ, по налог на Црвенковски, го предложи да биде заеднички кандидат на сите партии, со што истовремено и го исклучи од трката. На сличен начин претходно беа наместени и Трифун Костовски и Тито Петковски.
И за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се зборува дека го минирала договорот за Струга да се исфрли заеднички кандидат на македонските партии за градоначалник. Пресметките покажале дека со обединет настап сигурно добиваат градоначалник. Но поради договорот со ДУ И за поддршка на претседателскиот кандидат, а и проблемот во средното училиште „Нико Нестор“, ВМРО-ДПМНЕ се откажа од тој договор. Значи, ВМРО-ДПМНЕ ја жртвуваше Струга за да ги добие претседателските избори, но и сигурна поддршка од ДУИ во Скопје и во Куманово.
Победничките резултати на Груевски од овие избори ќе му овозможат да ја зацврсти позицијата во партијата, но и да има посилна потпора за државната политика што ја води сега, а за која е критикуван од опозицијата. Тој не сака во овој момент ДУИ да ја види како противник.
ДУИ се плаши од Селмани
Од друга страна, ДУИ се согласи да не ја чепка територијалната поделба, односно Кичево да се припои со Зајас и Осломеј во 2012 година. При евентуалната таква распределба на локалните општински територии, доминантно население во Кичевско ќе биде албанското, што значи дека градоначалник ќе биде од редовите на албанските партии. Затоа, пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ги поддржи кандидатите на ДУИ во Струга, Гостивар, Тетово, Куманово и во Чаир. Во пазарот влезе и затворањето на хашките случаи, а прв сигнал за тоа беше овозможувањето на пратеникот Хисен Џемаили да се брани од слобода во врска со случајот „Мавровски работници“.
ДУИ може да го жртвува Тетово за сметка на запирање на налетот на Нова демократија на Имер Селмани. Тоа подразбира да победи кандидатот на ДПА, а во Гостивар да биде поразен Руфи Османи, кој ја има поддршката на Селмани. На овој начин ДУИ си обезбедува надмоќност во албанскиот политички кампус, односно ја елиминира Нова демократија како противник, а на ДПА му дава привидна надеж дека има успех на изборите. Покрај ова, ДУИ на елегантен начин ќе се ослободи од Хазби Лика и ќе го амортизира притисокот на военото крило во ДУИ.
Извор Нова Македонија...
И на крај да резимира...
Црвенковски си го извози Зеав како мало дете, а на реформи во СДСФИРОМ може да заборавиме...
Струга повторно жртва на политичките дилови...
Селмани за многу кратко стана многу јак фактор...
Туку едно ми пага во очи во половина од диловите се спомнува името на стариот мајстор „ПРАВАРА„...
Дефинитивно се враќа на сцената во негов стил...