Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.312
Поени од реакции
46.870
Хе хе хе,нашол баш Матераци да кажува кој да бил исклучен а кој не, зошто него не го исклучија кога му пцуеше цела фамилија на Зидан, ај одговори ми сега на тоа, плус никој не е сигурен дали Мело го има испцувано судијата или не, дефинитивно човекот што игра најгруб фудбал на свет и што константно пцуе и судии и се, не е компетентен ама ни збор да каже дали требало Мело да се исклучи или не, да не спомнувам пак колоку пати нему му е прогледано низ прсти :toe:.
Топ. црно-бело .

Значи јас говорам за ситуација која се случува во однос судија - играч, а не за ситуација каде судијата е на еден дел од теренот а Зидан и Матераци на друг и вербално си дошепнуваат нешто, или судијата има superpowers и може се да слушне, и најмал шепот, а и мислам дека Матераци беше казнет поради тоа на 2 меча . :smir:

Матераци говори за ситуација која се случува пред очите на судијата и за ситуација во која судијата наводно го слушнал тоа и не реагирал, а дефакто истото МОРА да се санкционира со жолт картон ( минимум ).
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.765

Затоа што играчите 90 минути се пцујат по теренот ако исклучуваа за тоа секое коло ќе имаше по 6 прекини на натпревари. Мело го пцуеше судијата. Тоа е црвен картон. Зато ми е криво кога некој што разбира како Кик0 се прави на удрен, зошто после се палите вие другите.

А тоа каков играч е Матераци сите знаеме и затоа има добивано црвени картони во кариерата. Но има разлика меѓу тоа да направиш жесток старт над противнички играч и да приговараш на судија, и да пцуеш судија.

Еве примерот што прееска ви го напишав. Види на 5.20 црвениот картон на Росети:

И како мислите сериозно да ве сватиме и да водиме дискусија, кога секогаш кога дискусијата не е во ваша корист, Матераци е крив, Панчев е крив, Дедо Мраз е крив...
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.541
Поени од реакции
7.070
пцуење е едно офсајд е друго!
пцуењето било забележано од судијата а тој не реагирал, ниту реагирале од ФИГЦ што ги проверуваат утакмиците. А за офсајд е дискутабилно дали било или не!
ја досега немам сретнато некаде да се казни играч поради тоа што бил во офсајд ама за пцуење и те како има реакции од надлежните!
и ова го игнорираат затоа што не им оди во прилог!

да оставиме настрана расправии во мај ке правиме муабет, мислам со оние кои нема да плачат и да се жалат на судиите!
Денеска кварезма е стартер најверојатно тоа би му одговарало како роденденски подарок!
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Топ. црно-бело .

Значи јас говорам за ситуација која се случува во однос судија - играч, а не за ситуација каде судијата е на еден дел од теренот а Зидан и Матераци на друг и вербално си дошепнуваат нешто, или судијата има superpowers и може се да слушне, и најмал шепот, а и мислам дека Матераци беше казнет поради тоа на 2 меча . :smir:

Матераци говори за ситуација која се случува пред очите на судијата и за ситуација во која судијата наводно го слушнал тоа и не реагирал, а дефакто истото МОРА да се санкционира со жолт картон ( минимум ).
Друже кога судиите ни поништија чист гол не верувам дека доколку Мело го е рекол тоа немало да биде казнет, директно ќе е летал надвор, барем во тоа сум сигурен по критериумот кој го имаа судиите таа вечер, е сега викаш superpowers, епа ако судијата тогаш бил одалечен ''пола терен'' тогаш матераци е одалечен стотици километри од стадионот па да знае точно што рекол Мело или тој е толку ''интелигентен'' што може да чита од усни :pos2::pos2:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.765
Друже кога судиите ни поништија чист гол не верувам дека доколку Мело го е рекол тоа немало да биде казнет, директно ќе е летал надвор, барем во тоа сум сигурен по критериумот кој го имаа судиите таа вечер, е сега викаш superpowers, епа ако судијата тогаш бил одалечен ''пола терен'' тогаш матераци е одалечен стотици километри од стадионот па да знае точно што рекол Мело или тој е толку ''интелигентен'' што може да чита од усни :pos2::pos2:
А колку км е оддалечен од телевизорот? И како сите ние разбираме кога Златан или Станковиќ ќе му кажат на судијата „Јебем ти матер у...“ а Матераци не разбира што рекол Мело? Многу јасно го разбрал и дирекно го цитираше. И се разбираат пцовките, не се правете на удрени.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Jaс искрено не бев во можност да слушнам што му рекол Мело на судијата. Ако Матераци успеал да слушне секоја чест. Доколку е точно тоа што го кажува Матераци и доколку Мело навистина го опцул судијата тогаш не останува ништо друго, освен дека судијата му прогледал низ прсти поради нечистата совест за поништениот гол на Јакинта. Колку и да се убедуваме пак си стојам на тоа дека голот беше чист. Од друга страна за голот на Милито не кажав ништо се додека не ја прочитав изјавата на Матераци која беше директно насочена против Јуве а и самиот знае дека претходниот ден добија судиска помош. Што се однесува до Јуве, единствено што сакам е да го остават да игра. Не ми треба никаква судиска помош ама од друга страна не сакам ни да бидат оштетувани ниту пак да се збори дека се привилегирани затоа што тоа очигледно не е така.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.312
Поени од реакции
46.870
Друже кога судиите ни поништија чист гол не верувам дека доколку Мело го е рекол тоа немало да биде казнет, директно ќе е летал надвор, барем во тоа сум сигурен по критериумот кој го имаа судиите таа вечер, е сега викаш superpowers, епа ако судијата тогаш бил одалечен ''пола терен'' тогаш матераци е одалечен стотици километри од стадионот па да знае точно што рекол Мело или тој е толку ''интелигентен'' што може да чита од усни :pos2::pos2:
Maтераци го гледал натпреварот на телевизија, тоа ти е исто ко некој наш да рече у П.М. на натпревар па секој да го разбере, не треба да си некој инструктор за да сватиш што рекол .

А за критериумот, кој чист гол кога истиот е суште дискутабилен, вие имате агол од линија па да знаете дали е чист, или Трезеге го гледате од косо ПОЗАДИ играч на Џенова .
Дајте агол од линија, па да видиме дали е голот чист, вака сеуште е дискутабилен, освен нормално за вас, фановите на Јувентус .

Сеуште важи оноа, ако е само раката во офсајд, не е, ако е со раката и дел од делото, макар и милиметар, тогаш е, е сега ако од овој агол каде милиметри се во прашање вие гледате чист гол ондак секоја чест .
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.765
Jaс искрено не бев во можност да слушнам што му рекол Мело на судијата. Ако Матераци успеал да слушне секоја чест. Доколку е точно тоа што го кажува Матераци и доколку Мело навистина го опцул судијата тогаш не останува ништо друго, освен дека судијата му прогледал низ прсти поради нечистата совест за поништениот гол на Јакинта. Колку и да се убедуваме пак си стојам на тоа дека голот беше чист. Од друга страна за голот на Милито не кажав ништо се додека не ја прочитав изјавата на Матераци која беше директно насочена против Јуве а и самиот знае дека претходниот ден добија судиска помош. Што се однесува до Јуве, единствено што сакам е да го остават да игра. Не ми треба никаква судиска помош ама од друга страна не сакам ни да бидат оштетувани ниту пак да се збори дека се привилегирани затоа што тоа очигледно не е така.
ДЕФИНИРАЈ СУДИСКА ПОМОШ:

А) Кога судија нема да види офсајд од 50 cm кој се случува во дел од секунда?
Б) Кога судија нема да признае гол кој ниедна камера ни успорена снимка не го потврдува (исто +- 50 cm?)
В) Кога играч пцуе судија а овој не му покажува картон?
Г) Судиска помош е кога нешто ќе се досуди во корист на Интер, Судиска грешка е кога нешто ќе се досуди во корист на Јувентус.
Д) Не разбирам фудбал и не можам да одговорам на горенаведените прашања.
Ѓ) Јас сум навивач на Јувентус и работите ги гледам црно-бело.

Јуве не е ни оштетен ни привилегиран. Сите судиски грешки кои се случија се СУДИСКИ ГРЕШКИ кои се случуваат во сите лиги на сите натпревари, а не СУДИСКА ПОМОШ. Научете ја разликата, аман.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
А колку км е оддалечен од телевизорот? И како сите ние разбираме кога Златан или Станковиќ ќе му кажат на судијата „Јебем ти матер у...“ а Матераци не разбира што рекол Мело? Многу јасно го разбрал и дирекно го цитираше. И се разбираат пцовките, не се правете на удрени.
A кажи ми дали некогаш златан беше санкциониран со жолт картон заради пцовка или пак станкович, колку пати не само во серија А и во другиве првнества се пцуе па ретко кој добива картон, ама сега за да се отргне вниманието поради поништениот гол на Јуве мора некој да се фати за друго нешто, сега Мело е крив, пцуел, морало да биде исклучен, дај ви се молам, многу добра копија на мурињо ќе испадне матераци, во Италија нападот е најдобра одбрана.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.765
A кажи ми дали некогаш златан беше санкциониран со жолт картон заради пцовка или пак станкович, колку пати не само во серија А и во другиве првнества се пцуе па ретко кој добива картон, ама сега за да се отргне вниманието поради поништениот гол на Јуве мора некој да се фати за друго нешто, сега Мело е крив, пцуел, морало да биде исклучен, дај ви се молам, многу добра копија на мурињо ќе испадне матераци, во Италија нападот е најдобра одбрана.
1.Златан и Дејан пцујат на српски, а судијата е Италијанец. Ја сваќаш разликата?

Правилото е јасно: опцуеш судија - папаш црвен. Можеш ти модификации да му правиш колку сакаш.

Имаше еден судија во Германија пред 10-тина години кој ги научил пцовките на 10-тина јазици и им лупаше црвени на Бразилците па после излезе и во весници на насловна. Никој не му приговараше потоа.

Исто така, фудбалерите кои ги спомнав пцујат свртени со грб од судијата, зборувам за ситуации кои ги фатила камера, за да ти доловам дека не треба да си на стадион или да имаш супер-слух за да разбереш.

А Мело го пцуел судијата во фаца. На разбирлив јазик. Судијата бил глув. Никому ништо. Јуве е оштетен. Ко што беше оштетен и со Лацио.
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Maтераци го гледал натпреварот на телевизија, тоа ти е исто ко некој наш да рече у П.М. на натпревар па секој да го разбере, не треба да си некој инструктор за да сватиш што рекол .

А за критериумот, кој чист гол кога истиот е суште дискутабилен, вие имате агол од линија па да знаете дали е чист, или Трезеге го гледате од косо ПОЗАДИ играч на Џенова .
Дајте агол од линија, па да видиме дали е голот чист, вака сеуште е дискутабилен, освен нормално за вас, фановите на Јувентус .

Сеуште важи оноа, ако е само раката во офсајд, не е, ако е со раката и дел од делото, макар и милиметар, тогаш е, е сега ако од овој агол каде милиметри се во прашање вие гледате чист гол ондак секоја чест .
Прочитај весник бе брат, види на тв, види на нет секаде се вели дека на Јуве му е поништен сосема регуларен гол, барем тоа го признај, цело време велиш дајте агол, цел свет вели дека е поништен чист гол само вие негирате (ве разбирам и зошто) барем тоа не ме прашувај веќе, јасно се гледа дека голот е чист, и сега да го оставиме тоа на страна, секој си пишува од своја гледна точка така да нема фајде што се расправаме тука цело време :toe:.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.541
Поени од реакции
7.070
A кажи ми дали некогаш златан беше санкциониран со жолт картон заради пцовка или пак станкович, колку пати не само во серија А и во другиве првнества се пцуе па ретко кој добива картон, ама сега за да се отргне вниманието поради поништениот гол на Јуве мора некој да се фати за друго нешто, сега Мело е крив, пцуел, морало да биде исклучен, дај ви се молам, многу добра копија на мурињо ќе испадне матераци, во Италија нападот е најдобра одбрана.
:pos2::pos2:

секој ден сте се посмешни и посмешни, калчо комеди не ви е рамен!
Ако златан не фаќал картони незнам кој играч фаќал:tapp:
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
1.Златан и Дејан пцујат на српски, а судијата е Италијанец. Ја сваќаш разликата?

Правилото е јасно: опцуеш судија - папаш црвен. Можеш ти модификации да му правиш колку сакаш.

Имаше еден судија во Германија пред 10-тина години кој ги научил пцовките на 10-тина јазици и им лупаше црвени на Бразилците па после излезе и во весници на насловна. Никој не му приговараше потоа.

Исто така, фудбалерите кои ги спомнав пцујат свртени со грб од судијата, зборувам за ситуации кои ги фатила камера, за да ти доловам дека не треба да си на стадион или да имаш супер-слух за да разбереш.

А Мело го пцуел судијата во фаца. На разбирлив јазик. Судијата бил глув. Никому ништо. Јуве е оштетен. Ко што беше оштетен и со Лацио.
Не верувам дека пцуел на Италијански, и во лице да го пцуе и овој мирно да седи, па како судеше цела вечер такво нешто да е рекол ќе е бил директно исклучен и казнет со неколку натпревари неиграње, али да оставиме некој друг да се занимава со овие работи и да одлучи кој е крив а кој прав.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
ДЕФИНИРАЈ СУДИСКА ПОМОШ:

А) Кога судија нема да види офсајд од 50 cm кој се случува во дел од секунда?
Б) Кога судија нема да признае гол кој ниедна камера ни успорена снимка не го потврдува (исто +- 50 cm?)
В) Кога играч пцуе судија а овој не му покажува картон?
Г) Судиска помош е кога нешто ќе се досуди во корист на Интер, Судиска грешка е кога нешто ќе се досуди во корист на Јувентус.
Д) Не разбирам фудбал и не можам да одговорам на горенаведените прашања.
Ѓ) Јас сум навивач на Јувентус и работите ги гледам црно-бело.

Јуве не е ни оштетен ни привилегиран. Сите судиски грешки кои се случија се СУДИСКИ ГРЕШКИ кои се случуваат во сите лиги на сите натпревари, а не СУДИСКА ПОМОШ. Научете ја разликата, аман.
ОК, можеме и така да го наречеме, СУДИСКА ГРЕШКА. Ме чуди само што за (не)исклучувањето на Мело се буни човекот чив тим претходноит ден благодарение на СУДИСКА ГРЕШКА поведе со 2-0 веќе во петтата минута и го откажа од понатамошна борба за бодови и онака играчки послабиот противник. Со други зборови му ги уништи сите мотиви за било каков позитивен резултат. На Наполи би им било тешко да се вратат од 0-2 и со многу послаби екипи од Интер. Значи, победникот беше решен уште во 5тата минута благодарение на СУДИСКА ГРЕШКА. Е сега кога е во прашање Мело, тоа било тенденциозно судење според Матераци. Тој самиот ова не го окарактеризира како судиска грашка или превид. Епа види сега дали јас гледам црно-бело или проблемот е на друга страна. Инаку како што реков, јас воопшто нема да се вознемирувам на судиски грешки во корист на ривалите се додека Јувентус не е засегнат со истите и не се извртуваат работите во стилот, Јувентус е привилегиран, Јувентус мести, итн.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom