Навивачите на Јувентус сигурно ги очекуваат подобри денови. Торинскиот клуб му “дува во врат“ на Интер, а на стартот од вториот дел од сезоната ќе биде и засилен со враќањето на неколку стандардни првотимци меѓу кои и еден од најдобрите голмани во светот Џанлуиџи Буфон.
Повредите ги санираа уште Кристијано Занети, Кристијан Поулсен и Хасан Салихамиџиќ, па Јувентус во продолжение од сезоната ќе биде значително посилен. Сепак, најголемото засилување доаѓа на голот, каде по тримесечна пауза се враќа првиот голман Буфон. Неговата замена Алекс Манингер одлично си ја заврши работата, но кога италијанскиот репрезентативец е на голот, сите во тимот имаат поголема самодоверба.
“Надвор од тимот се уште се Тиаго и Давид Трезеге, меѓутоа и нивното враќање на теренот е се поблиску“, изјави тренерот на Јувентус, Клаудио Раниери.