Археолошки истражувања за Гинис - Македонија и се е можно!

Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Ne sum protiv da se kopa i iskopuva, no mislam deka za vreme na svetska kriza bez razlika dali nie ja custvuvame ili ne mora da se raboti pretpazlivo za ako ne daj boze zatropa i kaj nas da ima i da moze da se spravime.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Поради специфичноста на нашата економија, односно независноста на банките и компаниите од странските извори на финансирање, како и фактот дека ко мала земја сме делумно заштитени од свестките финансиски турбуленции, кои дури може и да ни користат (пример, падот на цената на нафатата, што влијае на еден ресурс кој го увезуваме) ние не сме и нема да бидеме директно зафатени од светската економска криза.
Затоа е илузорно да ствараме хистерија и да се споредуваме со САД и сл.

Оттаму, дури и штетно за Македонската кауза е да ги условуваме овие бесценети археолошки ископувања од светската криза, која, ќе повторам, НЕ не дорипа директно.
Со таков став, ние не се разликуваме од одроденото СДСМ и Соросоидите, кои ги користат истиве квази-аргументи.

Чекавме и предолго за ваквите истражувања. Во сфрј, не смеевме, затоа што моравме да ја пееме Хеј Славени...СДСМ као слепо црево на СКЈ продолжи во тој стил...е сега е крајно време историските вистини да излезат на виделина.
Секое одложување само ни штети.

Македончето постојано чека и си ја остава кубурата за не дај боже...Епа, доста е.
 
M

marsovka

Гостин
Поради специфичноста на нашата економија, односно независноста на банките и компаниите од странските извори на финансирање, како и фактот дека ко мала земја сме делумно заштитени од свестките финансиски турбуленции, кои дури може и да ни користат (пример, падот на цената на нафатата, што влијае на еден ресурс кој го увезуваме) ние не сме и нема да бидеме директно зафатени од светската економска криза.
Затоа е илузорно да ствараме хистерија и да се споредуваме со САД и сл.
.
Ти халуцинираш?
Досега беа отпуштени неколку илјади вработени од неколку компании.....
Ада ти читаш весници?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ти халуцинираш?
Досега беа отпуштени неколку илјади вработени од неколку компании.....
Ада ти читаш весници?
Да, сега сум на економски лсд трип. Кои розеви економии ми се мотаат низ глава...
Патем, не читам весници. Измислувам ситуации кога трипам.

Или пак од негде сум дознала дека, повторувам, поради конзервативноста на нашиот економски ситем, како и фактот дека сме делумно отсечени од свесткиот пазар и неговите движења (се балгодарение на олигарсите кои со деценија и нешто не чуваа од страснки инвестиции, односно директни влијанија...и сеа и фала може да им речеме), нема да ја осетиме кризата со ИСТ интенизитет ко останатите.
Значи, НЕМА да останеме имуни, но не се работи за апокалиптично сценарио во нашиот случај.

Тука може да се спомене и фактот дека БДП од последното тримесечие за 2008. беше зголемен за 6,5 % во однос на истиот период лани.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ако има светска рецесија, зарме мислиш дека нас ќе не одмине??

Плус, кризата ќе започне и кај нас да се чувствува некаде по март, април и понатака.

Ада, зошто проектов почнува и се најавува тамам пред избори, а не лани, преклани, пред два месеца или веднаш по изборите??

Зошто токму сега?

П.С. не велам дека е лош, туку како и се ненавремен т.е не за во овој момент.
Ова како стоте игралишта за тенис. Се најавија тамам кога не смее да има кампања??!!! Како на Љубчо игралиштата и крстот.

Во погрешен момент.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Копат нонстоп не е сега само пред изборите, се копа интензивно веќе две години...
И за разлика од другите проекти ова го подржувам 100%...
Мислам дека доволно беше распродавано нашето културно богатство, доста им беше на дивите копачи...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ако има светска рецесија, зарме мислиш дека нас ќе не одмине??

Плус, кризата ќе започне и кај нас да се чувствува некаде по март, април и понатака.
Отом, потом.
Анализите се разни. И не може да се земат ко фактичка сосотојба.
Кога ќе видам, односно кога ќе се случи, ќе ги прифатам ко такви.

Дотогаш, прилично логичен ми се гледа фактот дека сме еден затворен, конзервативен економски ситстем, кој НЕ може да биде засегнат сериозно ко останатите.

Ада, зошто проектов почнува и се најавува тамам пред избори, а не лани, преклани, пред два месеца или веднаш по изборите??

Зошто токму сега?

П.С. не велам дека е лош, туку како и се ненавремен т.е не за во овој момент.
Ова како стоте игралишта за тенис. Се најавија тамам кога не смее да има кампања??!!! Како на Љубчо игралиштата и крстот.

Во погрешен момент.
А што е поважно, мотивот или резултатот?

Фактот дека можеби предизборите е иницијана каписла, или фактот дека откритијата би имале неизмерно значење за Македонија, особено во дадената ситуација со Грција?

