17 милиони евра за куполи се фрлени пари, според мене. Македонија одамна требаше да инвестира во создавање на своја сопствена собраниска зграда, за која е предвидена локација во рамките на еден "Републички Центар" наспроти Холидеј Ин кај паркингот и преку Вардар кај црквата.
Баш деновиве привршуваме со работа на еден од последните програми, кој ја обработува токму оваа тематика. Бујрумте извадоци од есеите, ако ве интересира нешто вон класичното партиско препукување:
„ Александар подигал цели градови кои и ден денес го носат неговото име со цел трајно да ја овековечки културолошката мисија која ја ширел од една страна, како можен параван за империјалистичките побуди во неговите походи. Наполеон градел триумфални капии кога требало за да се забележи одредена историска битка. Хитлер го запалил Рајстагот, Сталин правел планови за потполна архитектонска реконструкција на русија. ....Значењето на архитектурата како силен пропаганден монумент секогаш инспирирала одредени акции околу неа кога биле во прашање клучни случувања во општествениот поредок, без разлика дали станувало збор за славење или период на војна, револуција или конституција.
Во Македонија, која безмалку ќе слави “полнолетство” од својата “втора” независност (после конституирањето на Македонската држава на АСНОМ и референдумот во 91-ва година), тажно но сеуште нема нити еден изграден објект кој ќе послужи како вечен симбол на овие значајни денови за модерната македонска држава. Природниот ред овие објекти да се наоѓаат во главниот град на државата несомнено го знаел и познатиот јапонски урбанист Кензо Танге, кој во својата кариера ја имал привилегијата и несреќата да забележи една тажна епизода која подоцна поради познатиот епилог и ја исфрлил од своето резиме, а се вика Урбанистички план на Скопје, изработен непосредно по разурнувањето на градот од катастрофалниот земјотрес во 63-та година на минатиот век.
Токму тој и предвидел локација за подигање на еден “државен центар”, локација на која ќе се изгради еден комплекс на објекти во служба на државната управа. Но иако овие “видовити” способности на Танге извлечени од здравата перцепција на добропознатите историски податоци произлезени од тенденциите на владеачката структура или историскиот период кои треба на одреден начин да влијаат врз народот беа вклучени во неговиот план за новото Скопје, денес, 65 години по Асном и 17 години по референдумот Македонија сеуште не најде прикладно архитектонско решение со кое на еден симболичен начин ќе ја одбележи својата независност и конституирање во независна држава после долгогодишните борби за ослободување.
....
Денешната состојба на ова поле во Македонија е следна: зградата на Собранието на Република Македонија е всушност преадаптиран објект кој имал своја функција во 30-те години на минатиот век како управна палата на тогашната локална управа. После 1944 година во зградата е сместена целокупната понова администрација на Демократска Република Македонија: Претседателот на републиката (прв претседател: Методија Андонов Ченто), Народното собрание, Владата и Уставниот суд.
....
Значи, кога некој објект од вакво значење за една држава не е плански направен за да исполнува конкретна функција која во случајов би била Собрание на Република Македонија (а не управна палата на локална самоуправа) покрај „фаулот“ во непишаните архитектонски правила кога е во прашање симболиката на градбата во епохални размери, забележлива е и неисполнителноста во однос на функционалноста. За формата, како што рековме, темата е сосема друга и обемна, но доволно е само да се спомене дека е зависна од општествените текови и политички организации во времето на градење и историскиот неимарски континуитет на просторот.
“
И, уште една интересна тема, нешто што работев пред година и кусур...
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=19047&highlight=%EF%EE%EB%E8%F2%E8%EA%E0