Јувентус собира 75 милиони евра за Меси
Раководството на Јувентус планира да ја исполни својата голема желба, ангажман на Лионел Меси и за таа цел е подготвено да плати 75 милиони евра. Иницијатор на овој голем план е еден од првите луѓе во клубот Андреа Ањели кому Меси му е омилен фудбалер во светот.
Јувентус уште отсега прави долгорочни планови, па иако трансферот на Меси е возможен, тој сигурно нема да се случи пред 2011 година. Сите во торинскиот клуб сметаат дека 75 милиони евра би биле доволни за трансферот со кој Јуве ќе се обиде да се врати на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Сите тие амбиции се врзани за 2011 година за кога е планирано пуштањето во употреба на новиот стадион чие име би требало да биде продадено на некој супер-богат спонзор, а парите ќе бидат наменети за купување на Меси.
Практиката на Јувентус и во времето на Моџи и сега, е таа што никогаш не се купуваат играчи со таква екстра цена, така да овој трансфер го ставам во жанрот на научна фантастика во режија на
www.goal.com..
Како второ 75 милиони за еден играч? Јас мислам дека подобро е со тие пари да земеме 3-4 квалитетни засилувања, отколку сите да се фрлат на еден играч..Една повреда, и заминаа по капа парите, а и таа ` долгорочна ` стратегија на Јуве..
Долгорочна стратегија на еден тим (барем кога зборуваме за тим од калибарот на Јуве) не се готви врз еден играч како столб, бидејќи од самиот старт таа `стратегија` ќе биде осудена на пропаст од повеќе причини ( повреда, неможност да се пронајде себеси како Тиаго, пад на форма итн )..Не ги оспорувам квалитетите на Лео Меси, непобиен факт е дека е во првите два најдобри фудбалери во моментов, но повеќе сметам дека (нормално, доколку стварно се подготвени да дадат 75Мил.Евра) инвестирањето на тие пари во повеќе играчи, би била подобра опција..
Ете како пример ќе го посочам Момо Сисоко..Сисоко беше купен за 9 милиони, не беше некојси мега трансфер, којзнае што, ама сега во моментов сум убеден дека нема тим на планетава земја кој не би го посакал во својот состав..Не сме толку несериозна екипа да купиме некого за толку пари, а на крај да се испостави дека парите се безпотребно фрлени..