Понатаму, да не заборавиме дека се вршат континуирани археолошки истражувања последниве 2 години.

И велиш, не сега...А кога?

Кога ќе станеме силна, богата држава?
За деценија-две?
А, можда ни тад?
Кое време би било соодветно?
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Јас само би прашал некој од вас „противниците на археолошките ископувања“ дали имате отидено во СТОБИ или ХЕРАКЛЕА, особено СТОБИ?

Дали ви е јасно дека СТОБИ е мал РИМ, она што за италија е РИМ од времето на римското царство за БАЛКАНОТ е СТОБИ, локалитетот е ПРЕКРАСЕН но мноогу малце е откриен... кога бев летото се работеше на дооткривање на ФОРУМОТ ... и баш би сакал да продолжи тоа и да се открие ЦЕЛ ГРАД, потрошивме 5 саати таму и ни остана уште многу за гледање... размислете...
 
P

Princ

Гостин
Ада, ко на памет да си ја научила лекцијава :icon_lol:
Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции.
и само тоа го повторуваш...
Отпуштени се многу работници (вечно или привремено) во последниве неколку месеци поради економската криза. Тие не се вработени во јавната администрација, таму ги трупаат само, време на избори, знаеш како е. Читај, имаме многу теми на форумов кои го обработуваат тоа прашање а ако те мрзи не ми смета да ти ги дадам линковите.
20 милиони евра. Со бројки, 20.000.000 евра. Цела Македонија бе Ада ќе ја ископаш со тие пари. Знамиња, еден јарбол 5.000 евра. Споменици, 18 парчиња - 8 милиони евра. Или пак со бројки, 8.000.000 евра. Коњите биле скапи, нешто у тој стил. Тоа се едни ненормално големи суми на пари во денешницава. Факт е дека власта се расфрла со наши, народни пари. Јас данок не плаќам за 5.000 евра јарбол. И не, немојте да ми префрлате албанец, нешто у тој стил. Не фрлам 5.000 евра на јарбол кој всушност чини околу 30.000 денари (500 евра, во евра). Не фрлам 8 милиони евра на споменици кои чинат помалку од милион (споменикот на скендербег кај мавровка чинеше околу 100.000 евра мислам). Значи чисто од економски аспект инвестицииве не се во ред. Хелоу, 20.000.000 евра за копање. Не викам дека не се важни археолошките истражувања, преважни се... АМА НЕ ВРЕДАТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ!
 
delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Да, сега сум на економски лсд трип. Кои розеви економии ми се мотаат низ глава...
Патем, не читам весници. Измислувам ситуации кога трипам.

Или пак од негде сум дознала дека, повторувам, поради конзервативноста на нашиот економски ситем, како и фактот дека сме делумно отсечени од свесткиот пазар и неговите движења (се балгодарение на олигарсите кои со деценија и нешто не чуваа од страснки инвестиции, односно директни влијанија...и сеа и фала може да им речеме), нема да ја осетиме кризата со ИСТ интенизитет ко останатите.
Значи, НЕМА да останеме имуни, но не се работи за апокалиптично сценарио во нашиот случај.

Тука може да се спомене и фактот дека БДП од последното тримесечие за 2008. беше зголемен за 6,5 % во однос на истиот период лани.

[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Намалување на индустриското производство во јануари 2009 година, во однос на истиот месец од претходната година, за 16.7%
[/FONT]
[/FONT]
[/FONT][FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во јануари 2009 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи опаѓање од 3.0%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓањето изнесува 24.9%,а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи пораст од 17.7%.[/FONT][/FONT][/FONT]
[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]

[/FONT]
[/FONT]
[/FONT][FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Стапката на раст на БДП во третото тримесечје од 2008 година, во споредба со истото тримесечје од 2007 година, изнесува 5.5%. Најголем пораст од 10.6% во ова тримесечје е забележан во секторите В, Г и Д (Вадење на руди и камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода)[/FONT][/FONT][/FONT]

Еден посто си утнала на БДП,ама ок еве и тој еден посто да не е ништо...Ај сеа направи проста математика ,ако лани за зголемувањето на БДП кривци били инд. производство и преработувачката индустрија ,тогаш со најновиот извештај од заводот за статистика може да се утврди дека , токму овој период истите тие кои довеле до пораст на БДП лани денес имаат најголеми губитоци што значи дека кризата не не одминува воопшто.

Со парите за куполите и со дел од арх.истражувања ,владата можеше да го помогне инд/производство со низа од пакети ,како што тоа го прават во Европа
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Јас само би прашал некој од вас „противниците на археолошките ископувања“ дали имате отидено во СТОБИ или ХЕРАКЛЕА, особено СТОБИ?

Дали ви е јасно дека СТОБИ е мал РИМ, она што за италија е РИМ од времето на римското царство за БАЛКАНОТ е СТОБИ, локалитетот е ПРЕКРАСЕН но мноогу малце е откриен... кога бев летото се работеше на дооткривање на ФОРУМОТ ... и баш би сакал да продолжи тоа и да се открие ЦЕЛ ГРАД, потрошивме 5 саати таму и ни остана уште многу за гледање... размислете...

Само Амфитеатарот имал капацитет од 7600 луге ...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ада, ко на памет да си ја научила лекцијава :icon_lol:
Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции.
и само тоа го повторуваш...
Отпуштени се многу работници (вечно или привремено) во последниве неколку месеци поради економската криза. Тие не се вработени во јавната администрација, таму ги трупаат само, време на избори, знаеш како е. Читај, имаме многу теми на форумов кои го обработуваат тоа прашање а ако те мрзи не ми смета да ти ги дадам линковите.
20 милиони евра. Со бројки, 20.000.000 евра. Цела Македонија бе Ада ќе ја ископаш со тие пари. Знамиња, еден јарбол 5.000 евра. Споменици, 18 парчиња - 8 милиони евра. Или пак со бројки, 8.000.000 евра. Коњите биле скапи, нешто у тој стил. Тоа се едни ненормално големи суми на пари во денешницава. Факт е дека власта се расфрла со наши, народни пари. Јас данок не плаќам за 5.000 евра јарбол. И не, немојте да ми префрлате албанец, нешто у тој стил. Не фрлам 5.000 евра на јарбол кој всушност чини околу 30.000 денари (500 евра, во евра). Не фрлам 8 милиони евра на споменици кои чинат помалку од милион (споменикот на скендербег кај мавровка чинеше околу 100.000 евра мислам). Значи чисто од економски аспект инвестицииве не се во ред. Хелоу, 20.000.000 евра за копање. Не викам дека не се важни археолошките истражувања, преважни се... АМА НЕ ВРЕДАТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ!

Незнам дали се перат пари и дали тие истражувања толку коштат , само знам дека истражувањара се многу битни за сите нас...
Незнам колку си информиран колку артефакти досега се продадени , на секаде во светот а најмногу на Гејланд...
Инаку Археолошките искупувања се многу сложени и скапи, не е копање (со Багер) како ти шо го опишуваш...
Инаки така да би ја ископал цела Македонија и ја копаат оние во западна Македонија дивите копачи на руда...
Мегутоа овде се копа со лажица а се чисти со четкичка па ти види...
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Отом, потом.
Анализите се разни. И не може да се земат ко фактичка сосотојба.
Кога ќе видам, односно кога ќе се случи, ќе ги прифатам ко такви.

Кое време би било соодветно?
на Италикот - кога ќе не удри јајцето на газот, доцна е.

на Болдот - лани, не сега.

Само Амфитеатарот имал капацитет од 7600 луге ...
И??
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада, ко на памет да си ја научила лекцијава :icon_lol:
Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции. Кризата ќе не надмине. Како мала земја сме заштитени од светските финансиски турбуленции.
и само тоа го повторуваш...
Отпуштени се многу работници (вечно или привремено) во последниве неколку месеци поради економската криза. Тие не се вработени во јавната администрација, таму ги трупаат само, време на избори, знаеш како е. Читај, имаме многу теми на форумов кои го обработуваат тоа прашање а ако те мрзи не ми смета да ти ги дадам линковите.
20 милиони евра. Со бројки, 20.000.000 евра. Цела Македонија бе Ада ќе ја ископаш со тие пари. Знамиња, еден јарбол 5.000 евра. Споменици, 18 парчиња - 8 милиони евра. Или пак со бројки, 8.000.000 евра. Коњите биле скапи, нешто у тој стил. Тоа се едни ненормално големи суми на пари во денешницава. Факт е дека власта се расфрла со наши, народни пари. Јас данок не плаќам за 5.000 евра јарбол. И не, немојте да ми префрлате албанец, нешто у тој стил. Не фрлам 5.000 евра на јарбол кој всушност чини околу 30.000 денари (500 евра, во евра). Не фрлам 8 милиони евра на споменици кои чинат помалку од милион (споменикот на скендербег кај мавровка чинеше околу 100.000 евра мислам). Значи чисто од економски аспект инвестицииве не се во ред. Хелоу, 20.000.000 евра за копање. Не викам дека не се важни археолошките истражувања, преважни се... АМА НЕ ВРЕДАТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ!
Да, тоа е дел од лентата која ја иам голтнато. Не можам да го исклучам repeat :(

Ако веќе правиме анализи, треба да се погледнат годините од осамостојувањето, па навака. Сите, поединечно, па преку синтеза да се дојде до заклучокот. Вакви излоирани податоци не се релевантни, ниту се индиција/директна последица од економската криза.

А, кога веќе збориме за цената на археолошките ископувања...Тука нека се направи соодветна ревизија, колку е торшокот реален или напумпан.
Тоа не го проблематизириав.
Не велам дека мораат да чинат баш 20 милиони. Искрено, благе везе неам, ни орентационо, колку би чинеле.

Она што ми смета е идејата дека воопшто не треба да се случат. Дека не треба ни денар да се потроши за нив. Или да се чекаат поблагопријатни времиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom